ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка
2ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
АвтомобилизамДали автомобилската индустрија заминува од Европа во САД„Нема да го преселиме постоечкото производство во САД. Но, поверојатно е дека следните фабрики ќе ги изградиме во Америка. Постои ризик дека Европа ќе загуби од оваа прераспределба.“ Оваа изјава на Клаус Розенфелд, шеф на Шефлер, четвртиот по големина германски производител на автоделови со повеќе од 80.000 вработени ширум светот, одразува важен тренд: автомобилската индустрија се повеќе го преместува своето производство од Германија и од други места во Европа во Кина и Северна Америка. „Постојат многу причини зошто автомобилската индустрија ги напушта Германија и Европа“, изјави за ДВ Стефан Шнебергер, менаџер во Berullys Strategy Advisors, консултантска фирма специјализирана за автомобилска индустрија. Главната причина за селењето се скапите енергенси. Цените на струјата во ЕУ се два до три пати повисоки отколку во САД. „Но, построгите регулаторни барања на кои е изложена индустријата во ЕУ и Германија, исто така, се во прилог на селењето. И, се разбира, субвенциите што моментално се нудат во САД се исто така примамливи.“ Сепак, овие милијарди субвенции се поврзани со климатските технологии како што е електромобилноста. Американските субвенции само за климатски прифатливи технологии Поради плановите за преместување на производството, ќе опадне и бројот на автомобили што треба да се произведуваат во Европа во периодот од 2023 до 2029 година, според сегашната анализа на Берулис. Но, овој тренд, од друга страна, предизвикува многу попозитивни прогнози за другите региони во светот. Глобалното производство на возила дури се очекува да расте, иако послабо од предвиденото во 2021 година. „Сегашните прогнози ги покажуваат негативните ефекти од надворешниот шок предизвикан од војната во Украина, како и корекции на премногу оптимистичките прогнози од 2021 година во поглед на крајот на ограничувањата поврзани со пандемијата и кризата со чиповите“, објаснува Шнебергер. Загуба на 100.000 работни места во Германија Според анализата, во наредните години се очекува разлика во производството од околу четири милиони возила меѓу Германија и САД. Преместувањата, како оние што неодамна ги најавија Ауди и Форд, би го засилиле овој тренд. Како резултат на тоа, се предвидуваат загуби до 100.000 директно засегнати работни места и пад на бруто домашниот производ (БДП) во Германија од 0,6 проценти во 2029 година. Во овој контекст, проект менаџерот Шнебергер посочува дека важноста на автомобилската индустрија во Германија е поголема отколку во соседните европски земји. „Тука нејзиниот удел е речиси пет отсто од БДП, што значи дека падот особено ќе влијае на германската економија. Дополнително, паѓа и конкурентската предност на германските производители на автомобили и автоделови, која главно се поврзуваше со моторите со внатрешно согорување“. И на Америка и требаат електрични автомобили Но, тоа е речиси минато. Бидејќи покрај дигитализацијата, проширувањето на алтернативните погони е еден од мегатрендовите во автомобилската индустрија. Во САД, крајот на моторот со внатрешно согорување е исто така на повидок, но сепак побавно отколку во Европа или Кина. За споредба: во моментов добри 14 отсто од новите регистрирани возила во Германија се чисто електрични, во Кина, најголемиот пазар за електрични автомобили, тоа е 21 отсто, а во САД помалку од шест отсто. Ова би можело значително да се промени во блиска иднина. „Времињата кога електричните возила беа феномен ограничен на западниот брег на САД се во минатото“, вели за ДВ Хенинг Лудс, американски експерт за автомобилскиот пазар и партнер во Берилс Стратеџи Советници. Според Лудс, кој соработувал на соодветната анализа, САД веќе се во директна конкуренција со Европа за второто место како најважен светски пазар за електрични автомобили, веднаш зад Кина. Продажбата на такви возила се очекува да надмине шест милиони единици годишно во САД во 2030 година, што одговара на пазарен удел од околу 40 проценти. „Неодамнешните најави на американското Министерство за енергетика за построги стандарди за економичност на горивото и најавата на американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА) за ограничување на емисиите на CO2 би можеле да го зголемат пазарниот удел на електричните автомобили во САД до 60 отсто до 2030 година. “, вели Лудес. На американскиот пазар најмногу се продаваат пикап камионите Најголем предизвик за германските компании ќе бидат специфичните потреби на американските клиенти кои не се многу запознаени со електромобилноста. Ова вклучува специјални модели на возила. „За разлика од Европа, теренците и пикапите ќе сочинуваат повеќе од 75 проценти од пазарот на чисто електрични автомобили“, вели Лудс. „Фордовиот пикап F-150 останува најпродаваното возило на американскиот пазар“. Дојче веле - БонКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денариЖивотот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа. Вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец. Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат. Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно. Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните. Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата. Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот. Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери. Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат. Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 21.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделкаСДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка.Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со случајот Алта банка, СДС сега замерка му најде и на јавната аукција. СДС и Филипче отвораат нова епизода од политичката кампања, обидувајќи се јавна и транспарентна постапка, како што е јавната аукција за Алта банка, да ја претстават како тајна зделка. Да потсетиме, СДС претходно лажеше за наводни сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, финансиски одливи, како и сценарија за пропаѓање на банката и загрозување на средствата на граѓаните. Но, на крајот, како и многу пати до сега нивните најави, обвинувања и црни сценарија не се остварија. Наместо да се води сериозна дебата заснована врз факти, СДС само се обидува да создаде недоверба и вознемиреност кај јавноста преку вакви политички конструкции. Да беа толку посветени на партиската консолидација, на подготовка на програма и понуда до граѓаните, СДС и Филипче ќе го имаа подобрено и рејтингот, кој им е на прагот на статистичка грешка. Но, ваквите очајни обиди на партискиот талог на СДС и Венко Филипче, за ситни политички поени, нема да остане засекогаш тага. Во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело казниво со казна затвор за секој оној, кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните заслужуваат транспарентност, проверливи информации и одговорност од сите политички чинители, а не обвинувања без докази и создавање непотребна паника, како што во изминатиот период прават СДС и Филипче. Јавноста има право да ги знае фактите, политичките обвинувања не смеат да бидат замена за аргументи и докази. Веќе е доста ширеше на лажни вести и информации, со цел креирање хистерија и паника кај граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДенес е Св. Архангел Михаил Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел Михаил, една од најчестите слави кај нас. Денес задолжително помолете се за здравје на најблиските и простете им на тие што ви згрешиле, за да ви се исполни најголемата желба. Именден слават сите што носат име Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка... Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.) Господ ги создал ангелите. На почетокот сите ангели биле добри, но потоа некои од нив се одметнале и почнале да прават злодела, па тие се познати и како ѓаволи. Архангел Михаил уште е познат и како војвода на ангелите, затоа што кога Луцифер се отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден од ангелите, тој застанал на чело на неотпаднатите ангели и прв се впуштил во борба против злото. Затоа на фреските и иконите Архангел Михаил најчесто е претставен како борец - војвода, со меч, а според некои верувања се смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души на кои им чукнал часот. Друго верување е дека ако овој Архангел се појави над главата на некој што е болен, тогаш тој ќе оздрави. Постојат голем број приказни за чудотворните исцелувања на ангелот – на еден маж му се јавил на сон и му рекол дека неговата ќерка ќе оздрави ако се измие на еден извор. За друго негово чудо се смета и спасувањето на момчето Василиј Карастирис, кое паднало и сериозно ја повредило главата. На Василиј морало да му биде направена итна операција, а лекарите предвидувале дека момчето ќе остане слепо и со парализа на ногата и раката. Момчето раскажувало како додека го подготвувале за операција, пред себе видел светлина, а во неа храм со високи ѕидови и пред него бил Архангелот кој му рекол: „Дојди тука, Василиј! Не плаши се, ќе оздравиш. Јас ќе ја водам раката на лекарот и операцијата ќе биде успешна“. Момчето навистина оздравело, а најинтересно е што операцијата била направена на 21-ви ноември, денот кога се слави Архангел Михаил. Од овие причини, Свети Архангел Михаил е една од најчестите слави како кај нашиот, така и кај другите православни народи. На денешен ден верниците одат во црква и се молат за свое, но и за здравје на своите најблиски. На Аранѓеловден слават сите што носат име поврзано со архангелите Михаил, Михајло, Мијалче, Михаела, Михајела, потоа Ангел, Ангелина, Ангела, Ангелче, Аранѓел, Аранѓелка. Во некои семејства именден слават и Гаврил и Габриела, бидејќи празникот е посветен на сите архангели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter