Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
1Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
МакедонијаДали напролет не очекуваат предвремени парламентарни избори?Среде кампањата за локалните повторно се актуализираше прашањето за предверемени парламентарни избори. Откако премеирот Мицкоски пред два дена од бизнис форум во Струмица порача дека не ја исклучува можноста предвреме да се оди на нзбор на нов парламентарен состав, лидерот на СДСМ во гостувањето во „Само интервју“ порача дека партијата е подготвена за какви било избори во секое време. Но, сепак предупредува дека дека уште еден изборен циклус ќе значи и уште една изгубена година за евроинтеграциите на земјава, а во најавите за евентуални предверемени избори препознава стратегија за политички спас на власта, која како што тврди имала се помала поддршка од граѓаните. „Евроинтеграциите се на врвот на приоритетите на нашите граѓани и тие тоа го кажуваат на истражуавњата. Вчера или завчера премерот најави дека можно е да има предвремени парламентарни избори. Тоа значи дека ние сме изгубиле уште една година, ако ја изгубиме и таа година рокот за прием на нови земји членки во пакетот кој ќе следи согласно сите изјави на европските челници е 2029-2030 година. И тоа значи дека ние тој воз нема да го фатиме. Има работи кои се побитни од било кој изборен циклус, а тоа е иднината на земјата“– Венко Филипче, претседател на СДСМ („САМО ИНТЕРВЈУ“ 09.10.2025). Откако претходно во повеќе наврати порачуваше дека „нема логика да се организираат предвремени избори кога владата е стабилна“, премеирот Мицкоски сега вели дека логично би било по убедливата победа која ја очекува на локалните избори, Владата да обезбеди нов четири годишен мандат. Но, одлуката за евентуални предвремени избори како што вели, ќе зависела од државните интереси. -ВМРО-ДПМНЕ е фаворит и коалицијата ќе има силна победа, посилна од таа, барем така зборуваат поголема и од таа во 2021 година, и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме-ние сакаме да ја ставиме државата пред се и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да знаете што можете да очекувате, па дури потоа се обидуваме да го ставиме тој наш политичким интерес. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки“– Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер (08.10.2025). На предвремени парламентарни избори веќе неколку месеци, уште пред стартот на кампањата за локалните повикуваат од опозициската ДУИ, кои во предизборниот наратив претсојните локални избори ги издигнаа на ниво на референдум за европската иднина на земјава. Предвремени парламентарни интегратвците бараат и поради тоа што според нив Владата немала етнички легитимитет. Потпретседателот на ДУИ и кандидат за градоначалник на Чаир Осамни оди и чекор понатаму, тврдејќи дека предвремени избори со сигурност ќе има и дека тие ќе се случат напролет во март или април. „Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека да, ќе има предвремени парламентарни избори некаде во март или април. И ова го кажувам најаргументирано, врз основа на сите разговори и договори што ги има на политичката сцена. Ситуацијата е неодржлива, и затоа веќе и премиерот почна да го спрема теренот. Јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада која ќе го откочи европскиот процес“-Бујар Османи- ДУИ. Прашњето за предвремени парламентарни избори се отвораше неколку пати изминатата година и половина откако е избрана новата Влада, а скоро сите партии се изјаснуваа дека се посготвени да излезат на ново предизборно сочување уште наредниот ден. Сепак дали ќе има предвремени парламентарни напролет, останува незивесно. Тагови: Венко Филипче Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаРадеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на ГостиварИма нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар.Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија. Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал. Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози. Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните. Сѐ уште Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. И повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор. Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи. Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: • Христијан Мицкоски; • Сашо Клековски; • Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал. Прес конференција на Елена Радеска, СДСМТагови: Радеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литарТрговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%. Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм) Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.08.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. РКЕТагови: горивата РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолициските службеници во месец јули констатираа 20976 сообраќајни прекршоциЛишени од слобода 496 лица за безобѕирно управување на возило.Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за возење без возачка дозвола, 25 поради претходно изречена забрана за управување на моторно возило, три за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 13 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, едно лице за возење во забранет правец. Во истиот период одземени се 332 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец јули евидентирани се 4694 прекршоци за неправилно паркирање, како и 430 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 2073 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 1829 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 299 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 125 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 44 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: сообраќајни прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook