За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
2За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
МакедонијаДали медицинските лица редовно ќе прават токсиколошки тестирања?Во закон да стои дека сите лекари мора да се тестираат за наркотици, па со лабораторија, црно на бело, да се потврди дека не се уживатели или зависници и можат да лечат пациенти. Ваквите заложби на Министерот за здравство Азир Алиу следат по случајот со екс директор на Неврологија Игор Кузмановски кој беше експресно разрешен по објавената снимка на социјалните мрежи на која се гледа како во домашни услови меша бела прашкаста материја, за кој потоа се утврди и дека седум месеци нема активна лиценца за работа, бидејќи на време не ја обновил. Алиу кажа дека додека се усогласуваат дванаесетте закони, правниците ќе дефинираат како и каде би можеле да се вметнат токсиколошки тестирања за лекарите. -Да, дефинитивно. Имаме 12 работни групи кои работат на измена и синхронизација на законите, со цел да нема колизија меѓу нив. Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може да биде и тој член. Правниците ќе кажат. Во случај да има индикатори, и ако се утврди отстапување, ќе се предвидат санкции,- - Азир Алиу - министер за здравство. Инаку, додека немал важечка лиценца, Кузмановски имал активен печат, кој трае до 2028 година. Од Фондот за здравство на прашањето како е возможно доктор да има важечки факсимил, а неважечка лиценца, појаснуваат дека тоа не е нивна вина или пропуст, бидејќи факсимил давале по барање на болниците кои гарантираат за лиценците на лекарите. -Обврска на здравствената установа е да обезбеди стручен кадар кој ги исполнува условите, меѓу кои и оној лекарите да поседуваат важечка лиценца за работа. Факсимилот со број 712680 е активен од 1 април 2010 година, а одобрението за издавање е дадено врз основа на официјално доставен список на лекари вработени во здравствената установа. Истиот е доставен согласно активниот договор од 2020 година со важност до 2028 година, велат од Фондот. Во меѓувреме, инспектори влегоа на Клиниката за неврологија и ја чешлаат документација на Кузмановски со цел меѓудругото да утврдат дали лекувал пациенти во периодот од седум месеци додека лиценцата му била истечена, потврдува за Канал 5 Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов. Формирани се и две внатрешни комисии од лекари на Клиниката за неврологија чија задача е да ја испитаат стручната и финансиската работа на нивниот колега. Додека преку овој случај излегуваат на површина аномалиите за контрола на здравствениот систем првиот човек на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања порача дека Кузмановски е доктор со импозантна биографија кој моментите на слабост ќе го следат цел живот. Мицкоски кажа дека како Влада го направиле она што требало да се направи веднаш по објавата на, како што рече, нелегалното видео.Тагови: Азир Алиу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook