ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
БалканДали Бугарија сепак ќе оди на нови парламентарни избори?Пропаднаа ли и последните надежи за формирање политичка влада во Бугарија? Иако изгледаше дека четирите партии во бугарското Собрание се на чекор до конечен договор за стабилна влада, партијата на Борисов - ГЕРБ неочекувано ги прекина преговорите, поради несогласување со „Демократска Бугарија“ кој треба да биде следниот премиер, јавија бугарските медиуми. По вчерашната рунда состаноци, синоќа од прес-центарот на ГЕРБ, соопштија дека не е постигнат договор за персоналниот состав на идната влада и за името на кандидатот за премиер. Откако Демократтска Бугарија првично се спротивстави за името на Бојко Борисов како премиер, ГЕРБ понуди втора номинација - Росен Жељазков, но и оваа опција била отфрлена од Демократска Бугарија, што резултирало со прекин на преговорите, соопштија од партијата на Борисов. Според бугарските медиуми, „Демократска Бугарија“, која на изборите настапи во коалиција со „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков, не се согласува новиот кабинет да го предводи Росен Жељазков, кој важи за еден од најдоверливите луѓе на Борисов уште кога тој бил градоначалник на Софија. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека ќе им даде повеќе време на политичките лидери пред да го предаде првиот мандат, критикувајќи ги дека се однесуваат неодговорно. -Ги повикувам политичките партии да престанат да си играат со судбината на народот и иднината на државата. Ќе дадам уште малку време - неколку дена, со надеж дека преговарачите ќе сфатат дека нивната одговорност не е само пред нивната партија и гласачите, туку и пред целиот бугарски народ, изјави Радев. Според поранешниот амбасадор Јован Донев, иако ова е прва рунда на преговори, очигледните несогласувања ја зголемуваат веројатноста Бугарија да оди на нови предвремени избори. Како таквиот епилог би се одразил на македонските евроинтеграции со оглед на очекувањата на македонските власти за формирање стабилна политичка Влада за разговори со другата страна, Донев за Канал 5 вели тоа не зависи од нас, а наша домашна задача се внатрешните реформи. -Ова е прв круг, сигурно ќе има и прв, втор круг на преговори во Бугарија. Иако шансите така се помали, како се зголемува бројот на кругови се помали се шансите да се формира влада. Големи се шансите Бугарија да оди на нови избори. За нас што ќе значи? Ништо. Тоа е повисока сила, не можеме ние ништо да направиме тука. Единствено што може да направиме е да ги спроведуваме реформите, колку што можеме со засилено темпо, да не губиме време и друго решение немаме. Во овој случај ништо не зависи од нас, смета Донев. Дека големи се шансите Бугарите да одат на нови избори напролет, анализираат и бугарските медиуми. По повлекувањето на партијата на Борисов со мандат како најсилна партија, според дел од толкувањата, веројатноста вторите на изборите, коалицијата на Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија, да најдат поддршка за нивниот владин состав е речиси невозможна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац. Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес. Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје. Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаПлутон го губи статусот на планетаПлутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно. На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем. Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија. По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел. Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем. На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон. Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти. Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook