Дали се договара реванш на најскапиот боксерски меч во историјата? - Канал 5

Дали се договара реванш на најскапиот боксерски меч во историјата?

Флојд Мејведер и Мани Пакјао би можеле повторно да се борат следната година.

Дали се договара реванш на најскапиот боксерски меч во историјата?

Да потсетиме, тие двајцата во 2015 година одиграа меч кој беше договаран повеќе од пет години. Мејведер по 12 рунди со едногласна одлука го победи филипинскиот боксер.

"Работиме на организирање натпревар помеѓу Флојд и Мани, а потврдата може да дојде во декември. Тоа ќе биде вистински натпревар, а не егзибиција и ќе се одржи следната година. Се сретнав со Пакјао, кој прво не беше заинтересиран. Сепак, работата е во егото, ништо повеќе. На крајот на денот, Флојд е добар човек и борец, и тоа е во негов најдобар интерес. Зошто да не, ајде да го направиме тоа. Флојд немал вистинска борба од Конор Мек Грегор во 2017. Најтешкиот дел беше убедувањето на Мејведер за професионална борба, а не егзибиционистичка.

Но, знае што сакаат луѓето, а тој е забавувач. Свесен е дека има уште три-четири години од кариерата, па се согласи. Се согласи и Пакјао, па сега преговараме за бројките. Натпреварот ќе се одржи во Лас Вегас, во септември или октомври“, изјави Удај Синг, директор на промоциите на Глобал Титани за The Sun.

Мејведер и Пакјао се соочија во 2015 година во „мечот на векот“ вреден повеќе од 500 милиони евра. Повеќе од 4,4 милиони луѓе во САД го купиле преносот, со што беше срушен рекордот. Исто така, соборен е рекордот и во заработка од билети, што изнесувала околу 73 милиони евра, три пати повеќе од претходниот рекорд.

Заработката од телевизискиот пренос била над 400 милиони евра, односно 100 милиони повеќе од хонорарите што ги добивале боксерите и организаторите. Мејведер за борбата добил околу 230 милиони евра, додека Пакјао приближно 130 милиони евра.

Пакјао денеска има 43 години и има учинок од 62 победи, осум порази и две нерешени. Последен пат боксувал во август минатата година. Од друга страна, 45-годишниот Мејведер според BoxRec има 50 победи во исто толку натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)

Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.

Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)

Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот.

Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата.

Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“

Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават.

Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон.

Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент.

„Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој.

Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи.

YouTube video

Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента.

Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај.

Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви.

Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зијадин Села во официјална посета во Австрискиот Парламент

Средба со пратеникот Андреас Минич и градоначалникот на Корнојбург, Кристијан Геп.

Зијадин Села во официјална посета во Австрискиот Парламент

Почестен од гостопримството што ми ја пружи во Австрискиот Парламент, големиот пријател на Албанците, пратеникот на Австриската народна партија (ÖVP), Андреас Минич, член на Националниот совет на Австрија, воедно заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи и член на Собранието на Советот на Европа.

Оваа официјална средба во еден важен ден за албанскиот народ и Албанија ја започнав со нашата благодарност за поддршката што Австрија му ја даде на албанскиот народ и држава во клучни моменти од историјата, а особено за време на државотворноста и Независноста на Албанија. Ја потенцирав важноста од продолжување и продлабочување на соработката и пријателските односи со австриската држава и народ, како еден од главните сојузници во големото европско семејство.

Со г. Андреас Минич разговаравме за предизвиците што ги има Македонија на патот кон ЕУ, како единствена алтернатива и стратешка ориентација на нашиот народ. Го информирав и за случувањата во внатрешната политика, темите од значење што ги засегаат граѓаните воопшто и Албанците особено, во Македонија.

Ме израдува и охрабри безусловната поддршка на пратеникот Минич и на партијата што ја претставува, со која го споделуваме истиот центар-десен ориентација и Владата на Австрија, во нашите аспирации да ја направиме нашата земја и општество демократски, европски и еднакви за сите граѓани и народи.

За време на официјалната посета во Австрија, заедно со мојот колега, пратеникот на Австрискиот парламент Андреас Минич, денес ја посетивме Општината Корнојбург и бевме срдечно пречекани од градоначалникот Кристијан Геп, воедно пратеник на овој дистрикт во Државниот парламент на ландот Niederösterreich.

Разговаравме за тоа како функционираат општините во Австрија и како Европа се чувствува и се доживува во секојдневниот живот, на локално ниво. Личните средби како оваа градат мостови на поврзување, искуства и модели од кои може да има корист нашата земја и регионот.

Ме израдува фактот што албанската дијаспора во оваа земја напредува секој ден сè повеќе, придонесувајќи директно и во важни процеси за заедницата и земјата.

– Зијадин Села, претседател на Албанската Лига

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко?

Шпанците одлучуваат дали да му дадат на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, уште еден мандат или да ја предадат власта на конзервативната опозиција. 

Избори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко?

Шпанија денеска ја одлучува својата политичка иднина избирајќи ги 350-те членови на Парламентот кои ќе го изберат следниот премиер како и 209 сенатори. Меѓу кандидатите за премиер се социјалистот Педро Санчез, Алберто Нуњез Феихо од централно-десничарската Народна партија, Сантијаго Абаскал од крајно-десничарската Вокс и Ада Колау од левичарскиот Широк фронт.

Акутелниот премиер Педро Санчез, повика на голема излезност „за иднината“ на Шпанија, додека неговиот главен противкандидат – Алберто Нуњез Феихо, им порача на граѓаните да гласаат без страв.

„Мислам дека денеска најважно е да се активира учеството на избирачите, тоа што ни е должност на сите политичари и политичарки, јас само можам да изразам благодарност за мобилизацијата која ја видовме во врска со политичкиот проект кој јас го предлагам. Од тука па натаму ќе го чекаме резултатот и волјата на граѓаните.“

„Која и да е одлуката која ќе ја донесете, што ќе ја изберете и која ви се чини подобра за нашата земја, никогаш да не ја донесете од страв, туку да ја направите со сеќавање, со убедување и знаејќи дека тоа што ќе го избереме, е една демократска влада на нашата земја.“

Крајниот десничар Сантијаго Абаскал исто така се надева дека гласањето ќе се одвива без страв, додека Ада Колау гласајќи од Барселона порача дека „жените нема да молчат“ , откако на главната телевизиска дебата меѓу кандидатите Нуњез Феихо и порача да биде тивка.

Според шпанските медиуми, Народната партија би можела да биде победник освојувајќи 31% од гласовите по што возможна е коалиција со крајно-десничарската Вокс која би освоила скоро 18% од гласовите. Доколку се избере десничарска влада тоа би го прекинал осум годишниот циклус на левичарски влади, а доколку крајно-десничарската партија Вокс влезе во владеачка коалиција, тоа би било за прв пат од 1975та година по диктатурата на Франциско Франко. Сепак, иако засега според анкетите се наоѓа на второто место, владејачката Социјалистичко-работничка партија, би можела да влезе во тесно водство.

За време на своето владеење Санчез се соочи со сериозни предизвици како кризата со високи трошоци за живот, ниски плати и прескапи трошоци за домување. Дополнително, тој беше жестоко критикуван за тешката мигрантска криза во енклавите Сеута и Мелила, кои се уште ги трпат последиците од раст на криминалната стапка.

Повеќе од 38,6 милиони гласачи во Шпанија денеска имаат право на глас. Резултатите би требало да бидат објавени доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер