Дали ни претстои нова епидемија на морбили? - Канал 5

Дали ни претстои нова епидемија на морбили?

Македонија е се побилиску до нова епидемија со морбили или ситни сипаници. 

Дали ни претстои нова епидемија на морбили?

Опфатот со 70,7% со МРП вакцината покажува дека епидемијата од 2019 година кога имаше околу илјада заразени и три деца починати поради компликации со морбили е многу веројатна. Според последните информации од страна на здравствените власти најнизок опфат со МРП вакцината е во Куманово. Таму има опфат од само 40 проценти. За да не се појави нова епидемија потребна е имунизација од 95%. Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести вели дека мора да се подобори комуникацијта помеѓу здравствените пунктови за вакцина и родителите. Докторите апелираат дека вакцината не штити 100 отсто ама штити од зараза но штити од тешки форми на болести и смрт.

Националниот координатор за имунизација Александра Грозданова објаснува дека има двојни аршини кон вакцините. Дел од грѓаните кога патуваат на егзотични места каде треба вакцини не прашуваат зошто се потребни а ги земаат? Свесни дека треба да се заштитат. Таа со апел дека вакцините во Македонија ја имаат истата намена заштита, вели Грозданова.

„Вакцините ги спасуваат животите не децата и тоа е научен факт“, изјави Патриција Ди Џовани УНИЦЕФ.

Фондацијата Метаморфозис заедно со УНИЦЕФ направија истражување за лажните вести поврзани со вакцинацијата. Социјалните медиуми се најголемиот извор на лажни вести. Телевизиите и професионалните поратали се први во објавувањето на вистински инфорамции, изјави Бојан Кордалов по специјалист по комуниколгија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода вкупно осум лица во, кај нив при преглед е пронајдена дрога

Лишени од слобода вкупно осум лица во Скопје, Струга и Кичево, кај нив при преглед е пронајдена дрога.

Лишени од слобода вкупно осум лица во, кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Е.Б.(23), С.Б.(26), М.С.(33), Л.Д.(29), Е.М.(37) сите од Скопје и М.С.(18) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.

На 11.07.2026 полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со Н.К.(26) од село Бистренци, демиркаписко, затоа што при преглед од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител.

На 12.07.2026 во 01:00 часот, на ул.„Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е Н.М.(18) од струшкото село Мислодежда кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

На 12.07.2026 во 01:00 часот, кај месноста „Китино кале“ во Кичево, лишен од слобода е И.Ѓ.(48) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа непозната бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснец

Американските сили погодија околу 140 воени цели во Иран во третиот бран напади извршени во текот на оваа недела, соопшти централната команда на САД – ЦЕНТКОМ.

САД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснец

Во нападите биле употребени проектили и оружје лансирано од борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови. Меѓу погодените цели биле позиции за ракети и дронови, поморски капацитети, складишта за муниција, комуникациски мрежи и крајбрежни системи за надзор. Причина за последните напади бил нападот врз товарен брод под кипарско знаме од страна на Иран. Техеран соопшти дека бродот се движел по неодобрена маршрута и дека бил погоден откако не ги почитувал иранските поморски инструкции. Новата размена на оган следи по неуспехот за постигнување финален мировен договор меѓу двете страни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот Јанчев

Денес во Глишиќ свечено беше осветен големиот крст, кој ќе остане како траен симбол на верата и духовноста за жителите на Глишиќ и целиот наш крај.

Во Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот Јанчев

На чинот на осветувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот др Стојанчо Рамов. Овој значаен проект е реализиран благодарение на иницијативата и посветеноста на Месната заедница Глишиќ, со поддршка од Општина Кавадарци, ЈП „Комуналец“, општествено одговорни компании и физички лица кои несебично помогнаа во неговата изградба.

Крстот, висок 15 метри со распон од 10 метри, ќе биде место на молитва, благослов и духовно собирање, сведоштво за силната вера и заедничката желба да оставиме нешто вредно за идните генерации.

„Благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на ова дело. Нека овој свет христијански симбол носи мир, љубов и благослов за сите жители на Глишиќ и Кавадарци.“- објави Јанчев на Фејсбук

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер