Дали Охрид е на чекор до одлука до статусот „Светско културно наследство во опасност“? - Канал 5

Дали Охрид е на чекор до одлука до статусот „Светско културно наследство во опасност“?

Статусот на Охрид продолжува да „виси“, УНЕСКО испрати нова јасна порака – дека за заштитата на еден од најзначајните културни предели во Европа не е направено доволно.

Дали Охрид е на чекор до одлука до статусот „Светско културно наследство во опасност“?

УНЕСКО во нацрт-извештајот повторно предлага Охридскиот регион да го добие поразителниот статус „ Светско културно наследство во опасност“. Конечната одлука ќе се носи во Пусан, Јужна Кореја на седницата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која треба да се одржи по 19ти јули.

-Пријавени се различни иницијативи за решавање на тековните проблеми, но Центарот за светско наследство и советодавните тела сметаат дека вкупниот напредок во спроведувањето на претходните одлуки и препораки останува ограничен, оставајќи го локалитетот во многу ранлива состојба,- - УНЕСКО – нацрт извештај.

Во Охрид веќе не остана ништо што може да се заштити, треба да се појде само и да се види во што се претвори регионот, велат еко-активистите. Од илегални комплекси во сред Студенчишко Блато, огромни хотели во Рамне, преку 100 платформи и разни конструкции во езерото и уште многу други градби каде не им е место се сликата за регионот, велат тие. Според нив, статусот „културно и природно наследство во опасност“ требало да биде доделен уште пред една декада, кога експертите го вклучиле првиот аларм.

-Требаше пред 10 години, и да се ставеше како наследство во опасност, тогаш кога експертите прв пат препорачаа, можеби сега ќе имаше вредности кои може да се зачуваат, сега меѓу изборот, дали да оди или да не оди, се разбира подобро е да оди во некоја рака. Не знам дали охридскиот регион може веќе да се спаси, затоа што е толку уништен, вредностите се толку уништени. Ниту една централна или локална власт не сме виделе кои што имале најмала интерес да ги заштити вредности, или свест за вредности, така да и да може да се заштити нешто, имам нула надеж дека тоа ќе се случи, дури и да отиде на листа, едноставно мислам дека на никој не му е гајле, на тие што носат одлуки,- - Искра Стојковска – Фронт.

Градоначалникот на Охрид – Кирил Пецаков во телефонски разговор ни посочи дека нема да го коментира нацрт-извештајот, и дека со став ќе излезе откако ќе се донесе конечната одлука од Јужна Кореја.

Пред повеќе од половина година, владина делегација заедно со охридскиот градоначалник беа во Париз за да воспостават посоодветна комуникација со УНЕСКО, со цел, подобро да се решаваат проблемите во кои се наталожени во Охрид.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер