Дали обвинителот Коцевски ќе ја „преживее“ интерпелацијата во Собранието? - Канал 5

Дали обвинителот Коцевски ќе ја „преживее“ интерпелацијата во Собранието?

Се отвора ли повторно патот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски? 

Дали обвинителот Коцевски ќе ја „преживее“ интерпелацијата во Собранието?

Премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска не откри како ќе гласаат пратениците од неговата партија во Собранието во пресрет на утрешната собраниска седница на чиј дневен ред како прва точка е интерпелацијата за работата на државниот обвинител поднесена од Левица, но порача дека „не ги менува ставовите“.

-Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Постапка за разрешување на државниот обвинител Коцевски, Владата почна во февруари годинава а во предлогот стоеше дека неовластено изнесувал информации и податоци за судски предмети, ја повредил тајноста на постапката, непрофесионално го водел ЈО и му наштетил на угледот на Обвинителството и направил крупни професионлани грешки...

Но по трагедијата со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, власта ја запре постапката за разрешување. Тогаш Мицкоски рече дека му дава втора шанса на јавното обвинителство.

-Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа. Но исто така јавноста е чувствителна и на некои случаи од минатото кои ќе треба да видиме, да почекаме, Јавното обвинителство дали има амбиција и тука да констатира некои неправилности од минатото, и дали би можело можеби повторно можеби тие случаи да ги преразгледа па да видиме дали навистина сме сите за правда или таа правда треба да биде селективна,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, е дел од образложението во интерпелацијата во Собрание. Коцевски во одговорот негираше дека истрагата за Кочани била селективна, се постапувало според прибрани докази, отфрли политичко влијание врз работата на обвинителството, а самата интерпелација тврди дека е недозволена согласно закон.

Сепак и во случај оваа интерпелација да биде изгласана, не значи истовремено и разрешување на Коцевски. Постапката е уредена во Законот за Јавно обвинителство која предвидува дека пратениците ќе гласаат за разрешување на државниот обвинител откако ќе добијат предлог од Владата заедно со позитивно или негативно мислење од Советот на јавните обвинители.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава.

Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер.

Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење.

Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Актерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица.

Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи.

Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите.

Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Дали фудбалерите навистина вредат толку многу? 

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот.

Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид.

Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра.

Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл.

Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано.

Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери.

Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона.

Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.

Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи.

Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц.

Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра.

Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид.

Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо.

Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера.

Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери.

На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони.

Трансфери над 100 милиони евра:

1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ)

2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ)

3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул)

4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи)

5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити)

6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид)

7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул)

8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи)

9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона)

10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона)

11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити)

12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи)

13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид)

14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи)

15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус)

16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем)

17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед)

18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона)

19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид)

20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид)

21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер