СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар
2СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар
БалканДачиќ најави можни санкции на Србија против РусијаМинистерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вчера за првпат навести дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции против Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за Србија да напредува во преговорите за членство во Унијата– Го осудуваме нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и на тој начин гласавме во меѓународните тела. Дали ќе воведеме санкции против Русија е друго прашање. Тоа не е прашање на време или рокови, тоа е прашање што се однесува на нашите политички и економски интереси, изјави тој за Еuractiv Србија. – Доколку нешто се промени на штета на интересите на Србија, тогаш нашата одлука ќе биде соодветно приспособена затоа што во секој момент ќе оценуваме која е најдобрата одлука за нашата економија, за нашата позиција во светот и за граѓаните на Србија, рече Дачиќ. Дачиќ нагласи дека членството во ЕУ е „приоритет за Србија“, но тој исто така ја критикуваше ЕУ поради одолговлекувањето на проширувањето. Српската премиерка Ана Брнабиќ, која синоќа присуствуваше на настанот на промоцијата на Еuractiv Србија во Белград, зборуваше за „руската агресија врз Украина“, формулација која Србија претходно не ја користеше. Таа, исто така, ја пофали ЕУ како најголем инвеститор и донатор во Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Силна ветеринарна професија значи побезбедна храна, поздрави животни и заштитено јавно здравјеДиректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера се обрати на свеченото отворање на 11. Меѓународен научен собир „Денови на ветеринарна медицина 2026“, што се одржува во Струга во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.Во своето обраќање директорот ја истакна клучната улога на ветеринарната професија во заштитата на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје, нагласувајќи дека современите здравствени ризици бараат заеднички и координиран пристап на институциите, науката и ветеринарните професионалци. „Нема јавно здравје без здравје на животните и нема безбедна храна без силна ветеринарна професија. Концептот ‘Едно здравје’ за Агенцијата не е само научен концепт, туку секојдневна обврска“, истакна директорот. Посебно внимание беше посветено на актуелните епидемиолошки и епизоотиолошки предизвици и на потребата од континуиран надзор, навремено препознавање на ризиците, современа лабораториска дијагностика и брза реакција на терен. Во ветеринарната медицина времето е фактор на безбедност. Еден навреме препознаен сомнителен случај, точна дијагноза и брза реакција можат да спречат локален проблем да прерасне во сериозна криза, беше нагласено во обраќањето. Директорот потенцираше дека ветеринарите на терен претставуваат една од првите линии на заштита на јавното здравје. Со спречувањето и контролата на заразните болести тие истовремено ги штитат сточарството и економијата, додека преку контролата на безбедноста на храната и раното препознавање на зоонозите директно придонесуваат за заштита на здравјето на граѓаните. Како еден од приоритетите беше истакнато и натамошното унапредување на ветеринарниот систем во земјава преку зајакнување на надзорот и дијагностичките капацитети, дигитализација, подобра размена на податоци и континуирано стручно усовршување на ветеринарните професионалци. Во таа насока, беше потенцирано стратешкото партнерство меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, особено во поврзувањето на науката со практиката и носењето одлуки засновани на научни докази и процена на ризик. „Вложувањето во ветеринарната медицина не е трошок, туку инвестиција во здравјето, безбедноста и економската стабилност на државата. Нашата цел е да градиме систем кој нема само да реагира на кризите, туку навреме ќе ги препознава и ќе ги спречува ризиците“, порача директорот. На крајот, тој упати благодарност до деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Деан Јанкулоски, до организаторите, научната и академската заедница и до ветеринарните практичари за нивниот придонес во развојот на ветеринарната медицина. Агенцијата за храна и ветеринарство останува посветена на соработката со науката и ветеринарната професија и на унапредувањето на системот за здравствена заштита на животните и безбедност на храната, во функција на заштита на јавното здравје. „Да бидеме чекор пред ризиците, затоа што превенцијата денес значи сигурност утре.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!Пливачките клубови во Скопје повторно немаат каде да работат. Јавните базени се затвораат, се отвораат за камера и повторно се празнат. Децата и спортот чекаат термини што ги нема. Град со повеќе од половина милион жители функционира како пливањето да е луксуз, а не јавна услуга. Мицкоски сечеше ленти. Базенот во Кисела Вода беше пуштен пред камери, со градоначалникот Ѓорѓиевски покрај него, како завршен проект. Потоа објектот заврши под клуч. Нема часови. Нема тренинзи. Има празен бетон што се води како реализација. Клековски во меѓувреме нареди празнење поради комарци. Прво полнат за снимање. Потоа празнат со изговор. Тоа не е управување со спортска инфраструктура. Тоа е доказ дека државата се третира како сцена, а објектот како реквизит. Сè е како Скопје 2014. Зад фасадата - стиропор. Истата логика се гледа кај жичницата на Водно. Три од четири безбедносни сензори не работеле додека се превезувале патници. Носечките и влечните сајли биле под дозволениот минимум. Производителот Допелмаер утврдил ризик гондолата да се откачи. Во Швајцарија поради еден неисправен сензор имало смрт. Кај нас не работеле три. ЈСП претходно уверуваше дека е безбедна. Ѓорѓиевски ја објави опасноста. Не објави кој дозволил жичницата да превезува граѓани во таква состојба, кој потпишал прегледи во 2024 и 2025 година и кој сноси одговорност. Опасноста стана соопштение. Одговорноста остана без име. Како и со водата во Гостивар. Нема одговорни, кривичните пријави стојат во фиока, а градот 10 недели е без извештај за исправноста на водата. Нема документ, нема потпис и печат. Само зборот на арамијата Мицкоски, кој лаже кога ќе прозбори, хиперхлоричарот Тошковски и Келковски, кој од првиот ден на работа во Владата е на екскурзија. Ова е системот околу Мицкоски. Премиер, министер, градоначалник - едниот отвора, другиот затвора, едниот полни, другиот празни, едниот снима од дрон, лепи билборд со коњ со пет нозе и се повлекува кога треба да стави потпис. Вардар и Лепенец се загадени, а проверката оди од воздух. Кој ги загадил - резултат нема. Ѓубрето со месеци стоеше низ градот и по брегот на Вардар. За Ѓорѓиевски тоа не е комунален проблем. Автобусите се најавуваат во круг, тендерот се реобјавува, јавниот превоз останува ист. Градот се рекламира. Не се одржува. СДСМ бара одговорност, не лента. Зошто базенот е затворен откако беше отворен со народни пари? Кој наредил инфраструктурата да се празни наместо да се одржува? Кој дозволил жичница да превезува патници со неисправни сензори? Без тие одговори Скопје не добива спорт, не добива безбедност и не добива град. Добива доказ дека власта работи за кадри и за ПР, а последиците ги остава на граѓаните. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПретседателот на Челзи го продаде својот удел во клубот за 1,3 милијарди евраАмериканскиот бизнисмен Тод Боли повеќе не е претседател ниту сосопственик на Челзи. Тој и неговиот деловен партнер Марк Волтер ги продадоа своите сопственички удели за приближно 1,3 милијарди евра, а купувач е мнозинскиот сопственик, компанијата „Клирлејк“ (Clearlake). Со тоа, Боли и Волтер ставаат крај на својот ангажман во лондонскиот клуб. Боли и Волтер продадоа по 12,8 отсто од акциите, што значи дека „Клирлејк“ презеде нешто повеќе од 25 отсто од сопственоста. Со ова, сопственичкиот удел на американската компанија се зголеми на речиси 88 отсто. Единствениот преостанат малцински сопственик е швајцарскиот филантроп Хансјорг Вис, со удел од 12,8 отсто. Продажбата била реализирана поради длабоки разлики во визијата на раководството на клубот. Според информациите објавени од ESPN пред еден месец, Боли и Волтер влегле во судир со раководството на „Клирлејк“ (Clearlake) околу клучни прашања. Тие немале усогласени ставови за стратешкиот правец на клубот, изборот на тренер, трансферната политика, како и за плановите за реновирање на стадионот „Стемфорд Бриџ“. Конзорциум предводен од „Клирлејк“, Боли, Волтер и Вис го презеде Челзи од Роман Абрамович во мај 2022 година за 5,25 милијарди долари. Рускиот сопственик беше принуден да го продаде клубот поради санкциите од Европската Унија. Иако оттогаш се потрошени повеќе од 1,8 милијарди евра за нови засилувања, спортските резултати не соодветствуваат на вложувањата. Меѓу најголемите успеси во овој период се освојувањето на Конференциската лига и Светското клупско првенство во 2025 година, како и освојувањето на четвртото место во Премиер-лигата во сезоната 2024/2025. Боли поседува удел од една петтина во бејзбол-тимот „Лос Анџелес Доџерс“ и малцински удел во женскиот кошаркарски тим „Лос Анџелес Спаркс“. Неговиот близок соработник, Марк Волтер, минатиот месец го продаде тимот „ЛА Лејкерс“ за 12,5 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00