Дали несовесните возачи почнаа да го изигруват сејф сити? - Канал 5

Дали несовесните возачи почнаа да го изигруват сејф сити?

Наместо да се научат да возат безбедно, дел од возачите, оние несовесните,  научија само каде се поставени камерите на „Сејф Сити“ – па пред камери се примерни возачи, а кога ќе ги снема од видик, се враќаат и старите навики.

Дали несовесните возачи  почнаа да го изигруват сејф сити?

Наместо да се научат да возат безбедно, дел од возачите, оние несовесните, научија само каде се поставени камерите на „Сејф Сити“ – па пред камери се примерни возачи, а кога ќе ги снема од видик, се враќаат и старите навики и потценувањето на опасноста.

На оваа делница возачите почесто забрзуваат, а забавуваат коа ќе дојдат пред камерите, мислејќи дека го надмудриле „Сејф Сити“ – а всушност се носат себеси и другите во сообраќајот во опасност.

На ваквите појави секојдневно сведочат и граѓаните, кои велат дека сообраќајната култура се чува само за „Сејф Сити“. Очекуваат поставување на камери на повеќе делници, а конечно да се регистрираат и оние кои возат мотоцикли.

Треба уште камери, и тоа и по селата треба не по градови сами, затоа што и по селата возат диво, сите улици треба да бидат со камери, на Сејф Сити, моментално. Има многу неразумни возачи./ Немаме на секое место камери, и тука на нашава улица, Ѓорче Петров, ечат моторите, секоја вечер.

Од МВР за Канал 5 велат дека продолжуваат со имплементација на „Сејф Сити“ низ целата држава, а во меѓувреме посочуваат имаат и засилени полициски контроли за побезбедни да бидат патиштата. Т.н. пресретнувачи веќе се во функција и „ловат“ брзи возачи на автопатите, а во завршна фаза се и специјализираните возила кои ќе ги регистрираат непрописно паркираните.

-Секој прекршок што го загрозува животот и безбедноста на граѓантие ќе биде соодветно санкциониран. Покрај редовните сообраќајни контроли, на терен се ангажирани и специјализирани полициски возила, таканаречени пресретнувачи, кои ги детектираат и санкционират возачите што возат со прекумерна брзина или вршат други опасни прекршоци. Нашата цел не е да казнуваме, туку да спречиме сообраќајни незгоди и да спасиме човечки животи,- - МВР.

Иако повеќето возачи внимаваат на зимските услови, сепак летните месеци статистички се далку поопасни. Подолгите дестинации, намалената концентрација од горештините, опуштеноста и поголемиот метеж на патиштата носат поголем ризик. Затоа и од РСБСП апелираат – почитувајте ги сообраќајните правила, возете одморени и информирајте се за состојбата на патиштата.

-Често апелираме, нема да го измамите системот, и не е важно дали некој ве видел или не, доколку не ги почитувате правилата прописите и пропишаната сообраќајна сигнализација го ризикувате својот живот, дали некој ќе ве види и ќе ве казни или нема да ве казни, тоа е миг, но миг е и дека може за мала работа може да дојде до несакани последици. Затоа велиме сообраќајна култура и јавна свест, вие треба да сте свесни, да знаете и за ваша безбедност, без разлика дали има камери или полициска патрола или нема, ако пишува 50кмч, возете 50 кмч,- Дејан Андоновиќ – РСБСП.

А, дека најголема опасност на нашите патишта не се камерите, туку неодговорното возење покажуваат и статистиките на МВР, односно, од евидентирани 130.000 сообраќајни прекршоци, повеќе од 95% се за пречекорување на дозволената брзина. Воедно, во периодот од Февруари до Јуни годинава, бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за 40%, во однос на лани истиот период.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер