Дали сегашните вакцини ќе бидат ефикасни против новиот сој на Ковид 19? - Канал 5

Дали сегашните вакцини ќе бидат ефикасни против новиот сој на Ковид 19?

Германија се подготвува за новиот сој Омикрон, во болниците се уште нема пациенти со овој вирус ниту смртни случаи.

Дали сегашните вакцини ќе бидат ефикасни против новиот сој на Ковид 19?

Во германските болници се уште е висока бројката на хоспитализирани со делта сојот кој е во голем број случаи е смртоносен пред се кај невакцинираните, вели германскиот инфектолог Андреј Трампуж за Канал 5.

„ Но засега се уште не знаеме колку е силна оваа варијанта на вирусот, колку е опасен и дали ќе биде опасен колку делта варијантата помалку или повеќе, тоа ќе видиме во наредните денови. До сега сме немале смртни случаи од овој сој, но мора да го пратиме понатака и ние сме во контакт со нашите колеги во Јужна Африка кои брзо сме реагирале и ни кажаа одма за оваа нова варијанта на вирусот која што има повеќе од 32 мутации и го пратиме. изјава проф.д-р Андреј Трампуж.

Виурсот мутира кога има простор колку е вакцинирањето на ниско ниво толку има поголеми шанси тој да се шрири во нови варијанти и да биде посилен. Новите соеви како делта варијанта се покажа дека се шири и помеѓу вакцинираните, но штити во најголем број од случаите од тешка форма на болест и смрт. За инфектологот Трампуж ново оружје против делта и и омикрон варијанатата ќе биде новата вакцина која за шест недели ќе се знае за нејзинио старт на употреба. Новите соеви не 80 проценти, за да се уништи нивното ширење и можен петти бран ќе треба и 90 проценти од населението да се вакцинира.

„Уште одсега фармацевтските компании работат на нова вакцина и за шест недели може да имаме прототип на нова вакцина која ќе биде многу подобра и од делта и за омикрон варијантата, бидејќи овие вакцини што ги имаме сега се за алфа варијанта кој беше во вториот и третиот бран. На крај ќе биде некоја вакцина што ќе има повеже соеви во неа како кај грипот и да бидат четири различни вакцини која ќе ги покире различните соеви“ изјави проф.д-р Андреј Трампуж.

Германија се подготвува за целосно затворање пред божикните празници, она што ќе биде новина за 2022 година е дека земјата ќе објава задолжителна вакцинација. Во Германија се најавува вакцнација на деца и под 12 годишна возраст.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура .

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура и која спред најавите утре ќе влезе во стечај.

Според одлуката на НБРМ грааните во следниот период ќе можат неделно да подигаа само по 10 ооо денари .За само едноноќие од банката се подигнати околу 2 000 000 евра , соопшти на вонредна прес конференција гувернерот Трајко Славевски.

Одлуката за преземање на банката ја донел Ивршниот одбор на НБРМ и мерката која е веќе на сила е од привремен карактер, за најмалку т месеции е вонредна заради зачувување на имото на банката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ 

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго.

Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака!

Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто.

Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата.

Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен.

Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело.

Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер