Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
1Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
2Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
3Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаДали моделот на неполноправно членство во ЕУ е добар за Македонија и регионот? Моделот на неполноправно европско членство иако се уште е предмет на внатрешна дебата во Унијата, веќе активно се понудува на земјите кандидатки од Западен Балкан и Источна Европа.Моделот на неполноправно европско членство иако се уште е предмет на внатрешна дебата во Унијата, веќе активно се понудува на земјите кандидатки од Западен Балкан и Источна Европа, посочуваат дел од експертите за евроинтеграции од регионалните национални конвенции за ЕУ. За Македонија овој модел на интеграција без право на вето е прифатлив, може да го одложи условот за Уставните измени, но тој сепак ќе остане како веќе прифатена обврска, оценува експертот Александар Кржаловски. И претседателката на македонската Конвеција за ЕУ - Милева Ѓуровска е на ставот дека неполноправно членство нема да го промени овој основен услов за нас. -Според мене, добро е да е градуално. Сепак преферирам да е полноправно членство да се знае дека сме сите внатре иако ќе се има рестриктирани права – и со комесар, и за одлучување бидејќи така е и за други работи. Бугарија и Романија не беа во Шенген со самиот пристап, тоа си е посебен процес. Не е нешто страшно градуално да ги добиеме сите привилегии меѓутоа битно е да сме внатре,- - Александар Кржаловски, претседател на МЦМС. -Од нас ЕУ бара да исполниме еден од најбитните услови – состојба во која најмалку сакаме да се наоѓаме. Ова прашање ќе треба да го решат во политичката сфера, -Милева Ѓуровска, Претседателка на Националната конвеција за ЕУ во Македонија. Регионалните првенци во евроинтеграциите - Црна Гора и Албанија веќе добија ваков предлог, кој албанскиот премиер Еди Рама го оцени како прифатлив. За Црна Гора пак,тој е недостоен. -Конкретно на Црна Гора и е порачано дека единствен проблем е, всушност Црна Гора е многу мала држава, мала економија, единствен проблем со Црна Гора е право на вето. Од Германија стигна порака дека тој проблем може да се надмине доколку Црна Гора прифати да нема право на вето. Претставниците на Црна Гора изјавија дека за нив е неприфатливо ограничено право на глас, бидејќи жртвувавме премногу време и вложивме преголем напор. 13 години сме веќе во преговарачкиот процес,- - Сајма Адемовиќ, Универзитет „Донја Горица„ Подгорица. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос веќе изјави дека е категорично против оваа опција која според неа создава ЕУ членки од прв и втор ред. Од самитот на лидерите во Тирана минатата недела, таа посочи дека целта е регионот заедно да напредува, а земјите да станат полноправни членки со како што потенцираше, целосни права. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаМинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска ТрајчевскиМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија. Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови. На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook