Дадилка го тужи познатиот актер и неговата сопруга: Сексуално ме злоставуваа - Канал 5

Дадилка го тужи познатиот актер и неговата сопруга: Сексуално ме злоставуваа

Ѕвездата на серијата „Shameless” актерот Стив Хови и неговата сопруга Сара Шахи и приредиле вистински пекол на поранешната дадилка.

Дадилка го тужи познатиот актер и неговата сопруга: Сексуално ме злоставуваа
Таа поради сето тоа поднела обвинение, а во тужбата навела дека ја малтретирале и понижувале бидејќи е муслиманка, а и се исмевале и поради нејзиното тело и наводно и сексуално ја злоставувале.

Парот, дадилката Сара Алсери ја изнајмил во 2012 година, кога се грижела за нивните три деца, но наскоро сето тоа се претворило во вистински пекол, пишува „TMZ”.

Дадилката изјавила дека актерот и приговарал кога таа би ги почитувала исламските обичаи пред неговите деца. Наводно навредите станале толку чести што Сара не можела да се моли во нивната куќа.

Како што изјавува, сопругата на актерот била “сексуално непримерна“, а и покажувала и фотографии од нејзиниот љубовник.

Поради сето тоа морала да даде отказ, а сега после три години бара огромна парична оштета поради наводниот мобинг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Пет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Нов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. 

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Откако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5.

Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер