Дали кечапот треба да се чува во фриждер или во шкафче? - Канал 5

Дали кечапот треба да се чува во фриждер или во шкафче?

Додека некои луѓе го чуваат кечапот на собна температура, повеќето луѓе го ставаат во фрижидер. Познатиот американски производител „Хајнц томато“, со цел „нивниот производ да има најдобар вкус“, се обиде да ја реши дилемата.

Дали кечапот треба да се чува во фриждер или во шкафче?

Имено, компанијата на својот интернет-простор прво ги праша потрошувачите дали го чуваат кечапот во фрижидер или во обично шкафче, па потоа веднаш се разви жестока дебата во коментарите на „Редит“ и другите платформи. Корисниците беа речиси подеднакво поделени на интернет-анкетите.

Според етикетата, отворено шише кечап треба да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од осум недели.

- Има само еден точен одговор. Со задоволство ги информираме љубителите на „Хајнц томато“ дека нашиот кечап мора да се чува во фрижидер. Иако знаеме дека многу луѓе го чуваат во шкафче, препорачуваме да се чува во фрижидер по отварањето. Тоа е најдобриот начин да се зачува препознатливиот вкус на нашиот кечап, изјави Оливија Ленон, претставничка на „Хајнц“.

Сепак, „според експертите, не е потребно кечапот да се чува во фрижидер“, зашто тој „не само што содржи оцет, туку и доматите се природно кисели, што помага производот да се зачува на собна температура“, објави британската организација „Вич?“ (Which?).

Нутриционистката д-р Сара Шенкер објаснува: - Некои луѓе го чуваат во фрижидер затоа што им се допаѓа ладниот вкус, но навистина нема потреба да се чува во фрижидер. Тоа е прашање на личен избор, температурата во кујната и просторот што го имате.

Хајнц издаде соопштение уште во 2017 година.

„Поради својата природна киселост, кечапот Хајнц е стабилен на полица. Сепак, неговиот рок на траење по отворањето зависи од условите за складирање. Препорачуваме, како и секоја преработена храна, да се чува во фрижидер по отворањето. Ова го обезбедува најдобриот квалитет на производот“, советува производителот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“

Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.

Нов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“

Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.

Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра.

Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра).

Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња

Годинава ќе има околу 3.000 помалку првачиња од лани, соопшти Јаневска

Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња

Во новата учебна година ќе има над 3.000 првачиња помалку во однос на лани, што е намалување за околу 20 проценти.

Овие шокантни податоци ги соопшти министерската за образование Весна Јаневска на прес-конференцијата за резултатите од полагањето на државната матура...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили

Во напад на јеменските Хути врз  јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили. Кралството предупреди на координирани напади од страна на Хутите и ирачките милиции поддржани од Иран.

Во напад на јеменските Хути врз  јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили

Портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, утринава изјави дека во нападот во јужната покраина Наџран се повредени седум Саудијци, еден Јеменец, двајца Египќани и еден пакистански државјанин.меѓу жртвите е и четиригодишно дете кое претрпе изгореници од втор степен.

Тој ги обвини Хутите кои се сојузници на Иран, за неселективно гранатирање на цивилни области, кршејќи го меѓународното хуманитарно право и рече дека коалицијата ќе продолжи да презема сите потребни мерки за заштита на цивилите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер