Дачиќ: Нема причини за вонредни парламентарни избори во Србија - Канал 5

Дачиќ: Нема причини за вонредни парламентарни избори во Србија

 Потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека нема причина за распишување вонредни парламентарни избори во Србија.

Дачиќ: Нема причини за вонредни парламентарни избори во Србија

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека нема причина за распишување вонредни парламентарни избори во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

„На Србија и е потребна политичка стабилност и континуиран економски развој. Според мене, нема причина за никакви вонредни парламентарни избори. Владата има стабилно парламентарно мнозинство“, изјави тој за ТВ Пинк.

Тој додаде дека не е поддржувач на никакви вонредни избори, туку само на редовни.

„Никогаш не го криев тоа, не затоа што се плашам од резултатите. Не мислам ни дека разбираат дека ова би можело да биде крај на нивниот сон“, рече Дачиќ.

Студентите во блокада во Белград синоќа објавија дека бараат предвремени парламентарни избори.

„Бараме итно распуштање на Народното собрание и распишување вонредни парламентарни избори во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија“, објавија тие на социјалната мрежа X.

Веруваат дека демократијата е единствениот правилен излез од кризата.

„Ги повикуваме луѓето да ја поддржат листата на која студентите во блокадата на сите високообразовни институции на територијата на Србија ќе ја пренесат својата доверба, за да победи вистината на вагата на правдата“, се наведува во изданието.

Тие, исто така, истакнаа дека корените на корупцијата во владата навлегле премногу длабоко во државните институции, на кои им е спречено независно да ги извршуваат своите должности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Почист воздух за граѓаните со новите гасни централи

„Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа

Хоџа: Почист воздух за граѓаните со новите гасни централи

„Кога зборуваме за зелен пресврт, зборуваме за конкретни промени. Токму затоа се важни инвестициите во нови и поефикасни технологии, особено кога се работи за Скопје и борбата против загадувањето на воздухот“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешното свечено пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на компанијата „ТЕССА Енерџи“ во Скопје.

На настанот, на кој се обратија и премиерот Христијан Мицкоски и претставници на компанијата, беше презентирана првата фаза од инвестицискиот циклус, вредна 2,5 милиони евра. Постројката е опремена со две високоефикасни гасни машини кои истовремено произведуваат 2,1 MW електрична и 2,6 MW топлинска енергија, постигнувајќи вкупна енергетска искористеност до 90%.

Министерот Хоџа нагласи дека инвестицијата на „ТЕССА Енерџи“ покажува колку е важна одговорноста на сите чинители во енергетиката и индустријата за постигнување позитивни промени во животната средина, како и потенцијалот на приватниот сектор за вложување во почисти технологии.

Преку овој систем, отпадната топлина од производството на електрична енергија се пренесува во системот на „Енерџи Еколинк“ и се користи за загревање на водата за околу 500 домаќинства и 14 институции во општините Чаир и Бутел. Воедно, на настанот беше најавена и втората фаза од инвестицијата која предвидува изградба на нова когенеративна електрана со инсталирана моќност од 10,5 MW, со што дополнително ќе се зајакне системот за централно греење и домашното производство на електрична енергија.

„Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа, честитајќи ја успешната реализација на проектот.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поведена постапка за злоупотреби при издавање возачки дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 27 лица како соизвршители во кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик во однос на злоупотреби при издавање возачки дозволи.

Поведена постапка за злоупотреби при издавање возачки дозволи

Една од осомничените е вработена во МВР – Одделение за управни работи Скопје, која се сомничи дека во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени, а во одредени случаи ги отфрлала веќе оформените барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. По извршените измени, барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи со невистинита содржина.

До овој момент, за четири лица е утврдено сомнение дека постапувале како посредници, при што во договор и содејство со вработената во МВР посредувале за незаконско издавање на возачки дозволи. Тие пронаоѓале заинтересирани лица, и ги поврзувале со службеното лице, па ја координирале постапката до незаконското внесување и одобрување на категориите во електронскиот систем и нивно издавање.

Лицата на кои им биле издадени возачките дозволи, иако не ги исполнувале законските услови за соодветните категории, ги започнале постапките со поднесување барања, по што категориите биле незаконски внесени и одобрени во електронскиот систем, а потоа лажните исправи ги употребувале како вистините, па и за нив постојат основи на сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ во соизвршителство.

За вработената во МВР, како и за две лица кои повеќепати ги употребувале лажните дозволи за да управуваат возила во меѓународен превоз на патници и стоки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. За вкупно 17 лица се предложени мерки на претпазливост, додека 7 се недостапни на органите на прогонот до овој момент.

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да го истражува настанот и потенцијална инволвираност на други лица како вработени во МВР, така и посредници и евентуални корисници на вака фалсификуваните документи, како и можни други злоупотреби при издавањето и користењето на возачки дозволи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветаноски: БИНГО од 5,5 милиони евра за организираната криминална група – Мицкоски, граѓаните не се идиоти!

Бинго од 5,5 милиони евра за Мицкоски и неговата организирана криминална група со прославата а за граѓаните празни џебови

Цветаноски: БИНГО од 5,5 милиони евра за организираната криминална група – Мицкоски, граѓаните не се идиоти!

За секој граѓанин, за секое едно македонско семејство и за Македонија, 5,5 милиони евра се огромни пари.

За земјоделецот кој гледа како му пропаѓа родот затоа што нема откуп, тоа се пари за вистинска помош.

За работникот кој чека подобар стандард, тоа се пари што можеле да значат повисока минимална плата.

А за власта на Мицкоски - пет милиони евра народни пари се криминални договори кои скаа да ги сокријат и да ги прикажат како „нула денари“.

Огромни народни пари.

Парите се на граѓаните и граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина.

Да ги видат документите. Да знаат кој ги добил парите, за што се потрошени и каде завршил секој денар.

Мицкоски, граѓаните не се идиоти, не се талог. Должиш одговори:

Кои компании добиле милиони евра и врз основа на кои критериуми?

Како е избрана тричлената комисија во Државната лотарија која одлучувала за изборот на фирмата за прославата?

Претседателот на таа комисија истовремено да се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот.

Биле ангажирани фирми-ќерки кои добиле милиони народни пари.

Провизии. Проценти.

Кога точно е букиран Дејвид Гета? Јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, на 12 мај, власта веќе го најавува настапот на Дејвид Гета. За три дена го договоривте?

Или со Гета сè било претходно договорено, дил уште пред да заврши јавниот повик?

Каде завршија парите од продадените билети?

Каде документите за одлуките, зошто не ги објавите сите?

Ова е огромна проневера на народни пари и уште еден доказ за арамискиот концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

Велат не се пари на граѓаните? Па чиви се?

Велат не се од буџетот туку од државни фирми. Не по шија по врат.

Парите се на граѓаните!

Доста лажете, ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер