Далај Лама пристигна во Њујорк - Канал 5

Далај Лама пристигна во Њујорк

 Далај Лама Духовен лидер на тибетскиот будизам Далај Лама синоќа пристигна во Њујорк каде ќе му биде извршена операција на колената.

Далај Лама пристигна во Њујорк

Далај Лама беше пречекан од стотици приврзаници и почитувачи на неговото дело.

Далај Лама беше принуден да замине од Тибет за Индија во 1959 година под притисок на кинеските власти. Оттаму тој се бори за поголема автономија на Тибет. Во 1987 година ја доби Нобелова награда за мир.

Сè уште не се знае дали во текот на оваа посета Далај Лама ќе се сретне со американски владини претставници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ден „Д“ за имињата на улиците на Тетово и за судбината на општинскиот совет

Ќе има ли расплет за преименувањето на тетовските улици на утрешната седница на општинскиот совет?

Утре ден „Д“ за имињата на улиците на Тетово и за судбината на општинскиот совет

Откако Уставниот суд ја поништи одлуката од 2007ма година за која Општина Тетово не добила согласност од Владата за менување на имињата, сега пред актуелниот состав е нова иницијатива од ДУИ. Во неа повторно се предлагаат имињата кои беа во осопорената одлука, но дел се сосема други улици, па затоа предлогот го третираат како целосно нов и очекуваат да биде прифатен од советниците. Од партијата на Ахмети за Канал 5 велат дека тој потег не би предизвикал распуштање на советот, иако според Законот за локална самоуправа, Советот се распушта ако повторно го донесе прописот кој претходно бил поништен или укинат со одлука на Уставниот суд.

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи оценува дека неизвесно е дали воопшто оваа точка ќе биде ставена на дневен ред за да се расправа и гласа, а според него неизвесно е како тоа ќе се рефлектира при евентуални нови избори за совет.

-И истите се обидуваат од тоа да профитираат, односно ДУИ што ја има направено грешката во минатото, да се обидат да ја поправат но за политичка цел. Но од тоа што вчера видовме дека имаше многу мал број кои излегоа на тој протест, се разбира дека двете структури ќе тактизираат за одлуката утре, но топката е во Влен кои ќе одлучуваат дали ќе одат на предвремени избори за советот на Тетово или не.- Љуљзим Фаризи – политички аналитичар

Протестниот марш против одлуката за променетите имиња на улиците кој синоќа се одржа во Тетово беше во организација на ДУИ.

Учесниците носеа пароли „Историјата не се брише и улиците зборуваат албански“, Ова е Тетово, а не Белград“, „Титовлен“, пораки кои на крајот ги залепија на влезот од општинската зграда.

Денеска од Уставен се огласија преку писмена реакција- да не се политизираат одлуките на судиите, судот нема да подлегне на политички притисоци.

-Посебно сакаме да нагласиме дека за Судот нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично. Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка. - велат од судот.

Освен во Тетово, иницијатива за промена на улици со имиња на борци на ОНА има и во Чаир, Командант Тели и Зекирија Хасани. Советот дал согласност, но засега нема одговор дали имало и Бадентерово мнозинство, како што налага законот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брза помош: Во просек по тројца повредени возачи на тротинети на скопските улици

Потрес на мозок, повреди на клучната коска, скршеници на раце и нозе, гребаници по лицето.

Брза помош: Во просек по тројца повредени возачи на тротинети на скопските улици

Со вакви повреди најчесто во болница се завршува по пад од тротинет, а Итната медициска помош во просек периодов има по три случаи дневно. Млади луѓе и по забава во кафеана ноќе, се качуваат на тротинет, и бидејќи се во алкохолизирана состојба често завршуваат со посериозни повреди, алармираат од Итната медицинска помош. И движење од 25 км на час може да биде смртоносно, а потрес на мозок е често бидејќи ретко кој носи заштитна кацига, вели д-р д-р Елена Карева Пиловска.

При губење на свест по пад од тротинет, треба да се побара итна медицинска помош. Ако лошо се падне особено на глава во наредните 72 часа е неоходна внимателност, бидејќи симптомите може да се манифестираат и подоцна. Д-р Пиловска појаснува дека граѓаните што ќе затекнат лице кое паднало од тротинет треба да знаат дека ако има сомнеж за повреда на р`бетот не смее да се поместува.

За ваквите случаи да станат минато се смени и законот, а измените наскоро треба да стапат на сила. Па, малолетниците нема да смеат да користат тротинет, ниту да се возат по двајца, а ако бидат фатени, родителите ќе треба да праќаат најмногу 275 евра казна, а тротинетот ќе им биде одземен. Максимална дозволена брзина на движење ќе биде 20 км на час.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај

Нема крај на врсничкото насилство во земјава. Шеснаесетгодишник од скопски Сарај е приведен, откако по расправија, со нож тешко повредил 14-годишен малолетник. 

16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај

Од СВР Скопје информираат дека инцидентот се случил вчера доцна попладнето, прво, пред угостителски објект каде што дошло до физичка пресметка, а потоа и пред локална продавница.

Постариот малолетник го нападнал со остар предмет 14-годишникот, нанесувајќи му тешка телесна повреда на момчето, кое возвратило со тврд предмет и му нанел повреда на напаѓачот. По целосно документирање на случајот, против повозрасниот малолетник ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер