Дафина Стојаноска „На кавга со Иван“

Вечерва, НА КАВГА СО ИВАН гостува Дафина Стојаноска

Вечерва, ден по чествувањето на македонскиот просветител, Св. Климент, е резервиран за една дама од полошкиот регион.

Во 23.00 h. на Канал 5 ТВ во емисијата:

НА КАВГА СО ИВАН

ќе гостува Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ

Зошто нејзините сограѓани, гостиварчани, членови на СДСМ ја нарекуваат Бонева од Али експрес? Точни ли се сите обвинувања за епско ухлебување на нејзиното пошироко семејство?

Што и кој ја просветли во 2006та год. за да го напушти Љубчо и неговата Народна Партија па да премине кај Никола во ВМРО ДПМНЕ?

Кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ и дали конечно некој криминалец “че си одговараа” како што и ветуваше ВМРО-ДПМНЕ додека беше опозиција?

За Таравари да ја прашувам ли?

Дафино…гунчето на момчето , го вратија ли [😉]

ПОНЕДЕЛНИК, ПРАЗНИЧНО ИЗДАНИЕ

НА КАВГА СО ИВАН, 23.00 Канал 5 ТВ

21.30 h. 5CAST, Youtube

#macedonia #kanal5tv #kavga #quarrel_with_Ivan #television #youtube

Осум лица го загубија животот во пожарот во Домот за стари лица во белградската општина Бараево

Осум лица го загубија животот во пожарот што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.

Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета.

„Пожарникарите спасија 13 лица од пожарот, од кои седум беа преземени од Итната медицинска помош, додека на останатите лица им беше овозможено алтернативно сместување“, посочи Чаушиќ.

Тој нагласи и дека натамошна истрага за причините за пожарот ќе спроведе Вишото јавно обвинителство.

Ракометрите на стартот на главната мундијалска фаза утре од 15-30 против Австрија

Македонската ракометна селекција е меѓу 24 најдобри репрезентации на 29 Светски шампионат.

Црвено жолтите со победа, реми и пораз во групата Д против селекциите на Гвинеја, Унгарија и Холандија ја завршија првата фаза на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Пред избраниците на Лазаров е главната мундијалска рунда, која нашиот тим ќе ја игра во за нас среќниот Вараждин во Хрватска.

Пред македонските ракометари се нови три средби. Главната рунда ја стартуваме утре од 15-30 часот против тимот на Австрија, два дена подоцна во истиот термин во Арената Вараждин ќе ги одмерите силите со селекцијата на Катар, а последниот меч во втората рунда го играме во сабота од 20-30 часот против еден од главните фаворити за златото трофејната Франција.

Во трите средби од групата Д македонските ракометри покажаа дека може рамноправно да играат против секој ривал дури и против селекциите од светскиот вврв. Посакуваме во истор светло да ги одиграат и дуелите во главната фаза.

Македонскиот тим предводен од најдобриот стрелец во досегашниот тек на Мундијалот, Филип Кузмановски е подготвен за нови успеси.

ПОЦ: За една недела во Општина Центар „пајакот“ отстранил 132 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар денеска апелираа до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

притисни ентер