Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси
2Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси
3Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
БалканДачиќ: Не сум задоволен од резултатите на изборите, мислам дека СПС треба да најде нов лидерПретседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ синоќа изјави дека не е задоволен од резултатите од изборите и дека е подготвен да ја напушти функцијата доколку се утврди дека на социјалистите им треба нов лидер.-Презедов партија која имаше пет проценти, имавме различни резултати во изминатите 17 години откако јас сум претседател на партијата. Овој резултат е, што се однесува до нас, незадоволителен и со СПС ќе разговарам што е најдобро за партијата. Мислам дека е потребно да се најде нов лидер на СПС, рече Дачиќ во првичниот коментар за резултатите од изборите. Тој им честиташе на Српската напредна партија, на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на претседателот на партијата, Милош Вучевиќ за, како што рече, убедливата победа на сите нивоа и рече дека СПС е подготвена да ја продолжи коалицијата со СНС доколку тие одлучуваат да го направат тоа. Тој нагласи дека е најважно што изборите минаа во мирна и демократска армосфера: -Тоа е важно со оглед на најавите од претходните денови, рече Дачиќ. Лидерот на СПА истакна и дека се подготвени да ја продолжат соработката со СНС на сите нивоа. -Горд сум на се што направивме добро во коалицијата со напредњаците и со претседателот на Србија. Анализата што треба да се направи треба да се искористи за одлуки за идните насоки на СПС. Во таа смисла, подготвен сум да разговарам за нови кадровски решенија, изјави Дачиќ. „Политиката е живот и во сето тоа има подеми и падови“, заклучи Дачиќ, кој не одговараше на новинарски прашања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Њујорк почнува 81. заседание на Генералното собрание на ОНОколу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк.Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН ќе трае од денеска до 28 септември, а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „обнова на довербата, управување со трансформацијата: обединети нации што им служат на сите“. Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.Тагови: Генералното собрание на ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
КошаркаСуперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезонаМЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово ќе се борат за трофејот во натпреварот кој на 26 септември ќе се игра во спортската сала во КумановоНовата натпреварувачка сезона во македонската кошарка официјално ќе биде отворена со натпреварот за Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“. Натпреварот е закажан за сабота, 26 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, а ќе се одигра во Спортската сала во Куманово. Согласно системот на натпреварување, во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија. Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2025/2026 ги освои и шампионската титула и Купот на Македонија, противник на актуелниот шампион во Суперкупот ќе биде МКК Куманово, финалистот во Купот на Македонија. Така, за првиот трофеј во новата сезона ќе се борат: МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ воедно ќе биде и прва официјална пресметка во новата сезона, со што и официјално ќе започне новото поглавје во македонската клупска кошарка.Тагови: Драган Василов – Цевка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процесиДенес во Собранието на Република Македонија беше потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.Соработката е насочена кон унапредување на дигитализацијата на собраниските процеси и развој на решенија засновани на вештачка интелигенција, со цел поефикасно користење на податоците, документите и знаењето со кои располага Собранието. Претседателот Гаши упати благодарност до професорите и тимот на ФИНКИ, до собраниските служби и до сите чинители кои придонесоа за воспоставување на соработката, оценувајќи ја како пример за поврзување на науката, технологијата и институциите во служба на демократијата, ефикасноста и јавниот интерес. Претседателот на Собранието, Африм Гаши истакна дека оваа соработка претставува важен чекор кон модернизација и дигитализација на работните процеси на Собранието, кое располага со значајни податоци, знаења и капацитети. Целта е да се обединат собраниските капацитети за вештачката интелигенција да го најде своето место во работата на Собранието, на одговорен и безбеден начин. Тој додаде дека во рамките на соработката ќе се работи на подготовка, стандардизација и анализа на собраниските документи, стенограмите и аудиовизуелните материјали, со цел тие да можат да се обработуваат и користат со помош на алатки засновани на вештачка интелигенција. Проф. Димитар Трајанов - раководител на проектот Везилка и проф. Петре Ламески - декан на ФИНКИ истакнаа дека партнерството со Собранието претставува можност научното и академското знаење да се поврзе со реалните потреби на една од клучните институции во државата. Тие посочија дека преку проектот „ВЕЗИЛКА“ ќе се работи на развој и примена на современи решенија од областа на вештачката интелигенција, при што посебно значење ќе има подготовката и структурирањето на податоците потребни за нивна ефикасна примена. Примената на новите технологии ќе се одвива со почитување на највисоките стандарди за безбедност и доверливост при обработката и користењето на податоците, со цел помодерно, поефикасно и потранспарентно Собрание, но и конкретен чекор кон остварување на визијата за институција која ја користи технологијата за подобро да им служи на граѓаните. Во рамките на проектот „ВЕЗИЛКА“, чиј носител е ФИНКИ, предвидено е активностите да се реализираат во периодот од април 2026 до март 2029 година.Тагови: ФИНКИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter