МакедонијаДали по долги години најави големите партии ќе го прифатат барањето на помалите за една изборна единица?Дали по долги години најави, ветувања и калкулации, големите партии ќе го прифатат барањето на помалите за една изборна единица? На два месеца до истекот на рокот за нов Изборен законик, лидерот на Демократско движење од ВРЕДИ Изет Меџити уверува дека има начелен договор за оваа крупна измена, а останува да се дефинира уште каков би бил изборниот праг. Дали посуштински измени на Изборниот законик ќе бидат усвоени до јуни кој е краен рок според реформската агенда, се уште не се знае, бидејќи работната група формирана од Министерството за правда е на самиот почеток кадешто се разгледуваат препораките на ОБСЕ/ ОДИХР, а потоа и предлозите од независните граѓански иницијативи кои вчера беа на средба со министерот Филков. Додека се преговараат измените на Изборниот законик, партиите од коалицијата Вреди ќе го официјализираат спојувањето во една партија. Копретседатели ќе бидат Меџити и Касами, а првиот конгрес ќе го одржат симболично на Денот на Европа. По транфромацијата на коалицијата Вреди во една партија, според најавите од премиерот Мицкоски, кон крајот на мај или во јуни ќе има и реконструкција во владиниот кабинет, но за тоа кои министри ќе бидат променети се уште само се шпекулира. И Мицкоски и Меџити велат дека анализите се во тек, а одлуките ќе бидат носени подоцна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со темперетура до 36 степени, попладне локална нестабилност Денес времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре претпладне времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на топло и стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 7. јули 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 7. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно. Кариера Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција. Здравје и совет Бидете умерени. Лав 23.7-22.8. Љубов Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома. Здравје и совет Бидете тактични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи. Кариера Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг. Кариера Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Не се срамете за да се изразите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време. Кариера Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите. Здравје и совет Мали главоболки или тага. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас. Кариера Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им. Здравје и совет Заслужувате одмор. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност. Кариера Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе. Кариера Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди. Здравје и совет Не одете преку своите можности. Овен 21.3-20.4. Љубов Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа. Кариера Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму. Здравје и совет Не ги забрзувајте работите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов. Кариера Преговортие течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви исгледа како луѓето околу вас да работат половично. Здравје и совет Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера Сега конешно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор. Здравје и совет Не можете вечно да живеете на стара слава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРисто Никовски и Снежана Калеска Ванчева вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ристо Никовски и Снежана Калеска ВанчеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter