Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
МакедонијаДали Македонија е под засилено руско влијание?Скопје е новото руско упориште на Балканот и Кремљ се надева дека Македонија ќе стане новата Република Српска, смета американскиот аналитичар Јануш Бугајски.Тој за „Побједа“ навел дека ако српскиот претседател Вучиќ и косовскиот претседател Тачи постигнат договор за промена на границите, некои албански лидери во Косово и Македонија може да видат шанса за понатамошна етничка хомогенизација и поврзување на територии. Доколку се блокира македонскиот пат кон западните институции, националните тензии ќе пораснат во целиот регион. Кремљ ќе вложи дополнителна енергија да ги загрози кревките демократски достигнувања на Западен Балкан, а НАТО и ЕУ ќе бидат се подалеку. Поранешниот дописник од Москва Мирче Адамчевски за Канал 5 вели дека и покрај руското влијание во регионот не очекува Македонија да биде бастион со оглед на аспирациите на земјава во евроатлантските структури. Сепак Адамчевски не ја исклучува можноста во случај на предвремени парламентарни избори и продлабочена политичка криза Русија да го зголеми влијанието во земјава. Според упатени извори влијанието на Москва во земјава значително се зголемило во периодот на референдумот со креирање на лажни фејсбук и твитер профили кои отворено повикуваа на бојкот. Од друга страна рускиот амбасадор во Тирана, Александар Карпушин вчера во Корча изјави дека прашањето за името на Македонија и членството во НАТО е одлука на народот. Ја отфрли можноста за вмешаност на Русија во исходот, но ја советуваше земјава да не брза да стане дел од НАТО Алијансата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување. Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијатаНајплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата. Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо. Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра. Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус. Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проектиЗаменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook