Дали би платиле 200.000 евра за стан од 40 метри квадратни во Белград? - Канал 5

Дали би платиле 200.000 евра за стан од 40 метри квадратни во Белград?

Не е лесно да се процени дали и колку вреди некој стан, бидејќи приоритетите на луѓето се различни. 

Дали би платиле 200.000 евра за стан од 40 метри квадратни во Белград?

Некој не може да го замисли животот надвор од центарот на градот, а некој повеќе би сакал да најде прибежиште на периферија, во природа, без бучава и гужва.

Сепак, можеме да се согласиме дека некои недвижнини имаат традиционално висока цена, пред сè, поради локацијата. Без оглед на нивната состојба, добро котираат, бидејќи полесно е да се уреди стан, отколку да се одбере "погрешно место на живеење“.

Од друга страна, искуството на агентите покажува дека срцето на градот секогаш е најценето.

Имено, во моментов се продава недвижен имот од околу 40 метри квадратни на улица околу Трг Републике во Белград за повеќе од 200.000 евра, поточно, цената по метар квадратен е 5.300 евра. Потсетуваме, оптималната цифра за овој дел од градот е околу 3.000 евра за метар квадратен.

Едноставно, пазарот на недвижности е во експанзија, па сопствениците можат да формираат цени по лична проценка, а сепак да најдат клиент.

Сепак, треба да се има предвид дека оваа квадратура на стан е идеална, моментално најбарана величина на стан е од 40-55 м2.

Друга важна ставка која диктира повисока цена е катот на кој се наоѓа станот. Конкретно, овој стан е на вториот кат во зграда со 4 ката која е староградба.

Понатаму во огласот пишува: едноставен и функционален салон на престижна локација во градската општина Стари Град, на неколку минути пеш од Калемегдан, а од другата страна Теразије и други атрактивни места".

Интересно е што во описот на самиот стан, бројот на собите, времето кога е изградена зградата и сл. се наоѓаат на самото дно, што наведува на тоа колку на потенцијалните клиенти им е важна локацијата. Сопственикот на станот го препознал тоа и го ставил во првите редови. Пред сè, за вакви недвижности се интересираат странци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Во вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. 

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција.

Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање.

Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот.

Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците.

На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори.

Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“.

Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче.

Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори.

Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²).

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер