Дали и во интернет просторот се врши асимилација на македонскиот јазик?

Дали преку технологијата и најпознатиот интернет пребарувач се прави асимилација на македонскиот јазик?

Иако досега на платформата Google за корисниците од Македонија како превод на англискиот беше понуден само македонскиот јазик, за дел од корисниците од утринава осамна нова опција- превод на бугарски јазик.

Дополнително доколку неколку пати се направи „refresh“ на страната на „Google“, иако Ај-Пи адресата покажува дека корисникот е од Македонија, самиот пребарувач автоматски го вчитува целото мени исклучиво на бугарски јазик.

За овој проблем побаравме одговор од Владата.Од таму велат дека кај нив не е забележан никаков проблем и дека засега немаат конкретен одговор кон ова прашање, со што се отвара прашањето дали проблемот е до самите интернет провајдери.

Одговор побаравме и од комуникологот Бојан Кордалов кој вели дека причината можеби е самиот алгоритам на Гугл, но решението е во комуникација со компаниите за Македонија да биде позаштитена.

Засега сеуште останува непознато предизвикало оваа нова опција на пребарувачот Гугл која се случува во екот на вжештената реторика од бугарска и македонска страна .

Почнува одбележувањето на 95-годишнината на скопската Зоолошка градина

Со проекцијата на филмот „Пинокио" вечер во Градски парк, на „Школка" ќе почнат низата настани со кои ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина – Скопје.

Од Зоолошката градина информираат дека во текот на наредните месеци се планирани едукативни и забавни настани во градината.

Проекцијата на филмот е замислена како пикник, а посетителите со себе ќе треба да понесат ќебе. Ќе бидат обезбедени вода, сокови и кроасани за посетителите.

Филмот „Пинокио" кој беше номиниран во две категории за „Оскар" е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. /МИА

Промоција на летни активности на отворено во Ски–центарот „Попова Шапка"

На крајната станица на шестоседата жичарница во Ски–центарот „Попова Шапка" денеска ќе биде претставена понудата на угостителите и бројните активности на отворено што ги нуди ски-центарот оваа сезона.

Како што информираат од ЕЛЕМ ТУРС, на настанот кој е предвидено да започне во 10 часот, покрај запознавањето со целокупната понуда на Попова Шапка посетителите ќе можат да се уживаат во дегустација на разновидна, традиционална храна подготвена од тур-операторите на Попова Шапка.

Настанот ќе биде проследен и со музика со ди-џеј.

Сончево со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен, претежно северен ветер. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

УХМР најавува дека следува период на стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува од средината на следната седмица.

Најтопло ќе биде в среда, со максимална температура од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

притисни ентер