ЗдравјеДали лекување преку екран ќе стане „новото нормално“ за пациентите од внатрешноста?<p>Пациент со дерматолошки проблем влегува на преглед на лекар - ама специјалистот не е во ординацијата, туку е конектиран преку „мој термин“ на видео и промените на кожата ги гледа од Скопје, преку екран. </p><p>Вакви се дерматолошките прегледи во Дебар, каде секој вторник преку пилот-проект на Министерството за здравство е воведена телемедицината која кај нас законски се уште не е регулирана. Пациентот мора да отиде во амбулантата, таму го пречекува медицинско лице и не е сам во ординацијата, појаснува за Канал 5 директорот на дебарската болница Мерсим Колеци, и прегледот е во „живо“ иако специјалистот не е физички тука. Досега четворица пациенти се лекувале „он лајн“ и смета дека во недостаток на кадар ова е добар начин за да им се овозможи на пациентите услуга поблизу до дома.</p> <p>Пред он-лајн прегледот пациентот мора да потпише изјава дека се согласува да биде прегледан на ваков начин. А телемедицина за дерматолошки проблеми во исто време се практикува и во Делчево. </p> <p>Ова има логика бидејќи наместо пациентите да патуваат со часови до Скопје за секој преглед, системот „го носи“ специјалистот поблиску до нив. За помалите градови, ова може да значи побрз пристап до здравствена услуга, помал трошок и помалку чекање, смета Министерот Азир Алиу кој вели дека ова ќе се развива, и со овој пристап во индина ќе се лекуваат и затвореници.</p> <p>Ваквиот начин на лекување иако нуди полесен пристап до лекар специјалист отвора низа дилеми во однос на квалитетот на услугата. Се овора и прашањето дали ваквиот систем ќе успее да обезбеди доволно лекари таму каде што се најпотребни, или екраните ќе станат новото нормално особено за пациентите во внатрешноста. Одговорот, барем засега, допрва ќе се бара – токму во градови како Дебар и Делчево, каде што овој модел првпат се тестира. Тагови: Азир Алиу Дебар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени..Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛибија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?Зеленски на листата на терористи? Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“. Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи. Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили. Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија. „Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони. Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00