Дачиќ изјави дека за приемот на Приштина во СЕ нема да се одлучува според правдата и правото - Канал 5

Дачиќ изјави дека за приемот на Приштина во СЕ нема да се одлучува според правдата и правото

„Toa би било првпат во членството да се приклучи субјект кој не е држава“, вели Дачиќ.

Дачиќ изјави дека за приемот на Приштина во СЕ нема да се одлучува според правдата и правото

Министерот за надворешни работи во техничкиот мандат Ивица Дачиќ денеска изјави дека за приемот на Приштина во Советот на Европа (СЕ) нема да се одлучува според правдата и правото, туку по силата, јави дописникот на МИА од Белград.

-Немаме дилеми. Правдата и правата нема да се видат овде. Овде ќе ја гледаме силата – односно дали некој тоа сака на сила да го наметне или не, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Советот на Европа е организација која првенствено треба да се занимава со човековите права и слободи.

- Не може да се каже дека Советот на Европа од самиот почеток не беше политичка организација и дека беше политички обоен сите овие години. Но, сега веќе влегуваме во поле кое ја надминува правната рамка на самиот Совет на Европа, каде што се прекршуваат основните принципи на кои тој функционира, рече Дачиќ.

Тој забележа дека членките на Советот на Европа се држави и дека ова ќе биде првпат „ентитет што не е држава“ да биде примен во членство.

Дачиќ потсети на трите услови за прием на Косово, за кои говореше и Дора Бакојани, известувачот за приемот на Косово во Советот на Европа - уписот на земјиштето на манастирот Високи Дечани во катастарот, прекинот на експропријацијата во српските општини и формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО).

- Се разбира, нема ништо од тоа, бидејќи ЗСО е обврска кон Приштина веќе 11 години. И токму сега, во деновите кога е годишнината од Бриселскиот договор, Парламентарното собрание сега ќе расправа за препораката за прием на Косово во Советот на Европа. Значи, Дора Бакојани се откажа од тие два услова, но некои други земји не се откажаа, рече Дачиќ.

Тој како претседавач на Владата за денеска закажа седница, а ќе се формира тим на чело со него и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој ќе се бори против приемот на Приштина во СЕ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава.

Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија..

ПКК го објави своето распуштање лани во мај, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава..

Турција, Европската унија и Соединетите американски држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,

Зеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната.

Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница.

Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Најмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата.

Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините.

Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер