Дачиќ ги испрати српските пожарникари и хеликоптерот Ка-32 во Македонија - Канал 5

Дачиќ ги испрати српските пожарникари и хеликоптерот Ка-32 во Македонија

-Подготвени сме да помогнеме секаде каде што е потребно, се разбира имајќи ги предвид процедурите и барањата испратени од други земји, рече Дачиќ.

Дачиќ ги испрати српските пожарникари и хеликоптерот Ка-32 во Македонија

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска присуствуваше на испраќањето на припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации на МВР кои полетаа за Македонија со противпожарен хеликоптер Камов Ка-32 за да помогнат во гаснењето на шумски пожар, јави дописникот на МИА од Белград.

-Подготвени сме да помогнеме секаде каде што е потребно, се разбира имајќи ги предвид процедурите и барањата испратени од други земји, рече Дачиќ.

Тој додаде дека властите на Македонија се запознаени со способностите и капацитетите на Србија кога станува збор за пожари и дека го барале токму противпожарниот хеликоптер Камов Ка-32 бидејќи може да носи пет тони вода.

-Се разбира дека нашите единици на Секторот за вонредни состојби заминуваат заедно со Хеликоптерската единица, бидејќи во овој случај дејствуваат заедно, рече Дачиќ.

Тој нагласи дека во вакви ситуации се реагира само доколку има барање за помош.

-Не станува збор само за хеликоптер, овој хеликоптер ќе биде распореден во Македонија со седум членови на екипажот, рече Дачиќ.

Министерот потсети дека Србија е дел од Европскиот механизам за цивилна заштита, кој е формиран за поддршка на напорите за спречување катастрофи и зајакнување на подготвеноста на единиците за цивилна заштита да дејствуваат на национално, регионално и локално ниво.

Тој додаде дека припадниците на Секторот за вонредни ситуации, како и на Хеликоптерската единица, во минатото им помагале на други земји во операциите за гаснење пожари, како и во некои други вонредни ситуации.

Командантот на Хеликоптерската единица на МВР, Ненад Недиќ нагласи дека противпожарниот хеликоптер Камов Ка-32 од руско производство за прв пат се испраќа надвор од границите на Србија.

Хеликоптерската единица на МВР поседува два хеликоптери Ка-32, кои се препознатливи по коаксијалниот ротор. Во Србија пристигнаа лани во две варијанти.

Моделот што е испратен во Македонија носи противпожарно ведро, а другата варијанта го има системот SP 32, кој се состои од суспендиран резервоар со капацитет од четири тони и воден топ што се користи за хоризонтално гаснење пожар.

Началникот на Одделението за вонредни состојби, Лука Чаушиќ изјави дека припадници на МВР на Србија ќе бидат ангажирани во гаснењето на пожарите на планината Серта во загрозената област во општините Неготино, Конче и Штип.

Владата на Македонија претходно прогласи кризна состојба поради големиот број пожари, а беше одлучено кризната состојба да трае 30 дена поради топлотниот бран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и  се одвива во најдобар ред

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во Полска

Македонскиот карате репрезентативец во кадетска конкуренција Марко Џорлев го освои златниот медал на Светското првенство во Полска, триумфирајќи во финалето со 4-1 против унгарецот Адам Баги.

Марко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во Полска

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21, кое се одржува во Бјелско-Бјала, Полска, откако во финалната борба во кадетската конкуренција до 63 килограми го совлада Адам Баги од Унгарија со 4-1.

Со сигурен настап, одлична тактичка подготвеност и контрола врз финалната борба, Џорлев го потврди својот квалитет и го заокружи настапот на светскиот шампионат на најдобар можен начин. Овој резултат претставува исклучително достигнување за младиот македонски репрезентативец и значаен успех за македонското карате на меѓународната сцена.

Пет победи до светскиот врв

Патот до светската титула беше исполнет со одлични настапи. Џорлев забележа пет победи, совладувајќи ги сите противници со убедливи резултати.

Во почетните фази од натпреварувањето, македонскиот каратист беше поуспешен од Алехандро Перез од Куба со 10-6, Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6-1 и Леонс Акоповс од Латвија со 6-0.

Во полуфиналето следуваше уште една доминантна изведба, во која Џорлев го совлада Јан Мата од Панама со 8-0, обезбедувајќи пласман во големото финале. Таму, со победата од 4-1 над унгарскиот претставник Адам Баги, македонскиот репрезентативец го потврди својот статус на најдобар во светот во својата возрасна и тежинска категорија.

Резултати на Марко Џорлев – кадети, -63 кг:

Марко Џорлев – Алехандро Перез (Куба) 10-6

Марко Џорлев – Хозе Андрес Гарсија (Гвајана) 6-1

Марко Џорлев – Леонс Акоповс (Латвија) 6-0

Полуфинале: Марко Џорлев – Јан Мата (Панама) 8-0

Финале: Марко Џорлев – Адам Баги (Унгарија) 4-1

Успех зад кој стојат континуитет и квалитетна подготовка

Светската титула е продолжение на одличната натпреварувачка година за Џорлев. Тој претходно го освои златниот медал на натпревар од Светската младинска лига на Светската карате федерација (WKF) во Пореч, а на Европското првенство го освои петтото место. Неговите резултати го позиционираа и на врвот на светската ранг-листа во неговата категорија.

Зад овој успех стојат посветената работа, натпреварувачкиот напредок и искуството стекнато на меѓународните турнири. Со триумфот во Полска, Џорлев направи уште еден голем чекор во својата спортска кариера и испрати силна порака за потенцијалот на младата македонска карате-генерација.

Важна улога на ова светско првенство одигра и неговиот селектор Дејан Ристески

Посебно значајна улога во настапот на македонскиот репрезентативец има селекторот во борби за кадети Дејан Ристески, кој ја предводеше македонската кадетска репрезентација во борби на ова светско првенство и го следеше Џорлев во овој важен натпреварувачки предизвик.

Настапот на најголемата светска младинска сцена бара не само физичка и техничка подготвеност, туку и тактичка зрелост, концентрација и правилен пристап кон секоја борба. Освојувањето на златниот медал е големо признание за самиот натпреварувач, но и значаен момент за стручниот тим што ја подготвува и ја води македонската репрезентација на меѓународните натпреварувања.

Успехот на Џорлев претставува силен поттик за сите македонски каратисти кои настапуваат на шампионатот и потврда дека македонските спортисти можат да се борат за највисоките одличја и во најсилната светска конкуренција.

Македонската репрезентација продолжува со настапите

Светското првенство во Бјелско-Бјала собра 2.022 каратисти, со вкупно 1.970 натпреварувачки влезови, од 114 држави, што дополнително ја нагласува тежината на постигнатиот резултат.

Македонските репрезентативци продолжуваат со своите настапи, а вниманието е насочено и кон Реџеп Рушити, кој во конкуренцијата до 21 година, во категоријата до 84 килограми, ќе се бори за бронзениот медал.

Златото на Марко Џорлев е голем ден за македонското карате и потврда дека со посветена работа, квалитетна подготовка и вистински натпреварувачки пристап може да се стигне до светскиот врв.

Честитки до Марко Џорлев за историскиот успех, до селекторот Дејан Ристески и до сите членови на македонската репрезентација кои ја претставуваат државата на ова големо натпреварување.

Огромен придонес во развојот и подготовката на Џорлев секако имаат и неговите клупски тренери Сашко и Жарко Арсовски, кои со својата долгогодишна работа придонесуваат за напредокот на младите каратисти и за постигнувањето значајни резултати на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер