Дали Белград и Приштина се на чекор до прифаќање на Европскиот предлог? - Канал 5

Дали Белград и Приштина се на чекор до прифаќање на Европскиот предлог?

Дали Белград и Приштина се на чекор до прифаќање на Европскиот предлог за нормализирање на односите? 

Дали Белград и Приштина се на чекор до прифаќање на Европскиот предлог?

По вчерашните мартонски состаноци во Брисел на Вучиќ и Курти со челниците на ЕУ, шефот на европската дипломатија Борел кажа дека тие постигнале начелна согласност за документот, па затоа тој беше и официјално објавен на веб страната а Комисијата.

Текстот содржи 11 точки, кои меѓудругото предвидуваат дека Србија и Косово признаваат неповредливост на границите, почитување на територијалниот интегритет и заштита на националните малцинства.

Особено значајна е точката 4 од предлогот која предвидува дека ниту една од страните не може да ја претставува другата во меѓународните односи, а Србија нема да се противи на членството на Косово во било која меѓународна органзација, што де-факто се толкува како признавање на независноста на Косово.

Борел рече дека останува уште страните да се договорат за спроведувањето на Договорот.

-Задоволство ми е да објавам дека претседателот Вучиќ и премиерот Курти денеска се согласија дека веќе не се потребни натамошни разговори за предлогот на Европската унија, предлогот кој има наслов „Договор за патот кон нормализацијата меѓу Косово и Србија “, -Жозеп Борел – Висок претставник на ЕУ за надворешна политика.

Сепак, Вучиќ и Курти на различен начин го интерпретираа состанокот. Косовскиот премиер рече дека бил подготвен да стави потпис на документот, но тоа не се случило поради неподготвеноста на српскито претседател, кој за причините се очекува вечерва да говорои во обраќање до јавноста. Вучиќ синоќа кажа дека клучна за нив останува реалзиација на обврската за формирање на ЗСО.

-Се надевам дека ќе успееме да постигнеме некакви компромиси, но се плашам дека ќе останеме заглавени во нешто што одамна требаше да биде исполнето. Господинот Курти дојде со идеја дека нешто ќе се потпише, за такво нешто не разговаравме и такво нешто не е прифатено, истакна -Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

-Јас не потпишав бидејќи другата страна не беше подготвена да потпише. Јас ја изразив мојата подготвеност и интерес да го потпишам текстот. Сметам дека е штета што не потпишавме денеска бидејќи се договоривме, -Албин Курти – Премиер на Косово.

Во Брисел официјално преговорите ги води ЕУ, но таму посебни средби со Вучиќ и Курти имаше и високиот американски дипломат Габриел Ескобар.. За разлика од оптимизмот на Борел, по средбите, тој беше воздржан околу брзото затворање на прашањето..

-Засега се што имам да кажам е дека имаме уште многу работа.-Габриел Ескобар – Заменик – помошник државен секретар на САД.

Според временската рамка што ја кажа Вучиќ синоќа, ЕУ очекува конкретен исход до 24 март, за кога планира извештај од кој ќе зависи напредокот во евроинтеграциите... Дали дотогаш е можно решение, се очкува да биде појасно по средбата во Скопје, на 18 март..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пред „Ламборџини“ и „Ферари“, полицијата во ОАЕ го имаше ова „Порше“ (ФОТО)

Историскиот модел „Порше 924“, кој некогаш го користела полицијата во Обединетите Арапски Емирати, е реставриран.

Пред „Ламборџини“ и „Ферари“, полицијата во ОАЕ го имаше ова „Порше“ (ФОТО)

Денес, полициските возила во Обединетите Арапски Емирати се познати по своите егзотични модели – од суперавтомобили до електрични возила со високи перформанси.

Сепак, традицијата на користење спортски автомобили за полициски цели започнала пред речиси половина век – со моделот „Порше 924“.

Компанијата „Порше“ штотуку заврши темелна реставрација на ова историско возило, која ја изведоа експерти од центрите на „Порше“ во Абу Даби и Ал Аин.

Произведен во 1979 година, овој автомобил бил првиот спортски модел во возниот парк на федералната полиција на ОАЕ.

Неговата конкретна задача била да ја придружува кралицата Елизабета Втора за време на нејзината прва официјална кралска посета на тогаш новата држава.

За време на реставрацијата, посебно внимание било посветено на враќање на автомобилот во неговата првобитна состојба.

Полициските ознаки не биле направени со помош на налепници, туку биле исцртани рачно, исто како што биле и на оригиналното возило.

Реставрираниот „Порше 924“ ќе има јавно деби на фестивалот „Икони на Порше“ (Icons of Porsche) во Дубаи, на 21 и 22 ноември.

Потоа, автомобилот ќе биде изложен во музејот „Ал Макта“ во Абу Даби.

Моделот што ја промени историјата на „Порше“

„Порше 924“ беше претставен во 1976 година, а првично бил развиен за „Фолксваген“ како наследник на моделот „VW-Porsche 914“.

Кога „Фолксваген“ се откажа од проектот во 1974 година, „Порше“ го презеде развојот и го претвори во свој, подостапен спортски автомобил.

Тоа беше првиот сериски модел на „Порше“ со мотор поставен напред и систем за водено ладење.

Дволитарскиот четирицилиндричен мотор – преземен од „Ауди“ – развива 123 коњски сили.

Менувачот и диференцијалот биле поставени назад, што овозможило порамномерна распределба на тежината и подобри возни карактеристики.

И покрај почетните критики од традиционалните љубители на брендот, моделот 924 доживеа комерцијален успех. Понудата подоцна беше проширена со верзиите „924 Turbo, Carrera GT“ и „Carrera GTS“, а моделот исто така послужи како основа за развојот на „944“.

Производството заврши во 1988 година, при што беа изработени приближно 325.000 примероци од 924 и неговите варијанти.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!

Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе Алта банка, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.  

Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!

„Прв сведок на надзорната расправа беше Христијан Мицкоски, а кога нема одговор, спинува и лаже. Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе во деловни односи со Алта банка Србија“, рече Филипче.

Филипче посочи дека Владата на СДСМ не дала согласност за продажба на акциите што ги поседувало Министерството за финансии, но дека Мацура добил согласност од Босна и Херцеговина. Сосема спротивно на лагите на Мицкоски владата на СДСМ ги штитела државните интереси и интересот на граѓаните и не влегла во односи со Алта банка.

„Давор Мацура од нашата Влада, на СДСМ, не добил дозвола да ги откупи акциите кои се на Министерството за финансии. Ама добива дозвола од Босна и Херцеговина и така се стекнува со над 90 отсто од акциите во Белградската Алта банка. Тоа по срспките закони му дало можност да ги откупи и останатите“, изјави Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека на 24 октомври 2023 година, тогашната Влада донела заклучок што Мицкоски денес го претставил како одлука за воспоставување деловни односи со Алта банка со којшто го заштила државниот интерес, односно да ангажира државен правобранител кој ќе ги брани интересите на Македонија во Србија.

„Еве ја одлуката, заклучокот од владината седница да се ангажира државното правобранителство како орган кој го штити државниот интерес, да влезе во комуникација со српските институции, со цел да се заштити државниот интерес на Македонија“, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!

Еден од најдобрите возачи во изторијата на Формула 1 легендарниот Михаел Шумахер, се здоби со сериозни повреди при скијачка несреќа во Француските Алпи на 29 декември 2013 година. 

Прекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!

Таа несреќа му го промени животот. Следните 250 дена ги помина во индуцирана кома, по што беше префрлен на домашно лекување.

Сè до денес, Шумахер нема излезено во јавноста, а никој, освен неговото најтесно семејство и членовите на медицинскиот тим, не ја знае неговата вистинска здравствена состојба.

Тој го поминува времето меѓу своите домови во Швајцарија и на Мајорка, каде што има 24-часовна нега.

На тој кобен ден, Германецот падна додека скијаше. Потоа, со хеликоптер беше пренесен од Мерибел до болницата.

Пилотот на хеликоптерот, Јаник Дајнез, за ​​првпат излезе во јавноста со детали за настанот. Тој знаел за кого станува збор, а бидејќи се работи за јавна личност, од екипажот било побарано максимално да ја заштитат неговата приватност.

Затоа, сите добиле насоки да ги отстранат микрофоните и камерите од типот „GoPro“. На местото на несреќата биле преземени и безбедносни мерки.

Луѓето од опкружувањето на Шумахер го обезбедија просторот и ги спречија присутните да фотографираат или снимаат, со цел да се избегне евентуално објавување на материјалот.

За атмосферата во самиот хеликоптер, тој изјави: – Се обидов да се однесувам кон Шумахер како кон кој било друг тешко повреден човек. Сепак, внатре чувствував притисок. Луѓето го обожаваа како бог, иако јас не бев љубител на Формула 1.

Летот до Универзитетската болница во Гренобл траеше околу 25 минути, по што Шумахер им беше предаден на лекарите. Колку вниманието на јавноста беше насочено кон Шумахер, му стана јасно за време на вториот лет до истата болница, неколку дена подоцна.

– Она што го видов ме шокираше: насекаде имаше толку многу автобуси, црвени знамиња и луѓе, што целиот болнички комплекс изгледаше како патека за Формула 1. Беше неверојатно.

Објаснувајќи зошто молчел за сето тоа цели 13 години, Јаник рече:

– Не сакав да зборувам со медиумите за да избегнам проблеми. Освен тоа, немам исти адвокати како семејството Шумахер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер