Дали идните модели на „BMW M“ ќе бидат електрични? - Канал 5

Дали идните модели на „BMW M“ ќе бидат електрични?

Иако „BMW“ работи забрзано на електрификација, моделите од „М“ дивизијата беа имуни на големи промени. Дури и намалувањето на агрегатите престана, и на крајот имаше концептуални разлики помеѓу „BMW“ и „Mercedes“.

Дали идните модели на „BMW M“ ќе бидат електрични?

Големото прашање е дали „М3“ и „М4“ ќе останат бензински за неколку години, кога ќе пристигнат новите модели.

Иако во 2022 година, Френк Вебер од развојот на „BMW“ даде индикации дека новиот „М3“ би можел да оди на електричен погон, денес размислувањето е нешто поинакво.

Нема брзање, па во интервју за „Australian Drive“, Френк ван Мил, директор на „М“ одделот на „BMW“, објасни како стојат работите. Тој потврди дека преминувањето на струја е отворена можност, но само доколку се покаже како подобра опција од сегашното производство.

Според него, секој модел од следната генерација мора да биде подобар од оној што го наследува. Значи, ако може подобро, може да работи на струја, а ако не, останува на бензин.

„Логиката е прилично едноставна“, рече тој.

„Следниот (М3) или (М4) треба да биде подобар од сегашниот. И ако може да се направи на електричен начин, тогаш веројатно ќе биде електричен. Ако не, ќе останеме со моторот со внатрешно согорување. Многу е едноставно. Но, се разбира, се обидуваме да го направиме чисто електричен“, рече Ван Мил, исклучувајќи ја секоја можност истовремено да нудат различни бензински, хибриски концепти.

За потсетување, сегашните „М3“ и „М4“ се придвижувани од 3,0-линиски шестцилиндричен мотор со 510 КС и 650 Nm, кој овозможува спринт до 100 km/h за 3,5 секунди. Тежината на празното возило е 1855 кг.

Електричниот „i4 M50“ има 544 КС и 795 Nm, 100 km/h достигнува за 3,9 секунди и има автономија до 519 km. Масата на возилото е 2290 кг.

Во моментов, односот на моќноста е блиску, но на крајот, динамиката на возењето, севкупните перформанси и чувството за возење ќе одлучуваат.

Извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд реагира на обидите за политизација на неговите одлуки и меѓународни активности

Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација.

Уставниот суд реагира на обидите за политизација на неговите одлуки и меѓународни активности

Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот.

Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки и стекнување политички поени.

Меѓународната соработка била и ќе остане една од стратешките определби на Судот и претставува составен дел од неговото институционално дејствување. Оваа година, како и претходно, Уставниот суд интензивно работи на афирмирање на својата меѓународна позиција, при што има склучено три Меморандуми за соработка и разбирање со сродни институции, односно со Уставниот суд на Република Косово, со Врховниот Уставен суд на Арапската Република Египет и пред два дена, со Уставниот суд на Република Србија. Дополнително, на Судот му е доверено да претседава оваа година со Балканскиот форум на уставни судови и да го претставува на значајни меѓународни настани.

Уставниот суд останува доследен на својата уставна надлежност и независност. Судот нема да подлегне на какви било политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација и ќе продолжи и да ја зајакнува својата меѓународна соработка.

Воедно, Судот апелира политичките фактори да покажат поголема уставна и политичка култура и да работат во интерес на државата и граѓаните, а политичките разлики и партиските конфронтации да не се водат на грбот на владеењето на правото и на институциите кои се најповикани да го штитат уставниот поредок.

Независноста и кредибилитетот на Уставниот суд се вредности што треба да бидат заеднички интерес на сите општествени чинители.

Затоа, недозволени се и апсурдни квалификациите од некои политички фактори дека одлуки на Уставниот суд се „неуставни” или „незаконски“. Согласно член 112 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, и општозадолжителни. Наместо да повикуваат на протести насочени дирекно против владеењето на правото, партиите е потребно да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и потребите на граѓаните.

Посебно сакаме да нагласиме дека за Судот нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично. Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка.

Доказ за ваквото објективно и независно работење на Уставниот суд, базирано исклучиво врз оцена на уставноста и законитоста на прописите донесени од сите власти во државава се и одлуките за законитоста на постапката за преименување на улиците во Чаир. (https://ustavensud.mk/archives/32056 и https://ustavensud.mk/archives/20991 ).

Оттука ги повикуваме сите политички чинители, да покажат одговорност и воздржаност во јавната комуникација и да се воздржат од ширење невистини и манипулации на сметка на единствената институција која е чувар на Уставот и на уставно правниот поредок на државта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори

Христијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избори

СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори

Иако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано - најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година.

Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема пари, економијата е во колапс, а повеќе не може да се задолжува за финансирање на криминалните тендери на својата група.

Кога ќе му се затвори просторот за нови задолжувања, ќе мора да распише избори.

Но, за да не признае дека нема пари и дека ја уништил економијата на земјата, ќе бара алиби од опозицијата.

Најверојатно ќе ја искористи темата - Европска унија, како главен изговор.

Мицкоски веќе со месеци ја запира европската интеграција. Ветената реформска агенда до 1 јуни повеќе не се споменува.

Наместо да ги исполни реформите кои би отвориле пат кон Европа, тој чека „покана од Европа“ и порачува „збогум Европо“.

Во реалноста, не сака да ги спроведе реформите затоа што тие носат независно правосудство и одговорност за кражбата на парите на граѓаните преку наместени тендери.

Ќе се врати на старата националистичка и популистичка реторика. Ќе се претстави како „патриот“ кој „не отстапува ни милиметар“ од националниот идентитет, додека СДСМ ќе ја обвинува дека е готова да го продаде идентитетот за европски фондови.

Оваа теза ќе му биде централна во кампањата.

Во исто време, речиси целата влада, министри, пратеници и нивните семејства имаат бугарски државјанства и европски пасоши. Тие си обезбедиле приватна Европа за себе, додека граѓаните чекаат со чаови на граница.

Лажниот патриотизам падна во вода и стана јасен на сите.

Паралелно се подготвуваат и техничките услови за избори.

Мицкоски на сила ја укина техничката влада, а сега се обидува да го протурка Изборниот законик кој овозможува неконтролирано гласање на дијаспората, без соодветни механизми за контрола.

Ботовите на социјалните мрежи веќе повикуваат на избори. Преку Латас и Ивона се води силна анти-европска кампања со цел развивање на евроскептицизам.

Во исто време, Мицкоски веќе осум месеци работи на создавање на платформи и сателитски партии за да го уситни опозицискиот глас, бидејќи ЗНАМ повеќе не му служи, не може да го помине цензусот.

Надворешниот притисок е исто така очигледен. Големиот брат Вучиќ најави избори во Србија, а Мицкоски мора да го следи. По падот на Орбан, не смее да ризикува и Вучиќ да падне, бидејќи целиот бизнис (Алта банка) и анти-европската агенда се врзани за него.

Медиумите на Орбан во служба на ВМРО-ОКГ се под истрага во Унгарија, а во Македонија се префрлаат сопствеништвата.

Криминална група ВМРО изгуби над 150.000 гласови. Рејтингот на Мицкоски е на историски минимум поради секојдневните лаги.

Дојде на власт со лаги, владее со лаги, тоа им стана јасно на сите.

Народот веќе не е наивен.

Сите знаат дека изборот не е помеѓу „патриоти“ и „предавници“, туку помеѓу продолжување на изолацијата и криминалот или враќање на европскиот пат.

Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ѕвер“ со големина на Франција ја погоди Кина: Два милиони евакуирани (ВИДЕО)

Тајфунот Бави, најсилната бура што ја погоди континентална Кина оваа година, донесе обилни дождови на источниот брег со силни ветрови, тестирајќи ја способноста на властите да се справат со екстремни временски услови.

„Ѕвер“ со големина на Франција ја погоди Кина: Два милиони евакуирани (ВИДЕО)

Бави ослабе во тропска бура до недела наутро додека се движеше кон внатрешноста, но метеоролозите предупредија дека системот со големина на Франција може да донесе продолжени и обилни дождови низ источна и северна Кина во наредните денови, објави Ројтерс.

Речиси два милиони луѓе беа евакуирани пред пристигнувањето на Бави, главно во покраината Џеџијанг, економскиот и технолошкиот центар на втората најголема економија во светот.

Бави го погоди крајбрежниот град Јухуан во Џеџијанг околу 23:20 часот по локално време во саботата, пред да удри втор пат во Јуеќинг околу полноќ.

„Слушнавме како паѓаат ќерамиди и гранки од дрвја. Секако дека бевме исплашени, но живееме покрај морето, па затоа сме навикнати на тоа“, рече еден жител.

Државниот радиодифузен сервис „CCTV“ објави дека повеќе од 1.300 дрвја паднале во Јуеќинг, а повеќе од 700 се целосно искорнати.

Поплавите достигнаа ниво од половина висина на гума од автомобил.

Спасувачките екипи денес користеа багери и моторни пили за да ги исчистат улиците покриени со вода и паднати дрвја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер