3Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
МакедонијаДали протестите на студентите Албанци можат да разгорат меѓуетнички тензии? Можно ли е протестите на студенти од албанска националност за полагање на правосудниот испит на албански јазик да предизвикаат нови етнички тензии, па дури и дестабилизација на државата? Според првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов таква опасност има, а зад сценариото смета дека стои ДУИ, кои не би запреле дури и во слуачјк да се решеи прашањето за испитот.. „Мислам дека зад протестите стојат опозиционите партии, првенствено ДУИ и целта нивна е да се дестабилизира државата на најопасна основа, а тоа е на меѓуетничко ниво и веројатно да предизвикаат доколку е тоа возможно предвремени парламентарни избори. Ова мислам дека е опасна авантура која ДУИ ја практикува преку поттикнување или организирање на протести на студентите, вклучително да повикуваат и студенти од Тирана и Приштина, сметам декам тоа е крајно опасно и неприфатливо и мислам дека оваа игра која ДУИ ја започна дека може да ескалира. ваквиот начин на дејствување преку протести ќе може да ја искомплицира состојбата во државата и ќе има тешки последици по вкупните состојби во земјава. Утре како што нагалсив некој друг ќе бара нешто и ќе излезе да протестира, а ако така се решаваат проблемите тогаш се движиме кон опасен правец“-– Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз. Дали е можно разгорување на меѓетнички тензии, според аналитичарот Петар Арсовски пак ќе зависи од одговорот на власта на барањето за полагање на правосууден испит и на албански јазик. Според него ситуцијата ќе се користи за собирање политички поени, но смета дека опасност од посериозна ескалација на состојбата засега нема. „Клучно дали ова може да прерасне во меѓуетничка тензија е како ќе одговори валадината колаиција од каде најавија некое пошироко решение но во поширок контекст и како ќе се постави Влен кон овие протести и дали ќе застане цврсто на таа страна и дали тоа може да довде до искри во владината колиција. Веројатноста за некакви повторени етнички инциденти, па дури и спорадични останува многу ниска, пред се заради тоа што Македонија е веќе членка на НАТО, затоа што не е таков контекстот и затоа што политичката сцена има отидено малку подалеку од тој корпус прашања, така што мислам дека најверојатното сценарио е дека ова ќе се задржи на политички и протесни акции, но не верувам дека може да донесе до некаква посериозна ескалација“– Петар Арсовски, политички аналитичар. Од владата по средбата на премеирот Мицкоски со Меџити и Касами пред почетокот на вчерашниот протест, најавија дека активно се работи на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
СветИран се повлекува?Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека Иран го информирал Вашингтон дека нема планови да наметнува такси за премин низ Ормутскиот теснец и дека ќе дозволи нафтата и гасот од Персискиот Залив да течат со иста брзина како и пред конфликтот.Венс нагласи дека САД ќе го судат Техеран според неговите постапки, а не според неговите ветувања. „Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како и пред конфликтот. Тоа е она што Иранците ни кажаа дека ќе го сторат“, рече Венс во интервју за Фокс њуз. Тој рече дека Иран и земјите од Заливот, особено Оман, разговараат за начини за обезбедување безбеден премин низ теснецот, вклучително и отстранување на мини и обврска на Техеран да не отвора оган врз комерцијални бродови. Венс рече дека САД продолжуваат да „ја играат играта до крај“ со Иран и користат дипломатски, економски и воени средства за да постигнат она што го нарече најдобар можен исход за американскиот народ. „Не веруваме, ние проверуваме“, рече Венс. Според него, главниот проблем во Ормутскиот теснец се мините што Иран, како што тврди, ги поставил на почетокот на конфликтот, поради што се работи на воспоставување безбеден систем за навигација. „Иранците страдаат и сакаат ова да заврши“, рече Венс, додавајќи дека се работи на план за безбедно поминување на бродовите низ Ормутскиот теснец, кој би вклучувал обврска Иран да не напаѓа бродови. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаТелефон кој ја менува тастатурата за да одговара на вашите потреби (ФОТО)Американската компанија „Sidephone“ го претстави „SP-01“, телефон кој се издвојува по својот уникатен дизајн: наместо класичниот долен дел, корисниците можат да ја заменат тастатурата за неколку секунди.Идејата на производителот е да им понуди на корисниците уред кој поттикнува поздрав став кон користењето паметни телефони, со помалку одвлекувања на вниманието и фокус на основните функции. Горната половина од предната страна е окупирана од екранот, додека долниот дел е резервиран за заменливи модули. Клиентите можат да изберат од неколку додатоци: • QWERTY тастатури за полесно пишување пораки, • класични нумерички тастатури, • панел со кружни команди инспирирани од „Apple iPod“ уредите, • контролер дизајниран за играње едноставни и ретро видео игри. Според компанијата, замената на модулот трае само една секунда. „Android“ без куп апликации „Sidephone SP-01“ користи платформа базирана на отворената верзија на „Android“, но доаѓа со само девет основни апликации. Меѓу дополнителните апликации што корисниците можат да ги инсталираат се: „WhatsApp“, мапи, календар, белешки, снимач на глас и е-пошта. Наместо класичната продавница за апликации, дополнителни пакети се инсталираат со скенирање „QR“ кодови од официјалната веб-страница на производителот. Телефонот поддржува повици и SMS пораки, а на задната страна има камера од 13 мегапиксели. Стандардно доаѓа со класична тастатура, додека другите модули се купуваат одделно. Производителот нагласува дека целта на уредот е да им понуди на корисниците поедноставно телефонско искуство, со помалку одвлекување на вниманието и можност за прилагодување на телефонот на моменталните потреби - без разлика дали сакаат попродуктивна работа или играње ретро игри. Извор: Б92Тагови: мобилен телефон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ за посетата на Зеленски: Ќе градиме посилни врскиУкраинанскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белград синоќа.На аеродромот „Никола Тесла“ го пречека министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, а потоа српскиот претседател Александар Вучиќ му приреди свечена вечера. Денес, Вучиќ го пречека Зеленски со воени и државни почести пред Палатата на Србија, каде што започнаа разговорите меѓу двете државни делегации. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Пред неговото пристигнување во Белград, Зеленски објави на социјалните мрежи дека очекува важни разговори со Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацута. Тој изјави дека ќе разговараат за економските врски меѓу двете земји, односите со Европската Унија и други области на соработка, како и за безбедносни прашања. Вучиќ: Посетата ќе придонесе за развојот на односите Вучиќ рече дека е среќен што има можност да биде домаќин на украинскиот претседател, кој официјално ја посетува Србија за прв пат. Тој рече дека посетата ќе придонесе за понатамошен развој на односите меѓу Србија и Украина и соработка во области од заеднички интерес. „Уште еднаш, топло го поздравив претседателот на Украина, чие доаѓање во Србија претставува важен чекор во понатамошното зајакнување на политичкиот дијалог и потврдување на заедничката желба за развој на односите меѓу нашите земји врз основа на меѓусебно почитување, отвореност и конкретна соработка. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Ќе ги разгледаме најважните прашања од билатералните односи, можностите за нивно дополнително подобрување, особено во областа на економијата, трговијата и енергетиката, како и европскиот пат на нашите земји и актуелните регионални и глобални прашања. Ќе разговараме и за конкретни форми на соработка во наредниот период. Сигурен сум дека денешните разговори ќе претставуваат нов стимул за односите меѓу Србија и Украина и дека преку сè почести контакти на највисоко ниво и конкретни заеднички проекти, ќе продолжиме да градиме посилни врски меѓу нашите земји и нашите народи“, објави Вучиќ денес на своите социјални мрежи. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Вулин: Посетата е резултат на притисок од ЕУ Во исто време, руските медиуми ја пренесоа изјавата на коалицискиот партнер на Вучиќ и поранешен министер во српската влада, Александар Вулин. Тој тврди дека посетата на Зеленски не е желба на граѓаните на Србија, туку резултат на притисок од Брисел врз Белград. „Посетата на Володимир Зеленски не е ниту желба на граѓаните на Србија, ниту потреба на српското раководство. Посетата е резултат на притисок од Европската Унија и одмазда за тоа што Србија е единствената земја во Киев што не ја потпиша антируската декларација, како што бараше ЕУ“, го цитира Вулин рускиот портал „Спутник“. Вулин се осврна на самитот Украина-Југоисточна Европа во јули во Киев, на кој Вучиќ беше единствениот меѓу присутните лидери што не ја потпиша заедничката декларација со која се осудува руската инвазија на Украина. Вулин против санкциите против Русија и продажбата на муниција на Украина Вулин, познат по своите проруски ставови и честите посети на Москва, смета дека Србија уште еднаш јасно треба да му каже на Киев за време на посетата дека нема да воведува визи за руските граѓани, ниту да стане дел од некоја антируска коалиција или хистерија, и дека нема да воведува санкции против Русија. Тој нагласи дека треба јасно да се стави до знаење дека Србија нема да продаде ниту еден куршум на Украина или на која било друга земја што би можела да продаде српска муниција на „непријателите на нашите руски браќа“. Десничарските партии и националните движења во Србија остро ја критикуваа посетата на Зеленски. Тие ја нарекоа посетата исклучително опасна и тврдат дека таа ги демонстрира двојните стандарди на Брисел кон територијалниот интегритет на Украина и Србија, во контекст на Косово. Тие го обвинуваат Вучиќ дека „работи во корист на Западот“ и дека воената соработка на неговата влада со Украина „директно ја поткопува позицијата на Србија кон Москва“. Група од околу сто јавни личности, претставени како „100 интелектуалци“, се спротивставија на посетата на Зеленски во отворено писмо. Тие рекоа дека неговата посета предизвикува „неизмерна национална штета и се заканува трајно да ги расипе односите со Русија“, која „го брани интегритетот на Србија во Советот за безбедност на ООН“. Во исто време, медиумите симпатизери на Вучиќ известуваат многу претпазливо за посетата на украинскиот претседател. Извор: Индекс.хрТагови: Александар Вучиќ Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16