Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
ЖивотДалај Лама го прославува 90. роденденТибетскиот будистички духовен водач Далај Лама денеска го прославува 90 роденден во будистичкиот храм во Дарамсала, северна Индија, каде живее во егзил.Меѓу присутните беа претставници на индиската Влада, како и холивудската ѕвезда Ричард Гир, кој со децении се залага за тибетските права. Далај Лама истакна дека негова задача е да му служи на својот народ и да го шири учењето на Буда, според преводот од тибетскиот јазик. - Ја изгубивме нашата земја и живееме во егзил во Индија, но успеав да направам многу добро за суштествата. Затоа, живеејќи овде во Дарамсала, планирам да им служам на суштествата и на дармата колку што можам, изјави вчера Далај Лама. За Пекинг Далај Лама е сепаратист и инсистира Кина да го одобрат неговиот наследник како наследство од империјалното време. Претходно, Далај Лама изјави дека ќе се реинкарнира во „слободен свет“. Тибетските будисти веруваат дека ламите по нивната смрт се реинкарнираат. Сегашниот Далај Лама имал две години кога еден будистички научник во него видел реинкарнација на неговиот претходник. Тој избегал од Тибетска Висорамнина во 1959 година, патувајќи низ светот проподевајќи мир. Далај Лама во 1989 година е награден со Нобелова награда за мир, а во 2011 година го прекина политичкиот ангажман.Тагови: Далај Лама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животиЗасилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција. Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот. Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација. Намали брзина. Спаси живот. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилнициПрво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент.Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во СДС кои ја имаат киднапирано оваа партија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморениАктивноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите. Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период. На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето. Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот. Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМомчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16