3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
БалканДачиќ: Никој нема право да ја учи Србија каква надворешна политика ќе водиСрпскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денес изјави дека „никој нема право да ја учи Србија каква надворешна политика ќе води“.Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денес изјави дека „никој нема право да ја учи Србија каква надворешна политика ќе води“, одговарајќи на изјавата на хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, поради која Белград вчера испрати протестна нота до Хрватската амбасада, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ оцени дека и по нотата „Хрватска продолжува да ја советува Србија да се држи до вистинската страна на историјата“ и праша како некој може да се меша во надворешната политика на една земја и како може да важи еден принцип на меѓународното право кога се во прашање Русија и Украина, а друг принцип кога станува збор за Косово. Тој порача дека во Хрватска „систематски се гради однос на омраза кон Србија и српскиот народ“. -Станува збор за постојана кампања. Тие се заинтересирани за се што може да предизвика политичка нестабилност, рече Дачиќ на ТВ Пинк. Шефот на српската дипломатија оцени дека е потребно да се биде „практичен“ и дека во односите меѓу двете земји треба да се утврди кои се проблемите од минатото, како и да се дефинира кои проблеми остануваат нерешени и да се решаваат. Министерството за надворешни работи на Србија вчера упати протестна нота до хрватската амбасада во Белград поради неприфатливите изјави на хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман дека „Вучиќ може да биде трабант и сателит на Русија, но нема да се дозволи влијание на Русите или други малигни влијанија кои би ја нарушиле стабилноста на Западен Балкан“ Шефот на хрватската дипломатија изјави и дека српскиот претседател Александар Вучиќ мора да одлучи на кое столче ќе седне, алудирајќи на неговите обиди да одржува добри односи и со Русија и со Европската унија. Дачиќ остро ја осуди вчерашната изјава на Грлиќ Радман и рече дека никој нема право, а најмалку Хрватска, да дели лекции и брутално да се меша во внатрешните работи на Србија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби останува во куќен притвор до 13 септемвриПоранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август. Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум местаСостојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент, соопшти попладнево директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат – вели Ангелов. Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен и таму ќе биде упатен еден полициски хеликоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода. Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат. Ангелов соопшти дека вчера имало и иницент во прилепско, каде што двајца пожарникари биле физички нападнати. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter