МакедонијаДали лидерска средба може да донесе консензус за важни национални прашања? Дел од политичките аналитичари сметаат дека идејата за лидерска средба е добра и дека нејзино одржување би било одраз на демократијата.. Може ли лидерска средба да придонесе за приближување на ставовите меѓу власта и опозицијата? Иницијативата на премиерот доби поддршка од дел од аналитичарите, кои велат дека дијалогот меѓу политичките актери е клучен елемент на демократските процеси.. Аналитичарот Благојче Атанасовски потсетува веќе беше одржана лидерска средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која не даде позначајни резултати и изрази зачуденост од експресното одбивање на новата иницијатива од страна на опозицискиот лидер Филипче. Во однос на ДУИ, кои најавија дека ќе почекаат официјална покана, аналитичарот Љуљзим Фаризи смета дека партијата ќе ги почека и резултатите од повторените локални избори во Врапчиште и Гостивар, пред да донесат конечна одлука. „ Најверојатно тие ги чекаат резултатгите од локалните избори...Се со цел ако победат во тие општини, да ги зацврстат нивните позиции.. јас претпоставувам дека ДУИ секогаш ќе биде дел од преговорите со премиерот, бидејки тој на таков начин ги лечи и комплексите на своите членови, кои секој ден сонуваат дека премиерот ќе се сретне со нивниот лидер Ахмети. “ „ Лидерска средба и да се одржи нема да продуцира некои работи кои ќе се сменат тековно во однос на тие реформски закони, односно нема минимум доверба меѓу власта и опозицијата. Јас лично сум да има таква комуникација и лидерска средба.. Лидерот на СДСМ ме чуди што ја одби ад бланко оваа лидерска средба бидејки една таква имаше во март месец е сега веројатно тоа е негова политичка процена или на ПР-ите или на советниците околу него дека треба да ја одбие таа средба обвинувајки го премиерот..“ И Атанасовски и Фаризи се согласни дека реформските закони треба да се носат со широк политички консензус, без разлика дали би биле тема на евентуални лидерски средби, но оценуваат дека ваквите средби се добра можност за дополнителен дијалог. Сепак, тие имаат поделени ставови околу постигнувањето консензус за укинување на техничката влада. Според Атанасовски, доколку тоа се случи, постои ризик од негирање на изборните резултати и уназадување на демократските процеси. Од друга страна, Фаризи смета дека станува збор за суштински прашања кои бараат поширок политички договор и оценува дека поканата од премиерот е добронамерна. „ Во однос на уникувањето на тн. Техничка или пржинска влада јас сум лично против од проста причина што таа беше воведена за да нема злоупотреби на изборите, бидејки во минатото бевме сведоци во Македонија имавме многу непризнаени избори од страна на опозицијата.“ „ Тие се важни прашања за кои треба поширок конзензус и мислам дека поканата од страна на премиерот е добронамерна се со цел сите политички актери во државата да се вклучат во овој процес, имајки во предвид дека владата има 2/3 мнозинство и може буквално без да ги праша другите актери кои се надвор од владиното мнозинство да ги носат тие реформи односно тие закони и да ја исклучи техничката влада.“ По изборот на новата Влада, Мицкоски и Филипче до сега имаа само една тет-а-тет средба, за која од ДУИ реагираа дека не добиле покана и обвинија за исклучување на Албанците од општествените процеси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноСомнителни книги во библиотека од 30 милиони евра- се истражува дали ги напишала вештачка интелигенција Суд во Индија нареди истрага за наводите дека јавна библиотека во јужната држава Тамил Наду купила стотици книги за кои се сомнева дека се генерирани од вештачка интелигенција (ВИ).Контроверзноста избувна откако тамилскиот писател Перумал Муруган посочи книги со неточни информации и сомнително авторство во новоизградена библиотека во градот Коимбаторе, објави Би-Би-Си. Набавки и сметки под истрага Високиот суд во Мадрас ѝ наложи на антикорупциската агенција да ја истражи спорната набавка и да ги замрзне банкарските сметки поврзани со издавач за кој се сомнева дека ги снабдувал книгите. Случајот се однесува на библиотеката Перијар Аривулагам, чија изградба чинела околу три милијарди рупии (30,7 милиони евра). Авторот Муруган тврди дека речиси 1.800 книги на тамилски јазик биле купени од малку познат издавач, Агал Вилаку Патипагам, а меѓу спорните примери се публикации со непознати автори, невообичаено високи цени и сомнителни меѓународни стандардни броеви на книги (ISBN). Дополнителни сомневања покрена книга пронајдена во друга јавна библиотека, во која како автор е наведен познатиот економист Жан Дрез. Сепак, тој рече дека не ја напишал книгата и изрази загриженост дека неговото име е употребено без дозвола. Некои книги веќе се отстранети Министерот за образование на државата Тамил Наду, А. Рајмохан, го опиша случајот како потенцијално „прва измама со вештачка интелигенција во Индија“ и најави преглед на купувањата во јавните библиотеки низ целата држава. Тој рече дека 523 книги веќе се отстранети од историската библиотека Конемара во Ченај, на југоистокот од земјата, поради сомневања за нивната автентичност и квалитет. Повеќе од 160 писатели, истражувачи, уметници и издавачи потпишаа заедничка изјава во која бараат независна истрага, објавување на документи за набавки и ревизија на фондот на библиотеката. Случајот, исто така, предизвика политички спор, при што сегашната влада ја обвини претходната администрација на Дравида Мунетра Кажагам (DMK) за нарачка на спорните книги. DMK ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани и исто така побара истрага. Сè уште не е познато дали спорните книги се всушност создадени со помош на вештачка интелигенција, а истрагата треба да утврди и дали имало злоупотреба на јавни пари при нивната набавка.Тагови: библиотека вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин се согласи Европа да се приклучи на преговорите Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда преговори за завршување на војната во Украина.„Европејците ќе се приклучат на следниот состанок, кој го сметаме за исклучително важен момент бидејќи тие се наши партнери, а нивното учество е важно за нас“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Кремљ. Џаред Кушнер, кој заедно со Виткоф се сретна со рускиот претседател, му рече на Путин дека забележал „голема промена“ во ставот на европската страна и дека е убеден дека вклучувањето на европски претставници нема да го забави напредокот на преговорите. Путин: Европејците го прекинаа дијалогот Путин изјави дека никогаш не бил против дијалогот со Европа, тврдејќи дека европските земји ја прекинале комуникацијата со Москва. „Тие се оние што го прекинаа дијалогот со Руската Федерација“, рече Путин. „Многу би сакале вие, господа, и целата американска администрација да соработувате со вашите европски сојузници за конечно да одлучат дали сакаат мир или војна во Украина“, додаде рускиот претседател. Сепак, Путин предупреди дека европскиот план за испраќање војници во Украина по евентуален мировен договор веднаш ќе доведе до обнова на војната, бидејќи Русија би го сметала таквиот потег за закана за сопствената безбедност. Датумот и местото на следните преговори не се објавени Досега не е познато кој ќе ја претставува Европа во следната рунда преговори, а не се објавени ниту датумот ниту местото на нивното одржување. Соединетите Американски Држави и украинскиот претседател Володимир Зеленски сакаат Европа да назначи претставник кој ќе преговара со Москва во нивно име. По средбата во Кремљ, се очекува Виткоф и Кушнер да отпатуваат во Даблин, каде што треба да го информираат Зеленски за денешните разговори со Путин.Тагови: Владимир Путин Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветДва танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите. Чести напади Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите. Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.Тагови: Ормутскиот теснец Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20