Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
2Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
1Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
БалканДачиќ: Уапсени осомничени за обид за убиство на Лука БојовиќПо консултација со обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, на лицата им е одредено задржување, при што со понатамошна работа ќе се утврдува улогата на секое лице и со пријава ќе бидат приведени до надлежното обвинителство.Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полициските службеници на Службата за организиран криминал на УКП вчера уапсиле четири лица, додека по едно лице интензивно се трага, за кое се сомничи дека е припадник на кавачкиот клан, кој следел и подготвувал убиство на Лука Бојовиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Полициски службеници на Службата за борба против организиран криминал на Управата за криминалистичка полиција по интензивна работа на територијата на град Белград попладнето уапсиле четири лица, додека во тек е интензивна потрага по едно лице за кое постои основано сомнение дека како членови на кавачкиот клан, вршеле следење и подготвувале убиство на Лука Бојовиќ, изјави Дачиќ. Како што се наведва во соопштението на српското МВР, при претрес на гаража во Нов Белград, пронајдено е едно возило кое требало да послужи за извршување на ликвидацијата, во чиј багажник при претресот биле пронајдени 10 пиштоли, еден борбен елек и поголема количина муниција. По консултација со обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, на лицата им е одредено задржување, при што со понатамошна работа ќе се утврдува улогата на секое лице и со пријава ќе бидат приведени до надлежното обвинителство. Лишени се од слобода Н. Б. (2004), Г. В. (2000), В. Р. (2004) и Н.Ѓ. (2000), рече министерот Дачиќ. Лука Бојовиќ се врати во Србија во ноември 2022 година, откако отслужи повеќегодишна затворска казна во Шпанија, а оттогаш, во последните шест месеци, полицијата двапати успеа да го спречи неговото убиство. Бојовиќ во 1995 година беше осуден на три месеци затвор за напад на полицаец, но никогаш не ја одлежа казната поради помилување. Тој беше уапсен во 2012 година во Валенсија за убиството на Милан Јуришиќ Јуре, но беше ослободен од таа вина и покрај бројните докази. Меѓутоа, во 2015 година беше осуден на 18 години затвор во Шпанија за фалсификување документи, злосторничко здружување и поседување оружје. Бојовиќ по отслужување на две третини од казната беше пуштен на условна слобода, а во Србија пристигна на 30 ноември 2022 година, каде што е слободен човек. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
АвтомобилизамВо гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)Група американски ентузијасти создадоа автомобил кој ретко се гледа на патот. Тие создадоа возило кое е широко три метри од стар Форд, кое може да достигне брзина поголема од 110 километри на час, објави Аутонет. Кога решија да го преполови стариот Форд Фестива и да го прошират на неверојатни три метри, членовите на американскиот Јутјуб канал Prop Department имаа необична идеја. Сепак, тие не застанаа само на изградба на автомобил кој изгледа сосема поинаку од сè што среќаваме во сообраќајот. Тие исто така успеаја да добијат документација што им овозможува да го возат по јавни патишта. Резултатот е автомобил кој е речиси широк колку што е долг, а неговиот изглед на улиците привлекува огромно внимание. Тие користеа уште три автомобили за конверзијата. Основата на овој необичен проект беше Форд Фестива, мал градски автомобил познат на европскиот пазар како Киа Прајд. За да ја реализираат својата идеја, авторите набавија уште три автомобили што ги користеа за делови. Секој од нив чинеше само неколку стотици долари. Прво, го отстранија ентериерот на возилото, а потоа ја исечоа каросеријата по должина. Дополнителни челични елементи беа инсталирани во просторот помеѓу двете половини, така што структурата ја задржа потребната цврстина. Прилагодувањето на погонскиот систем беше особено тешко. Погонското вратило мораше да се продолжи за повеќе од еден метар за да може моторот да ја пренесува моќноста на тркалата. Промените не го заобиколија ниту ентериерот. Контролната табла и предниот дел од автомобилот беа прилагодени на новата ширина со помош на делови изработени на 3D печатач. Исто така, беа инсталирани дополнителен генератор за напојување, како и систем за климатизација. Има два волани и дури 14 држачи за чаши. Еден од најнеобичните детали се наоѓа во кабината на овој Форд. Автомобилот има два волани поставени пред предните седишта, додека на централната конзола има дури 14 држачи за чаши. И покрај огромната ширина и бројните модификации, возилото е способно да достигне брзина поголема од 110 километри на час. Неговите креатори открија и дека толку широк автомобил може да има практични примени. Благодарение на големиот простор, тој е погоден за транспорт на гломазни предмети, големи купувања, па дури и дрва. Полицијата ги запре, но тие можеа да продолжат да возат Најголемиот предизвик не беше само да се направи автомобил широк три метри, туку да се обезбеди дека на такво возило му е дозволено да учествува во сообраќајот. Имено, ширината на Фордот ги надминува вообичаените дозволени димензии на патничките автомобили. Затоа, неговите креатори мораа да добијат посебни дозволи за вонреден транспорт, како и соодветно осигурување. За време на првото сериозно тестирање, кое траеше два дена, тие поминаа повеќе од 640 километри. Полицијата ги запре неколку пати, проверувајќи ги регистарските таблички, документацијата и начинот на кој толку широко возило се движи по сообраќајната лента. Сепак, откако утврди дека возачите ги имаат потребните документи, полицијата им дозволи да го продолжат своето патување секој пат. Така, автомобилот создаден од стар Форд, и покрај неговите необични димензии, успеа да влезе на јавни патишта во согласност со посебните дозволи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
СветХитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Керопалка.Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу детали, ниту објаснување за необичното име. Постои само информација дека Симеон Сак управува со инвестициската група. 🚨🇵🇪 BREAKING — Hitler Mussolini: Hitler Mussolini Flores elected Mayor of Queropalca, Peru, securing 34.54% of the vote. https://t.co/hchskpwYBI — Pamphlets (@PamphletsY) October 9, 2026 И други политичари со името Хитлер Ова не е прв пат политичар со тоа име да се појави на избори. Во Перу во 2018 година, Хитлер Гесклин Алба Санчез го победи Ленин Владимир Родригез Валверде на изборите за градоначалник на округот Јунгар. „Јас сум добриот Хитлер“, изјави Алба за медиумите за време на кампањата. Во Намибија, од друга страна, Адолф Хитлер Уунона беше избран по петти пат по ред на локалните избори минатата година. „Како дете, тоа име ми изгледаше сосема нормално“, изјави Уунона за Би-Би-Си.Тагови: Мусолини Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаНови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела ВодаГрадоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во градежните активности за доградба на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“. Проектот во моментов се наоѓа во напредна фаза на реализација.Карабината на новата доградба е целосно завршена, поставени се потребните инсталации, а во моментов активно се работи на уредување на внатрешноста на просторот. Новиот училишен простор се простира на околу 560 квадратни метри и опфаќа шест нови училници и современи санитарни јазли. Проектот се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука преку програмата за капитални инвестиции во општините, како дел од успешната и континуирана соработка помеѓу локалната и централната власт. - Доградбата на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ напредува со навистина одлична динамика. Градежните работи на карабината се комплетирани, инсталациите се поставени, а сега фокусот е целосно насочен кон внатрешното уредување на новите простории. Oвој проект е најубав доказ за тоа какви резултати можеме да постигнеме кога постои заедничка визија и силна поддршка од централната власт. Заедно инвестираме во она што е најсуштинско, во подобри услови за настава, во квалитетно образование и во сигурна иднина за нашите деца-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter