Дајмлер ќе го укинува симпатичниот Смарт - Канал 5

Дајмлер ќе го укинува симпатичниот Смарт

Малиот Смарт не носи профит , па германската компанија наскоро може да го стави на црната листа.

Дајмлер ќе го укинува симпатичниот Смарт

Германскиот гигант Дајмлер ги решава работите без многу емоции . Додека се задоволни од Мерцедес , со Смарт и загубите што ги акумулира , губат трпение. Директорот Ола Калениус вели дека ,,не гледа проблем и да убие марка , ако е тоа потребно.”

Смарт од својот старт во 1998 насобра милијадри загуби , а немаше ни резултати од соработката со Рено. Со последното реструктуирање било решено Смарт да стане електричен урбан автомобил , но за тоа се потребни дополнителни вложувања.

Се проценува дека само минатата година малиот Смарт генерирал загуби од 500 до 700 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од западнонилска треска почина 70-годишник од Драчево

Од западнонилска треска почина и 70 годишник од Драчево.  Ова е осма жртва на вирусот Западен нил во земјава.

Од западнонилска треска почина 70-годишник од Драчево

Починатиот се лекувал на Инфективната клиника.. Пацинтот бил во критична состојба и имал придружни болести..

Според последните информации бројката на заболени од вирусот оваа година е 55 лица, а сите починати биле мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски по состанокот со Виткоф и Кушнер: Ќе се сретнат и со европските партнери

Американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат две сесии разговори во Киев за начините за завршување на војната во Украина.

Зеленски по состанокот со Виткоф и Кушнер: Ќе се сретнат и со европските партнери

Американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат две сесии разговори во Киев за начините за завршување на војната во Украина, прво со украинската страна, а потоа и со европските партнери, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со Виткоф и Кушнер во Киев.

„Многу е важно што делегацијата пристигна тука. Долго време ги чекавме Стив и Џаред и му благодариме на претседателот Трамп што им дозволи да дојдат. Ова е важно од од гледна точка на безбедноста“, нагласи Зеленски, пренесува Укринформ.

Коментирајќи го фактот дека Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев со воз од Полска, а не со авион од Москва откако претходно се сретнаа таму со рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски рече дека „Русите покажаа со своите напади дека не можат да се користат авиони“.

„Сè подготвивме, нашите авиони работат“, рече тој.

Кушнер и Виткоф пристигнаа во Киев порано денеска со воз од Полска, каде што нивниот авион слета утрово по синоќешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Ова е прва заедничка посета на двајцата американски претставници на Киев од почетокот на војната во 2022 година.

Зеленски претходно изјави дека целта на Киев е посетата и разговорите со американската страна да бидат што е можно поконструктивни и суштински.

Специјалните претставници на американскиот претседател беа вчера во Москва, каде што се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин.

Според медиумските извештаи, разговорот меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траел повеќе од три часа.

Путин вчера нареди да не се вршат напади врз Киев три дена почнувајќи од полноќ поради подготовката и одржувањето состаноци меѓу украинските и американските претставници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одеса сака да го забрани рускиот јазик на јавни места: Може да биде провокација

Градскиот совет на Одеса, третиот по големина град во Украина, оваа недела одлучува за контроверзен предлог за забрана на рускиот јазик во уметноста. 

Одеса сака да го забрани рускиот јазик на јавни места: Може да биде провокација

Одлуката би ги проширила постојните државни законски ограничувања, што е особено значајно бидејќи Одеса е град каде што најмногу се зборува руски. Забраната би се однесувала само на јавни простори, додека приватната употреба на јазикот нема да биде опфатена, пишува Би-Би-Си.

Рускиот е мајчин јазик на милиони Украинци, вклучувајќи многу војници кои ја бранат земјата од руската агресија. Сепак, украинскиот е единствениот службен јазик и го зборува мнозинството од населението, а дел од јавноста го перцепира рускиот јазик како средство за руско влијание. Предлогот што беше доставен до советниците во Одеса, град кој секојдневно е цел на руски беспилотни летала и ракети, предизвика поделени мислења.

Предлогот повикува на целосна забрана на руска содржина, од музика до литература, на улиците, во парковите, јавните институции и државните културни и забавни места. Исто така, се препорачува и приватните установи да ја воведат забраната.

„Рускиот јазик е руско оружје и ние мора да го исправиме тоа“

Во пракса, ова би ги вклучило и старите песни за Одеса, познати низ целиот поранешен Советски Сојуз, а сите книги на руски јазик би морале да се отстранат од полиците на јавните библиотеки. Според постојните правила, тие можат да бидат во библиотеките, но не и на истакнати места.

Адвокатот од Одеса, Артем Карташов, кој ги советуваше локалните власти за програмата за „деколонизација“ на градот, ја поддржува мерката. „Рускиот јазик е руско оружје и ние мора да го исправиме тоа“, рече тој. „Преку музика на руски и друга содржина, Русите се обидуваат да го уништат украинскиот идентитет и да влијаат првенствено на младите, бидејќи тие растат во средина каде што се зборува руски“, додаде тој.

Од друга страна, комичарот Борис Барски, еден од најпознатите забавувачи во Одеса, се спротивставува на идејата. „Рускиот не е само јазикот на Путин, туку е и јазикот на Достоевски и Булгаков“, истакнува тој. „Кој има корист од поттикнување конфликт меѓу луѓето кои ја сакаат Украина подеднакво, само зборуваат различен јазик?

Келнерите, продавачите и лекарите мора да зборуваат украински

Тоа му користи само на Путин“, верува тој. Рускиот претседател Владимир Путин честопати ја наведуваше наводната репресија врз русофонското малцинство како едно од оправдувањата за инвазијата. Рускиот и украинскиот се поврзани, но различни јазици, а многумина во Украина зборуваат мешавина од двата јазика позната како Суржик.

Самиот претседател Володимир Зеленски го има рускиот како мајчин јазик, но од почетокот на руската инвазија, тој зборува исклучиво украински во јавноста. Закон донесен во 2019 година ја наложува употребата на украинскиот јазик во голем број јавни и професионални ситуации, вклучувајќи го образованието, јавните услуги и услужните индустрии.

Според тој закон, вработените во услужната индустрија, како што се келнерите, продавачите или лекарите, прво мора да им се обратат на клиентите на украински јазик и можат да се префрлат на руски јазик ако клиентот го побара тоа. Театарот „Барски маски“ беше казнет за кршење на законот, вклучително и употреба на руски јазик во промотивни материјали и знаци на руски јазик во кафулето на театарот.

„На улиците, рускиот јазик може да биде причина за провокација“

„Ова повеќе не е Орвел или Кафка, ова е чиста лудост“, коментираше Барски. Бидејќи неговиот театар е приватен, Барски би можел да продолжи со претстави на руски јазик. Новиот предлог, сличен на оние што веќе се во сила во Киев и некои други градови, би ги охрабрил, но не би ги обврзал приватните установи како што се продавниците и кафулињата да ја спроведат забраната.

Ана Неруш, комесар за јазик во Одеса задолжена за проверка на извештаите за прекршување на правилата, верува дека предлогот, доколку биде усвоен, ќе изврши притисок врз приватните компании. „Сите компании соработуваат со локалната самоуправа на некаков начин. Тие изнајмуваат простории, им се потребни дозволи за рекламирање и слично. Затоа е важно многумина да ја почитуваат одлуката на советот, дури и ако таа не предвидува казни“, објасни таа.

Таа, исто така, истакна дека забраната нема да се однесува на некој што го слави својот роденден на руски јазик во посебна ресторанска просторија. „Но, на улиците, рускиот јазик може да биде причина за провокација, на пример за поранешни воени заробеници и луѓе што дошле од окупирани територии“, додаде таа.

„Мора да разбереме дека бевме колонија“

Многу руски говорници во Украина се префрлија на украински во последниве години, особено по руската инвазија во 2022 година. Фотографката Наталија Михајленко е една од нив. Во Одеса, таа води тури кои ги истакнуваат неруските елементи од историјата на градот, како што се козачките гробишта кои датираат од пред 1794 година, датумот кога се вели дека руската царица Катерина Велика го основала градот.

Статуата на Катерина Велика беше отстранета од главниот плоштад во Одеса во 2022 година, а улиците беа преименувани во чест на украинските писатели и активисти. „Мора да разбереме дека бевме колонија“, рече Михајленко. „Разбирам дека понекогаш овие закони за јазикот можеби не се демократски, но без нив нема да има нормална Украина во иднина“, додаде таа.

Антропологот Анастасија Пиљавски верува дека ваквите мерки ги тераат руските говорници да се чувствуваат како граѓани од втор ред. „Ова всушност не е прашање на јазик, туку на слобода“, вели таа. „Украина се бори за слобода. Значењето на оваа војна е што не живееме под авторитарно владеење како што нуди Русија.

Професор по физика: Децата не треба да бидат убедени

Кога се појавуваат казни или закани за отпуштање поради прекршување на законите за јазикот, луѓето почнуваат да се прашуваат за што всушност се бориме?“, рече таа. Не е јасно колку поддршка има новиот предлог во советот. На него се спротивставува влијателна група советници поврзани со поранешниот градоначалник Генадиј Труханов. Еден од добро познатите жители на Одеса кој се најде во центарот на јазичната контроверзност е професорот по физика Павло Виктор.

Неговите онлајн предавања ги следат милиони луѓе. Тој беше критикуван за објавување предавања на руски јазик, а подоцна и за тоа што рече дека ќе им зборува на преплашените деца за време на ракетните напади на нивниот префериран јазик. Виктор повикува на смирување на ситуацијата и се залага за постепен пристап.

„Украинизацијата мора да биде учтива и блага. Децата не треба да се убедуваат да се префрлат од руски на украински јазик, туку да се создаде атмосфера во која тие самите ќе сакаат да го сторат тоа. Тоа е најдобриот начин“, верува тој. Тој проценува дека денес околу 10% од жителите на Одеса зборуваат украински на улица. „Но, ако почекаме 50 години, можеби 90% ќе зборуваат украински. Се надевам дека постепено ќе се движиме во таа насока“, заклучи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер