Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, во Будимпешта
2Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, во Будимпешта
МакедонијаДали еден познат трговски центар во Скопје беше можна цел за терористички напад?Полицијата на повеќе локации вечерва спровела акции за спречување на можен терористички напад. Радикални структури во земјава кои биле поддржувани од ИСИС имале намера да организираат и спроведат терористички напад, соопшти вечерва МВР. Пред Министерството за внатрешни работи е Јован Ѓорговски кои го има последните информации за акцијата на МВР, но и за соопштението со предупредување кое исто така вечерва го лиферуваше Американската амбасада во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУПотребата од забрзување на европската интеграција на Западен Балкан и постигнување конкретни резултати се во фокусот на денешниот Самит на Берлинскиот процес, кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора. Премиерот Христијан Мицкоски очекува лидерите да испратат јасни пораки за европската перспектива на регионот, но и да понудат суштински решенија за надминување на пречките во процесот. Пред почетокот на самитот, Мицкоски порача дека Македонија одамна ги исполнила очекувањата за да стане дел од Европската Унија, но дека почетокот на преговорите и натаму е блокиран поради, како што оцени, вештачки причини. – Денеска очекувам многу силни пораки во однос на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија. Секако, тука ја вклучувам и мојата земја. Македонското досие е многу сложено. Одамна заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но, за жал, поради одредени вештачки причини, сè уште не сме во можност да ги започнеме преговорите. Но, денеска во моето обраќање ќе ја претставам и ќе ја пренесам пораката за силната посветеност на македонската Влада на реформската агенда на ЕУ и на европската интеграција. Практично, такво е и досегашното дејствување на мојата Влада и ќе продолжиме да се движиме по тој пат и во иднина – изјави Мицкоски. Членството на Црна Гора во ЕУ е реална и достижна цел, порача германскиот канцелар Фридрих Мерц на отворањето на самитот и нагласи дека реформите и регионалната соработка се клучни за европската интеграција на Западен Балкан. -Многу сум среќен што денес имаме можност, и формат за разговор за понатамошен напредок кон ЕУ, да разговараме за европската интеграција преку т.н. Берлински формат. Основан пред многу години на иницијатива на германската федерална влада. Се среќаваме денес во Црна Гора за да го продолжиме процесот. Заедно да разговараме за понатамошниот напредок во соработка меѓу земјите кандидати од Западен Балкан и ЕУ, -германски канцелар Фридрих Мерц. Европската интеграција на Западен Балкан влегува во важна фаза порача Еврокомесарката Марта Кос каде испрати пораки до земјите кандидати, но не ја спомена Македонија. Според Кос Црна Гора се приближува кон завршувањето на преговорите, од Албанија се очекуваат натамошни реформи, Србија се подготвува за избори, а од Косово се бара доследно почитување на меѓународното право и владеењето на правото. Инаку, премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот на Берлинскиот процес во Свети Стефан, Црна Гора, на кој учествуваат лидерите од Западен Балкан и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Во фокусот се европската интеграција, економското поврзување, безбедноста и зелената транзиција. Самитот го заокружува црногорското претседавање со Берлинскиот процес, иницијатива покрената од Германија во 2014 година за забрзување на евроинтеграциите и регионалната соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаСиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, во БудимпештаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година.Во рамките на меѓународната програма ќе се одржи свечена седница на Националното собрание на Унгарија, како и централен комеморативен собир на плоштадот „Лајош Кошут“. Сиљановска-Давкова ќе присуствува на работниот ручек којшто за шефовите на делегациите ќе го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака. По повод одбележувањето на 70-годишнината ќе се одржи гала-свеченост во Унгарската државна опера. Комеморацијата ќе заврши со прием во Музејот на ликовните уметности на плоштадот „Херои“, чијшто домаќин ќе биде премиерот на Унгарија, Петер Маѓар. За време на посетата на Унгарија, претседателката ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
СветЦените на нафтата пораснаа по напад врз нафтено поле во Саудиска АрабијаЦените на нафтата се зголемија по напад со беспилотно летало врз нафтеното поле „Шајбах“во Саудиска Арабија, при што загинаа две лица. Цената на нафтата од типот „Брент“ надмина 110 долари, додека „WTI“ се приближи до 98 долари. Инцидентот ги зголеми стравувањата од нови прекини во снабдувањето со енергенси, во услови на ескалирачки конфликт на Блискиот исток. Беспилотно летало изврши напад врз нафтеното поле „Шајбах“, кое е во сопственост на државната компанија „Сауди Арамко“. И покрај тоа што загинаа две лица, производните активности на локацијата не беа нарушени. Истовремено, соединетите држави наредија евакуација на дел од вработените во нивните дипломатски претставништва во Саудиска Арабија, како и на членовите на нивните семејства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00