Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година
1Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година
3Си-Ен Ен:14 руски шпионски сателити се преместија над американската воена база два дена пред нападите на Иран
БалканДачиќ во посета на МоскваШефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска е во посета на Москва на покана на неговиот руски колега Сергеј Лавров.- Дачиќ и Лавров ќе разговараат за широк спектар прашања од политичката и економската соработка помеѓу Србија и Русија, за косовското прашање, ситуацијата на Балканот и актуелните политички проблеми, соопшти руското МНР. Во соопштението од српското МНР се наведува дека Дачиќ е во Москва по повод денешниот пријателски натпревар на фудбалските репрезентации помеѓу Србија и Русија. Дачиќ и Лавров последен пат се сретнаа во септември минатата година, на маргините на Генералното собрание на Обединети нации во Њујорк. Пред три недели се сретнаа на дипломатски форум во Анталија, Турција, но не одржаа средба. Србија е првата европска земја чија фудбалска репрезентација ќе игра во Русија од почетокот на инвазијата на таа земја врз Украина во февруари 2022 година. Оттогаш Русија одигра пријателски фудбалски натпревари против десетина репрезентации, главно од Азија и Африка. Поради инвазијата на Украина, руските сениорски репрезентации и фудбалски клубови, машки и женски, се суспендирани од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска унија (УЕФА). Србија сè уште одбива да се приклучи на санкциите што Европска Унија ги воведе кон Москва поради нејзината инвазија врз Украина. Белград смета на поддршката од Русија во меѓународните организации и институции кога е во прашање почитувањето на територијалниот интегритет, односно непризнавањето на независноста на Косово. Русија неделава побара да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН на 25 март по повод 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија. Сè уште не се знае дали ќе се одржи седницата. Заедно со белорускиот лидер Александар Лукашенко, српскиот претседател Александар Вучиќ беше единствениот европски шеф на држава или влада кој му ја честиташе победата на рускиот претседател Владимир Путин на минатонеделните избори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата годинаПрашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето на Македонската радио телевизија, говореше за актуелната безбедносна состојба, истрагата за убиството во Чаир и движењето на криминалитетот во првите осум месеци од годинава. Во однос на убиството во Чаир, министерот информираше дека истрагата сè уште е во тек и дека се расчистуваат околностите поврзани со еден од двајцата осомничени, вклучително и прашањето зошто лицето било на слобода во моментот на извршување на делото. Тошковски посочи дека во оваа фаза не може да изнесува дополнителни детали за истрагата и изрази очекување дека осомничените наскоро ќе бидат лишени од слобода. Тој потсети дека и во претходни случаи на најтешки кривични дела осомничените биле обезбедени и против нив биле преземени соодветни мерки. Одговарајќи на прашањето дали граѓаните се безбедни, министерот нагласи дека безбедносната состојба треба да се оценува врз основа на конкретни податоци и споредби, а не само преку поединечни настани. „Прашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Истото не би можеле да го толкуваме надвор од она коешто би требало да бидат бројки, статистика и реалност“, истакна Тошковски. Според податоците што ги презентираше, во периодот од јануари до август 2026 година е забележано намалување на повеќе категории тешки кривични дела во споредба со истиот период минатата година. Бројот на убиства е намален од 19 на 12, односно за околу 37 проценти. Бројот на регистрирани сторители е намален од 26 на 13, додека бројот на жртви е намален од 20 на 12, што претставува намалување од околу 40 проценти. Особено изразено намалување, од приближно 65 проценти, е регистрирано кај обидите за убиство. Разбојништвата се намалени за околу 40 проценти, а тешките кражби за приближно 30 проценти во споредба со истиот период во 2025 година. „Слободно можам да оценам дека имаме намалување на бројот на кривични дела од овој тип на насилен криминалитет. Кога би говореле за разбојништва, имаме намалување за околу 40 проценти, а кога би говореле за тешки кражби, имаме намалување за околу 30 проценти“, посочи министерот. Тошковски оцени дека овие показатели упатуваат на подобрување на безбедносната состојба во делот на насилниот и имотниот криминалитет, но нагласи дека постојат и категории кривични дела кај кои е регистриран пораст. Една од нив е семејното насилство. Министерот посочи дека зголемениот број регистрирани случаи, според неговата процена, е поврзан и со поголемата охрабреност на граѓаните да го пријавуваат овој вид насилство. Во таа насока, го истакна променетиот пристап во постапувањето, наведувајќи дека во Скопје е обезбедена достапност на дежурен судија кој може веднаш да постапува по барањата на Министерството за внатрешни работи. Втората категорија со значителен пораст е кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според министерот, во првите осум месеци од годинава се регистрирани околу 2.200 вакви кривични дела, што е приближно седум пати повеќе во споредба со истиот период минатата година. Тој објасни дека зголемувањето е поврзано со измените на Кривичниот законик, како и со примената на системот „Безбеден град“, кој овозможува поефикасно откривање на ваквите дела. „Го имаме ‘Безбеден град’, којшто ни помага и тоа како во овој дел на детекција на кривичните дела, и заради тоа имаме драстично зголемување на бројот на кривични дела, седум пати повеќе од истиот период лани“, истакна Тошковски. Министерот нагласи дека при оценувањето на криминалитетот, покрај статистичките показатели, неопходно е да се земат предвид и промените во законската рамка и начинот на откривање и регистрирање на кривичните дела.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Од среда до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци .Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, стои во соопштението од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСи-Ен Ен:14 руски шпионски сателити се преместија над американската воена база два дена пред нападите на ИранЧетиринаесет руски шпионски сателити се преместија над американската воена база во Саудиска Арабија два дена пред катастрофалниот напад од страна на Иран анализира Си-Ен Ен . Временскиот распоред и секвенцата на вселенските летала им овозможија пристап до широк спектар на податоци кои, според американските претставници и меѓународните разузнавачки извори, му помогнале на Техеран да спроведе некои од своите најпрецизни напади над американсклите базиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter