Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
1Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
ЖивотДали на просечен маж повеќе му е потребна сопруга или мајка!Стручно лице најпосле го разби митот, објаснува дали на просечен маж повеќе му е потребна сопруга или мајка!Д-р Габор Мате во поткастот кај Јелена Ѓоковиќ открива како се однесувал во бракот. Јелена Ѓоковиќ, глобалната директорка на Фондацијата Новак Ѓоковиќ, своевремено беше домаќин на познатиот канадски лекар и автор, д-р Габор Мате, во специјална епизода од подкастот „Разговори за родителство“. Д-р Мате е познат како еден од водечките експерти во областа на траумите и зависностите, со над триесетгодишно искуство во работа со пациенти кои се соочуваат со ментални и физички предизвици. Тој е автор на неколку книги за емотивното здравје, вклучувајќи ги „Кога телото вели не“ и „Во царството на гладните духови“, во кои постојат истражувања за тоа како траумите од минатото ги обликуваат нашите животи, здравје и односи. Во овој разговор, д-р Мате отворено зборуваше за очекувањата кои општеството, особено мажите, несвесно ги поставуваат пред жените, особено пред сопругите и мајките. View this post on Instagram A post shared by Jadranka Radovanović (@autoimune.bolesti) - Ова ќе биде тешко за мажите да го слушнат, но јас го препознавам ова. Несвесно, сè уште бараме од нашите сопруги да ни бидат мајки. Тоа е делот од мајчинството кои тие никогаш не можат да го исклучат, нели? Повторно ќе зборувам од свое искуство, кога децата ни беа мали. Имавме два сина, пред да се роди нашата ќерка подоцна. Значи, имавме два „сина“, но мојата сопруга тогаш имаше три деца, меѓу кои и јас. Едното имаше една година, другото четири, а третото дете имаше 35. Енергијата што таа ја трошеше за да му биде мајка на „големото дете“, беше одземена од онаа потребна за „малите деца“ - забележува д-р Мате. Тој додаде дека сето тоа ја повредува жената како мајка, бидејќи сето тоа е претерано. - Ги заморува тоа, ги стресува, и затоа добиваат автоимуни болести: хроничен замор, лупус, мултиплекс склероза, колитис, Кронова болест, егземи... Би можел да набројувам во недоглед. Ова е сериозен проблем. Жените носат исцелителска енергија во оваа култура, а мажите тоа го земаат здраво за готово. Треба да биде 50:50. Сепак, на мажите во оваа култура им е многу тешко да признаат дека нешто ги боли, дека се ранливи, туку очекуваат овие потреби автоматски да бидат задоволени. За нив всушност е тешко да ги признаат овие потреби и да ги признаат своите повреди - заклучи тој. Овој емотивен осврт на д-р Мате ја осветлува длабоката динамика што постои во многу бракови, особено кога станува збор за очекувањето емотивна поддршка и грижа. Преку неговите зборови тој посочува како улогата на жената често се проширува до точка на исцрпеност, што може да има сериозни последици по нејзиното здравје. На Инстаграм реакциите не изостанаа. - Еве и еден маж. Не сум таков тип, многу сум ангажиран околу децата, храната, учењето и спортот. Бидејќи навистина не сакам мојата сопруга, мојот избор, мојата љубов и партнерка да биде истрошена и болна во своите 50-ти години. - Докторот заборава дека секој човек е единствен. Никој не е ист и секој се води од сопствените искуства низ животот. Некој учи од прва, а некому му е потребно многу пати да се изгори... Само слабак бара од жената да му биде мајка, а алфа знае дека таа не му е мајка и така и се однесува. - Тој е во право, како и повеќето од вас. Сега клучното прашање е: Кој ги воспитал сите тие мажи така? - Една постара жена кажа нешто многу паметно: „Жени, угледајте се на мажот и користете го троседот што повеќе.“ Тоа е тоа. - Долго време стојам на ставот дека на мажите им е потребна жена многу кратко време од животот, а мајка им е потребна постојано. -Потпишувам, 100%. Имав двајца синови, а во бракот имав три деца, по разводот добив уште две и се прашувам како сум жива денес. Но, жива сум и здрава, и сама сум и многу уморна – се редеа реакциите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаГенерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во КопенхагенНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген.Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови, која се одржува во Копенхаген, Данска. На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, учествуваа началниците на Генералштабовите на сојузничките земји, како и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие. Во фокусот на дискусиите на конференцијата беа актуелните безбедносни предизвици и стратешки прашања од витално значење за Алијансата со посебен акцент на зајакнување на колективното одвраќање и одбрана, имплементација на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара, иновации и технолошки развој во одбраната, како и континуирана поддршка за Украина. За време на состанокот, генералот Лафчиски ја потврди цврстата посветеност на нашата држава кон зајакнувањето на колективната одбрана и зачувувањето на регионалната стабилност. Притоа, тој го истакна непрекинатото учество на нашата Армија во активностите за заштита и одбрана на источното крило на Алијансата, како и посветеноста кон постојано унапредување на оперативната подготвеност преку процесите на модернизација, интензивни обуки и учество на меѓународни вежби. Во рамки на работниот дел од конференцијата беше спроведено и гласање за избор на следен претседавач на Воениот комитет. Воениот комитет се состанува за да дискутира за операциите, мисиите, вежбите, капацитетите и други релевантни теми на НАТО. Како највисок воен орган на НАТО, неговата главна улога е со консензус да му обезбеди на Северноатлантскиот совет воени совети за начинот на кој Алијансата најдобро може да се справи со глобалните безбедносни предизвици. Пред почетокот на активностите, делегацијата на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Кралството Данска, господинот Фадил Зендели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЛицето на Кристина Агилера главна тема на интернет,изгледа „мазно“ и младоликоЛицето на светската музичка ѕвезда, русокосата пејачка Кристина Агилера е главна тема на социјалните мрежи.Атрактивната Кристина блесна на гала-вечер во Монако во креација на „Версаче“, а вниманието го привлече еден детал во нејзината шминка што ѝ го освежи изгледот. Познатата пејачка блескаше на гала настан во Монако, појавувајќи се во елегантна креација на Версаче која го привлече вниманието на присутните. Гала вечерата на Фондацијата на принцот Алберт II од Монако собра бројни познати личности од светот на уметноста и јавниот живот, вклучувајќи ја и американската пејачка. За таа пригода, Агилера избра софистицирана вечерна тоалета која го прегрнуваше нејзиното тело и ја нагласуваше нејзината фигура. Дизајнот ја спојуваше класичната елеганција со модерниот гламур, а длабокиот шлиц и длабокото деколте особено се истакнуваа. Карактеристичен детаљ на деколтето дополнително го надополни монохроматскиот изглед, давајќи му на фустанот впечатлив изглед. Пејачката го надополни својот изглед со волуменозна фризура со крупни локни, додека шминката се потпираше на неутрални тонови во комбинација со нејзиниот препознатлив црн ајлајнер. Посебно внимание привлече и начинот на нанесување на руменилото; нагласените образи создадоа ефект на „нежен гламур“ (soft glam), истовремено давајќи ѝ видливо посвеж и помладешки изглед. Овој специфичен детал од шминката привлече многу погледи, а изгледот на Агилера во Монако уште еднаш покажа како еден едноставен потег во разубавувањето може значително да го трансформира целокупниот изглед, пренесува Superzena.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМајката на најбогатиот човек во светот спие во гаража: „Мене ми е добро“Мајката на милијардерот Илон Маск, Меј Маск откри дека, додека е во посета на својот син Илон во Тексас, ѝ дека и одговара живот без луксуз, па затоа ноќите ги поминува на кауч или на душек на подот.Мајката на Илон Маск, 78-годишната Меј Маск, откри дека понекогаш спие во гаражата кога го посетува својот син во Тексас. За жена која со децении е присутна во јавноста и која го одгледала еден од најпознатите светски милијардери, ваквиот начин на живот можеби изгледа необично, но за неа тој е сосема нормален. Меј Маск вели дека луксузот никогаш не ѝ бил приоритет. Таа израснала кампувајќи во пустината Калахари, па скромните услови за живот не се ништо ново за неа. „Ако имам кауч или душек на подот, сосема ми е добро“, изјави таа во интервју за „Њујорк пост“. При посетите на „Старбејс“ во Тексас – комплекс поврзан со развојот на ракети и операциите за лансирање на компанијата „Спејс-икс“ (Space Exploration Technologies Corp.) – гаражата станува местото каде што таа спие. Меј претходно изјави дека поседувањето конвенционален луксузен дом во непосредна близина на ракетната база не е практично. Нејзината животна приказна е далеку од едноставна. По разводот од Ерол Маск, таа сама ги одгледала трите деца – Илон, Кимбал Маск и Тоска Маск – додека истовремено работела на повеќе работни места.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter