3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
БалканДачиќ: На денешен ден пред 16 години беше урнат меѓународниот поредокВицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека 17 февруари, кога еднострано беше прогласена независноста на Косово. Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека 17 февруари, кога еднострано беше прогласена независноста на Косово, претставува ден кога е урнат меѓународниот правен поредок, јави дописникот на МИА од Белград. -Денес, 17 февруари, е денот кога беше урнат меѓународниот правен поредок и кога беше официјализирана политиката на двојни стандарди во толкувањето на принципот за заштита на територијалниот интегритет на меѓународно признатите држави, членки на Обединетите нации, изјави Дачиќ. Тој праша и што слави Приштина и на што им честитаат земјите што ја признаа еднострано прогласената независност на Косово, што Народното собрание на Србија го прогласи за правно ништовно. -Тоа е обид за легализирање на вековното етничко чистење на српскиот народ чија држава е создадена на Косово и Метохија. За тоа знаат 109 земји од вкупно 193 членки на ОН кои не го признаа овој едностран и незаконски чин, рече Дачиќ. Според него, Приштина во овие 16 години не успеала да добие меѓународно признание, ниту ќе го добие и покрај огромната поддршка на западните сили и злоупотребата на верскиот муслимански фактор. Тој нагласи дека Србија е посветена на мирот и дијалогот, но дека никогаш нема да ја признае „таканаречената еднострано прогласена независност на Косово“, бранејќи ги на тој начин основните принципи на меѓународното право. -Истовремено, како што ние го почитуваме територијалниот интегритет на сите земји во светот, очекуваме сите да го почитуваат и територијалниот интегритет на Србија, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, додаде шефот на српската дипломатија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00