МакедонијаДали граѓаните ќе плаќаат поскапи производи нарачани од странство преку интернет?Нарачките и доставувањето на малите пратки до 22 евра ќе остане исто и по промената на законот со кој ќе почне нивното оданочување – велат од фирмите за брза пошта. Единствената разлика е што цената ќе се зголеми за 18%, а ќе биде ваклкулирана на самите платформи за нарачки. Според анализата на Асоцијацијата за е-трговија во првата половина од годинава македонските граѓани во странство направиле онлајн трансакции во вредност од 201 милиони евра односно 55,1 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година. Трендот на растот на трансакциите кон странските е-трговци најмногу се поврзува со појавата на „Тему“, кој за кратко време привлече голем број на купувачи со широка понуда, ниски цени и бесплатна достава дури и за најмали нарачки. Игор Гешовски, Извршниот директор на ЕЛС Македонија, која ја прави доставата на овие пратки во Македонија, за Канал 5 вели во однос на крајниот потрошувач, во пракса нема да се промени ништо. -Да бидам поконкретен зад големите платформи – платофрмите ги плаќаат трошоците, за Алиекспер не знам тие се уште немаат таков модел, но за другите платформи е калкулиран секој трошок во цената. За помалите увози Дехел, Федекс и други компании што вршат ако е поединечна пратка тие ќе се обратат или ќе им дадат право они за нив да ја извршат таа услуга а ќе имс е наплатат дополнителни средства дали за данок или царина зависно од нарачакта...“ Гешоски оценува дека ова нема да го сопре онјалн тргувањето, но постои опасност да се зголеми сивата економија... „Ќе се направи притисок на сивата економија може да се направат обиди за поголем шверц на стоки во Македонија и тоа е пример насекаде во светот. Сметам дека нашата Влада ги следи трендовите кои ги прави Америка но тоа треба да видиме како ќе се одрази на нас бидејќи сме мала држава... - Игор Гешовски – директор на ЕЛС Македонија . предлог законот за измени на Законот за додадена вредност, со кој се планира укинување на ослободувањето од плаќање на ДДВ за производи од странство во износ од 22 евра, Владата го достави до Собранието пред неколку дена, и се очекува истито да биде донесен по изборите. Од министерството за финансии велат дека измените се со цел да се зајакне домашната економија, поддршката на локалните компании и созадавање нови работни места... нивните очекувања се дека со ова оданочување, во буџетот месечно ќе се влевеаат по околу 65.000 евра. Тагови: онлајн трансакции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чумаСветската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума. Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа. СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО. На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО. Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа. Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МетеоСончево и релативно топло Според УХМР во Скопје, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. 0 Берово, 3 Струмица, 4 Битола, Скопје-Петровец, Тетово, 5 Крива Паланка, Велес, Демир Капија, Куманово, 6 Прилеп, Штип, Попова Шапка, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Претор, 8 Маврови Анови, Охрид, 9 Крушево, 10 Виница. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook