Дали и колку македонски граѓани има на боиштата во Украина?

Објавата во руските медиуми дека над 20 македонски граѓани загинале на боиштата во Украина, го отвори прашањто дали и колку нашинци се пријавиле да учествуваат во руско-украинската војна.

Има ли или не македонски платеници во Украина? Русите велат да, нашите безбедносни служби засега немаат такви информации. Оваа дилема се отвори откако руското министерство одбрана вчера објави, а пренесе „РИА Новости“ дека 21 македонски државјанин загинал во војната во Украина. Во списокот на странски платеници се наведува дека од вкупно 79 платеници од Македонија што досега се бореле на украинска страна, засклучно 17 јуни 19 од нив ја напуштиле Украина, а 39 сѐ уште учествуваат во борбите.

Македонските безбедбосни институции, за Канал 5 брифираат дека ваквите информации кои се појавија на руските медиуми не се точни. Според официјалниот извештај на безбедносните служби не е регистрирано заминување на ниту едно лице, да се бори на ниту една страна, руска или пак украинска.

За стручњаците по безбедност ваквите инаформациите треба да се земат со резерва. Професорот Методи Хаџи Јанев вели дека ако бројката веќе постои, не е за изненадување поради како што вели желбата да се учествува во еден таков конфликт заради трендот а како резултат на глобализацијата индивидуалци стануваат суверени и подготвени да учествуваат во директен конфликт со цел да дата поддршка.

Инаку од министерството за надворешни работи потсетуваат дека учеството на македонски граѓани во странска војска е кривично дело. Со затворски казни од најмалку пет години ќе се соочат учесниците во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација.

Според податоците на руското МНР, од регионот во Украина стигнале и 167 платеници од БиХ, од нив 51 го загубил животот, 46 си заминале, а 70-мина се останати на фронтот. Од Косово пристигнале 156 борци, загинал 61, а од Албанија од 150 платеници, загинале 42. Од Грција пристигнале 4 борци, 1 загинал, двајца се вратиле, а еден останал, а пак од Црна Гора дошле двајца платеници, 1 загинал, другиот сѐ уште се бори во Украина. Полјаците се рекордери по бројот на платеници кои бројат 1.831, од нив 378 загинале, 272 ја напуштиле земјата, а 1.181 и понатаму војуваат во Украина.

Силна соларна бура ја погоди Земјата, за утре се најавува уште една експлозија

Сончева бура ја погоди Земјата порано од очекуваното и сега се засилува. Ова го објави Центарот за следење на вселенското време при рускиот институт за применета геофизика.

Според податоците, геомагнетната бура се очекувало да биде од категоријата Г2, која е со умерен интензитет, но утрово таа се засилила до категорија Г3, што е силен интензитет.

На 30 април и 1 мај биле регистрирани моќни соларни изливи.

Сончевите блесоци се поделени во пет класи според јачината на рендгенското зрачење - најслаби се класата А, а потоа следат B, C, M и X.

Сончевите блесоци се моќни експлозии во сончевата атмосфера кои испраќаат соларна плазма во вселената. Облаците од оваа плазма можат да предизвикаат геомагнетни бури кога ќе стигнат до Земјата.

- Две коронални експлозии го погодија магнетното поле на Земјата на 2 мај. Поединечно, ударот беше мал, но предизвика силна геомагнетна бура од класата Г3 со поларници далеку на југ. Се очекува уште една коронална експлозија да го погоди магнетното поле на Земјата на 4 мај, објави порталот Space Weather.

Репортери без граници: Македонија со најголема медиумска слобода во регионот

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.

Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, се наведува во извештајот на организацијата „Репортери без граници“.

Медиумски пејзаж

Иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои вршат плагијат и копираат содржина. Исто така, постои голем јаз помеѓу употребата и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост.

Политички контекст

Целокупното опкружување останува поволно за слободата на печатот, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност.

Правна рамка

Додека уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, на која има намера да и се придружи. Процедурите на SLAPP служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудата за клевета, во 2023 година, на медиумот IRL за нејзината истрага од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание.

Економски контекст

Иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството е многу несигурна професија. Некои медиуми се подложени на влијанија од страна на маркетинг агенциите.

Социокултурен контекст

Иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните медиуми и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за намалување на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка припадност или религија.

Безбедност

Новинарите често се мета на вербални напади. Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие можат да бидат изложени на судски притисок и произволни правни постапки. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Во главниот град беше назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја.

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер