Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка, ќе се применува согласно гласањето - Канал 5

Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка, ќе се применува согласно гласањето

 Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, по повод усвоената резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН, изјави дека ќе се применува во согласност со тоа која земја како гласала, бидејќи не е усвоена со консензус.

Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка, ќе се применува согласно гласањето

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, по повод усвоената резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН, изјави дека ќе се применува во согласност со тоа која земја како гласала, бидејќи не е усвоена со консензус, јави дописникот на МИА од Белград.

- Оваа резолуција не е правно обврзувачка, единствената придобивка за оние што ја предложија е што 11 јули ќе биде на агендата и обележана од ОН, изјави Дачиќ.

Тој рече дека никој не ја информирал Србија за тоа што се подготвува и дека е сосема нормално да се разговара за тоа една година, да се бара некакво решение или формулација што би можело да биде прифатливо.

- Ние бевме свесни дека ова ќе биде тешка борба, односно дека тие што ја предлагаат резолуцијата сигурно нема да дозволат да загубат од Србија и нема ни да влегуваат во такво нешто доколку не се сигурни на доволен број гласови, додаде Дачиќ.

Коментирајќи ги резултатите од гласањето и фактот дека предлагачите добија помалку од очекуваните две третини од гласовите, Дачиќ рече дека Србија дури и не целела на оние кои се против да надвладеат над оние кои се за, бидејќи таков е гласачкиот систем, но дека имале за цел бројот на земји кои се против и воздржани да биде поголем од бројот на оние кои се за.

Дачиќ рече дека додека бил министер за надворешни работи разговарал со 73 министри и дека некои земји гласале поинаку од она што го најавиле, наведувајќи ја Гвинеја-Бисао која гласала за резолуцијата.

Кога станува збор за Украина, тој изјави дека мисли оти Германија отворено и се заканила на Украина дека ќе ја прекине воената помош, за да гласа „за“.

- Имате ситуација кога Украина и Молдавија се единствените две земји од поранешниот Советски Сојуз кои гласаа за оваа резолуција. Сите други беа воздржани, а Русија и Белорусија беа против, рече Дачиќ.

Тој оцени дека предлагачите и оние кои гласале за резолуцијата се разочарани од тоа што имало повеќе воздржани и оние кои биле против, додавајќи дека ја потцениле српската дипломатија и силата на Србија.

Посочи дека од земјите што гласале за - 40 биле од Европа и од Запад, а мал дел надвор од Европа.

Претставниците на 84 земји гласаа за резолуцијата, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и која го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, вклучително и сите земји од Квинта, голем број членки на ЕУ и сите поранешни југословенски републики освен Србија.

Против резолуцијата гласаа 19 земји - Србија, Унгарија, Кина, Русија, Белорусија, Куба, Северна Кореја, Сирија, ДР Конго, Никарагва, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Сао Томе и Принципе, Антигва и Барбуда, Комори.

Воздржани беа 68 земји, меѓу кои Грција, Словачка, Кипар, Ерменија, Грузија, Индија, Бразил, Аргентина, Мексико, ОАЕ, Алжир и Ангола. Меѓу земјите кои не гласаа се Израел, Азербејџан, Венецуела и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Обезбеден итен авионски транспорт и континуирана медицинска грижа за млад пациент

Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција.

МЗ: Обезбеден итен авионски транспорт и континуирана медицинска грижа за млад пациент

По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), обезбеден е владин авион со кој пациентот утре ќе биде транспортиран во земјава.

За време на транспортот, пациентот ќе биде придружуван од специјализиран медицински тим од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), при што се обезбедени сите неопходни услови за безбеден медицински транспорт.

По пристигнувањето во Скопје, пациентот ќе биде преземен од тимот за спинална хирургија на Клиниката, каде што веднаш ќе биде хоспитализиран и ќе му биде обезбедено натамошно специјалистичко лекување, медицинска нега и соодветна рехабилитација.

Грижата за здравјето и безбедноста на секој пациент останува наш највисок приоритет. Надлежните институции продолжуваат посветено и координирано да обезбедуваат навремена и соодветна здравствена помош секогаш кога тоа е потребно

МЗ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Струшкиот ракометен турнир е историја на македонскиот спорт, наша обврска е да ја чуваме традицијата!

Министерството за спорт е главен покровител на 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ што ќе се оддржи од12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. 

Ристовски: Струшкиот ракометен турнир е историја на македонскиот спорт, наша обврска е да ја чуваме традицијата!

Струшкиот турнир кој е една од од најпрепознатливите спортски традиции во Македонија, се одржува во организација на РК Струга, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија.

На денешната прес-конференција во најава на турнирот, министерот за спорт Борко Ристовски изрази поддршка и истакна дека Владата на Република Македонија и Министерството за спорт секогаш ќе стојат зад вакви турнири, федерации, клубови и поединци кои што продуцираат нешто што значи историја и традиција.

-Во Струга повеќе од 50 години се организира овој турнир и ние секогаш со задоволство ќе бидеме покровители, поддржувачи и ќе помагаме во било која форма да биде побарано од нас, затоа што Струшкиот турнир навистина претставува историја за македонскиот спорт, историја за ракометот, но и историја на Струга и историја на Македонија. Новото раководство на турнирот и на РК Струга го сочинуваат сериозни луѓе кои навистина вложија многу за да се направи добар турнир, иако времето беше кратко. Верувам дека од следната година турнирот ќе расте, а ќе настојуваме конечно да се реконструира и игралиштето во Струга и овој турнир да прерасне во нешто налик на турнирот во Добој, турнир од полузатворен тип – истакна Ристовски.

Министерот за спорт потсети на важноста на Струга како расадник на ракометни таленти и најави поддршка во продолжувањето на оваа традиција.

-Струга отсекогаш била расадник на таленти во ракометот, Струга и денес промовира спортски вредности и во овие неколку турнирски денови градот живее во духот на спортот. Ние како Влада и Министерство за спорт ги поддржуваме овие проекти кои промовираат нешто што е наша заедничка цел – промоција на позитивни вредности и што е можно повеќе деца на спортските терени. Се надевам дека заедно ќе успееме Струга повторно да биде успешна ракометна приказна и расадник на ракометни таленти – порача Ристовски.

Спортскиот директор на РК Струга и претседателот на организацискиот одбор на Струшкиот турнир, Милчо Чакарески, го најави новото издание на турнирот и упати благодарност за поддршката од Владата и од Министерството за спорт.

-Оваа година не зборуваме само за уште еден спортски настан. Зборуваме за почеток на една нова ракометна ера во градот. Сакам искрено да им се заблагодарам на Владата на Република Македонија, Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, кој го прифати покровителството на овој турнир, на Ракометната федерација на Македонија, како и на сите ракометни клубови кои безрезервно ја прифатија поканата за учество. Благодарност и до спонзорите, волонтерите и сите поединци кои несебично се вклучуваат во организацијата и придонесуваат овој настан да продолжи да живее. Струшкиот ракометен турнир е многу повеќе од неколку натпреварувачки денови. Тоа е заедничка приказна која ја градиме веќе 54 години – истакна Чакарески.

Годинава на Струшкиот турнир ќе настапат шест екипи, поделени во две групи. Во групата А се Вардар, Бутел Скопје и Прилеп, додека во групата Б ќе играат домаќинот Струга, Охрид и српскиот претставник Дубочица од Лесковац.

Во досегашните 53.изданија на турнирот најуспешни учесници се РК Вардар и РК Еурофарм Пелистер, кои имаат освоено по 14 трофеи. Актуелен бранител на титулата е РК Охрид, кој минатата година во финалето го совлада РК Бутел Скопје и за првпат го освои турнирот.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба.

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и неговиот живот е доведен во прашање.

Изворите тврдат дека Хамнеи не се сретнал со ниту еден член на владата по нападот на сад врз комплексот на врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари.во највисоките кругови на иранскиот режим, се шират гласини дека состојбата на Хамнеи е сериозна и дека може да дојде до најлошо сценарио во секој момент.дополнителен повод за шпекулации е фактот што откако го презеде лидерството, Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста ниту одржал официјално обраќање.

Досега биле објавени само неколку пораки што официјалните медиуми му ги припишуваат немузасега нема официјална потврда од иранските власти за овие наводи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер