Дали ЈП „Комунална хигиена“ ја бојкотира Kанал 5, поради критиките за состојбата со хигиената во градот?! - Канал 5

Дали ЈП „Комунална хигиена“ ја бојкотира Kанал 5, поради критиките за состојбата со хигиената во градот?!

Ова не е ниту во близина на Каминот мост, ни околу плоштадот Македонија, ниту Жена паркот, ниту на една и многуте мини диви депонии кои последните неколку години го заземаат јавниот простор во Скопје.

Дали ЈП „Комунална хигиена“ ја бојкотира Kанал 5, поради критиките за состојбата со хигиената во градот?!

Ова е во дворот на Канал 5. Веќе со месеци, службите под Град Скопје не го собираат ѓубрето и покрај тоа што компанијата за тоа плаќа, а надлежните имаат обврска тоа да го прават еднаш неделно.

Огромните купови ѓубре со месеци скапува го големите садови, а пореди топлото време вработените во телевизијата и околните објекти се гушат од неподносливата миризба. Дополнително, ова место е веќе дом за стаорци и инсекти, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните.

– Телевизијата изминативе месеци неколку пати официјално се обрати од Град Скопје да си ја завршат обврската, но од таму не не удостоија ни со одговор.

Канал 5 изминатите година често работеше на тема – општа нехигиена и бизарна запуштеност на Скопје, па тука се поставува прашањето дали власите на Скопје намерно ја остава телевизијата да биде затрупана со отпадоци и со тоа да се прави институционален притисок да не правиме јавната критика и да обработуваме теми за недостоинствените услови за живот во главниот град?

За жал, Канал 5 е само едно од многуте места каде што ѓубрето е оставено да се таложи. Дивите депонии и неуредениот простор е нешто по што веќе сме препознатливи. Граѓаните буквално молат да им се собере ѓубрето и секако се незадоволни од запуштеноста на Скопје..

Овие денови Скопје е домаќин на Европски младински олимписки фестивал. Огромен спортски настап на кој присуствуаат голем број млади.

Наместо можност за промоција на градот на социјаланите мрежи се споделуваат фотографии на спортиси како се движат меѓу купишта отпад за на температури над 40 степени пешки да стигнат до местата за натпревар. Други пак имаа можност да ја почуствуваат бруталноста на скопскиот јавен превоз.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.

Во Здравствениот дом Гостивар се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош.

-Во текот на вчерашниот ден вкупниот број пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Во споредба со 19.07.2026 година, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 183 прегледи. Истовремено, бројот на прегледи во здравствениот дом продолжува континуирано да опаѓа – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули, појаснува министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната

Во Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната, што ги предизвика најголемите улични протести од почетокот на руската инвазија во 2022.

И покрај воената состојба, илјадници луѓе излегоа на улиците во Киев и други градови неколку дена по ред за да протестираат против смената на министерот за одбрана Михајло Федоров и да побараат разрешување на шефот на војската олександр Сирски.

Тој се соочува со критики од граѓанското општество, војниците и пратениците поради неговото командување и тактиките со голем број жртви.

Зеленски се сретна со петмина генерали и еден полковник, кои политичките аналитичари ги сметаат за потенцијални замени за сирски, при што со секого одделно разговарал за ситуацијата на бојното поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР демантира дека жртвите биле бркани од „лажна полиција“

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на сообраќајната несреќа на патот ГП Блаце – Скопје во која загинаа три лица.

МВР демантира дека жртвите биле бркани од „лажна полиција“

Од МВР велат дека се неточни тврдењата дека возилото во кое се наоѓале жртвите било бркано од друго возило што лажно се претставувало како полиција, како и дека вакви случаи биле забележани и претходно.

„Апелираме да не се шират непроверени информации и дезинформации. Ниту е евидентирана појава на таканаречена лажна полиција, ниту има пријави за такви случаи“, информираат од министерството.

Од МВР додаваат дека истражните органи продолжуваат со работата и ќе ги утврдат сите околности и причините што довеле до трагичната сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер