Дали би пробале пиво со вкус на вагина? (видео) - Канал 5

Дали би пробале пиво со вкус на вагина? (видео)

Благодарејќи на една полска компанија ќе имате прилика да пробате пиво кое има вкус на вагина. Нормално, доколку тоа ви е желбата.

Дали би пробале пиво со вкус на вагина? (видео)
Пивото се произведува од бактерии настанати во женскиот полов орган, а идејата привлекла големо итнересирање.

Пивото „Bottle instinct” е првото пиво кое за ферментација ги користи бактериите од вагината, и тоа не било какви. За тие потреби, своите им ги позајмила чешката манекенка Александра Брендлова.

Иако звучи како шега, кон сето тоа е пристапено многу сериозно. Процесот вклучува и земање на гинеколошки примерок кој се испраќа во лабораторија каде бактериите се изолираат и се множат.

Потоа се комбинираат со останатите вообичаени состојки за пиво како што се хмељ, јачмен, квасец и вода за да се добие посебното пиво.

Во планот и проширувањето на понудата на пиво на BDSM пиво и blondе пиво – пиво со вагинални бактерии од русокоса.

Освен тоа, доколку донирате поголем износ, великодушно тие ќе направат пиво од вагината на вашата девојка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Патничкото возило Ford, Transit Custom, Tourneo Custom е предмет на отповикување поради идентификуван ризик за потрошувачите.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Повлекувањето се однесува на Transit Custom, Tourneo Custom модел или модели, а видот на ризик е: Ризик од пожар.

Овој случај е заведен под отповикување број 130/2026, од 13.10.2026 година. Категоријата на случај е отповикување на производи за потрошувачи.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивната копија е покриена со повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот на Форд или надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани. 

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несудената снаа на Трамп мора да си замине- Вашингтон бара оставка од амбасадорката на САД во Грција

Номинираната на Трамп, Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, е замолена да поднесе оставка откако беше критикувана за наводно несоодветно и евентуално нелегално однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина.

Несудената снаа на Трамп мора да си замине- Вашингтон бара оставка од амбасадорката на САД во Грција

Номинираната на Трамп, Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, е замолена да поднесе оставка откако беше критикувана за наводно несоодветно и евентуално нелегално однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина, изјави денеска новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закаријас.

Барањето за заминување дојде откако нејзиното можно заминување беше објавено на Асошиејтед Прес во текот на викендот, додека американскиот претседател Доналд Трамп јавно вчера го изрази своето незадоволство од извештаите за наводното однесување на Гилфојл.

„Па, го разгледуваме тоа. Не сме задоволни“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, кога беше прашан дали размислува да ја отпушти Гилфојл.

Неговата изјава дојде еден ден откако АП, повикувајќи се на висок американски функционер, објави дека Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио биле „екстремно лути“ поради извештаите за однесувањето на Гилфојл и веројатно ќе донесат одлука за нејзината иднина оваа недела.

Закаријас изјави за време на нејзиниот прв брифинг за медиумите дека Гилфојл „беше многу важен дел од нашиот тим и ѝ посакуваме се најдобро“.

Не беше веднаш јасно дали Гилфојл поднесе оставка.

Во серија статии објавени од крајот на минатиот месец, „Волстрит џурнал“ изнесе обвинувања за сомнително однесување на Гилфојл, вклучувајќи обвинувања дека таа му се заканувала на функционер од земјата домаќин, прифатила несоодветни подароци и услуги и понудила да го искористи своето влијание во американската администрација во замена за отплата на голем долг на кредитна картичка.

Адвокатите ги негираат обвинувањата

Гилфојл не го коментираше директно извештајот. Сепак, нејзините адвокати, во соопштение објавено доцна во неделата, негираа какво било кривично дело.

Тие рекоа дека парите што ги побарала од донатор на Трамп не биле подарок, туку надомест за услуги за кои не била платена. Тие рекоа дека парите биле за јавни настапи и говори што ги одржала пред да биде номинирана за амбасадор.

Адвокатите Дејвид Шварц и Џеси Бинол, исто така, ги негираа обвинувањата за несоодветност во врска со нејзиното патување со приватен авион.

Тие рекоа дека пред секое такво патување, Гилфојл „барала, добила и се придржувала до упатствата и прописите за патување на Стејт департментот“.

Рубио ја брани амбасадорката, а потоа ги напаѓа новинарите

Откако се појави првиот извештај, Рубио ја бранеше Гилфојл, но подоцна одби јавно да коментира за растечките обвинувања.

Минатата недела тој рече: „Нашата амбасадорка тука ја заврши својата работа на силен начин“.

Но, откако беше објавен новиот извештај, Рубио ги нападна новинарите кои го прашаа за обвинувањата во четврток, кратко пред да ја напушти Атина. Тој рече дека не знае дали се вистинити и нема да одговори на прашања на кои не може да даде потврден одговор.

„Шетате наоколу мислејќи дека нешто што ви го кажал извор, а потоа го објавил, е Светото писмо. Тоа не е Светото писмо. За мене тоа не е Светото писмо. Не работиме така“, рече Рубио до авионот, додека Гилфојл стоеше во близина, придружувајќи го.

Истрага на Стејт департментот

Друг американски функционер, кој исто така зборуваше под услов на анонимност поради чувствителноста на кадровските прашања, рече дека генералниот инспектор на Стејт департментот ги истражува обвинувањата за однесувањето на Гилфојл.

Сепак, тој не можеше да потврди дали е започната формална истрага. Генералните инспектори честопати прво спроведуваат неформални прегледи на жалбите на вработените, кои не мора нужно да ескалираат во формална истрага што би можела да доведе до дисциплинска мерка, вклучително и отпуштање од работа.

Стејт департментот одби да коментира за можноста за истрага.

Демократите бараат истрага

Двајца од врвните демократи во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, конгресменот Грегори Микс од Њујорк и сенаторката Џин Шахин од Њу Хемпшир, како и Роберт Гарсија, врвниот демократ во Комитетот за надзор и владини реформи на Претставничкиот дом, веќе побараа истрага за однесувањето на Гилфојл.

Од крајот на септември, „Волстрит џурнал“ објави неколку статии за наводното недолично однесување на амбасадорот.

Во првиот извештај се наведува дека Гилфојл им кажала на гостите на прием дека САД можат да ја поткопаат грчката влада ако сакаат. Весникот, исто така, објави дека таа ги промовирала деловните интереси на грчка градежна и енергетска компанија и му дозволила на нејзиниот лобист да присуствува на доверливи дипломатски состаноци.

За време на посетата на Рубљов на Атина, „Волстрит џурнал“ објави, повикувајќи се на текстуални пораки, дека Гилфојл побарала од донатор и поддржувач на Трамп да ѝ ја плати сметката од кредитна картичка од 100.000 долари непосредно пред нејзиното сослушување за потврда. За возврат, таа наводно му ветила пристап до претставници на американската администрација.

Весникот потоа објави дека Гилфојл била бесна што не била поканета на настан со грчка тематика за време на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, претходно оваа година.

Таа наводно барала да присуствува на настанот, а воедно се фалела и со луксузни патувања во Франција со раководители на енергетски компании.

Британскиот таблоид „Дејли меил“ објави уште еден извештај во кој се тврди дека Гилфојл ги нарушила односите со вработените во американската амбасада во Атина и ги надминала границите на однесување што му доликуваат на највисок претставник на американската влада во Грција.

Гилфојл е поранешна водителка на „Фекс њуз“ и поранешна обвинителка од Калифорнија.

Таа била во брак со Гевин Њусом, демократскиот гувернер на Калифорнија, а подоцна се свршила со Доналд Трамп помладиот, син на американскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер