Вечерва се очекува силен дожд во Париз со невреме. Сводот на катедралата , кој делумно се урна и така е натопен со вода од гаснењето. Архитектите се плашат дека тежината од дополнителната вода би можела да доведе до целосно уривање на сводот на катедралата.
,,Итното поставување заштитибни церади е најголем приоритет.” , вели главниот архитект Филип Вилнев.
Се планира да се постави еден вид огромен чадор , за реконструкцијата да се одвива без проблеми поради променливото време.
Освен вечерва , се предвидуваат силни врнежи од дожд во Париз и за во четврток.