Дали „џинот“ Трамп и „џуџето“ Ким лажат за вистинската висина?(фото) - Канал 5

Дали „џинот“ Трамп и „џуџето“ Ким лажат за вистинската висина?(фото)

Во официјалните податоци се наведува дека претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ун е висок 170 сантиметри, но изгледа дека овие бројки не се точни и дека тој е понизок за дури 5 сантиметри.

Дали „џинот“ Трамп и „џуџето“ Ким лажат за вистинската висина?(фото)
Историскиот самит на двете Кореи, кој беше одржан на 27 април во пограничното село Панмунџ, ја открил долго криената тајна за Ким Џонг Ун.
Имено, на фотографиите од самитот на кои се претседателите на двете Кореи, се гледа дека Ким е понизок од Мун Џае Ин, кој е висок 167 сантиметри, пишува "Daily mail". Тоа значи дека севернокорејскиот диктатор нема повеќе од 165 сантиметри, дури пет сантиметри помалку од тоа што го тврди Северна Кореја.
На фотографиите на двајцата лидери, на кои тие се поздравуваат и чекорат заедно на границата во Панмунџ, се гледа дека Ким е понизок од претседателот Мун, наспроти неговата фамозна фризура. Ниту еден од корејските лидери на самиот не носел чевли со повисоки потпетици од оние вообичаени за мажите. Висината на мажите од династијата Ким е чувствителна тема во Северна Кореја. Таткото на сегашниот лидер Ким Џон Втор, кој бил висок 158 сантиметри, носел кубански чевли за да изгледа повисок.
За висината на Ким зборувал и американскиот претседател Доналд Трамп минатата година, кога тие двајца се препукуваа:„Зошто Ким Џонг Ун би ме навредил нарекувајќи ме старец?Јас него никогаш не би го нарекол низок и дебел?“, напиша минатат година во ноември Трамп на Твитер. Потоа Трамп го нарече Ким „мал рекетар“, но овие препукувања сега се зад нив. Трамп и Ким наскоро би требало да остварат средба, а нивниот однос стана подобар.
Колку навистина се високи светските лидери?
Како и Ким, и Трамп бил обвинет дека лаже за неговата висина. На неговата дозвола од 2012 година пишува дека е висок 187 сантиметри, но неговиот доктор во медицински извештај во јануари навел дека претседателот има 190 сантиметри.
На фотографиите на кои Трамп стои покрај поранешниот претседател на САД Барак Обама, кој е висок 185 цм, се гледа дека Трамп нема 190 сантиметри. Трамп е секако еден од највисоките светски лидери, додека Ким убедливо е најнизок и висок е исто колку и германската канцеларка Ангела Меркел. Претседателот на Русија Владимир Путине висок 170 цм, додека претседателот на Кина Си Џинпинг е висок 175 цм. Францускиот претседател Емануел Макрон има 177 цм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. 

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“

На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава.

Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска.

Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех.

Македонија е наша татковина.

Независноста е наше наследство.

Иднината е наша заедничка обврска.

Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.

Честит 8-ми Септември!

Честити 35 години независна Македонија!

Движење ЗНАМ за наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово Охрид го стресе земјотрес од 3,9 степени

Утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.

Утрово Охрид го стресе земјотрес од 3,9 степени

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.

Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот:

https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112

Сеизмолошка опсерваторија

при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер