Дачиќ: Без ЗСО нема дискусија за француско-германскиот план - Канал 5

Дачиќ: Без ЗСО нема дискусија за француско-германскиот план

Никогаш не сме го прифатиле Охридскиот договор во целина. Претседателот Вучиќ рече дека на Косово и Метохија прво треба да се формира ЗСО, а потоа да разговараме за се.

Дачиќ: Без ЗСО нема дискусија за француско-германскиот план

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека нема да има дискусија за спроведување на француско-германскиот план додека не се формира Заедницата на српските општини на Косово.

Дачиќ, кој е носител на изборната листа „Ивица Дачиќ-премиер“, во интервју за агенцијата Бета изјави дека Србија никогаш нема да го признае независно Косово и дека се надева дека француско-германскиот план нема да стане дел од Поглавје 35 преговори со Европската Унија.

Тој рече дека СПС е патриотска партија, а на прашањето дали како патриотизам размислува да ги потпише договорите од Брисел или Вашингтон или да ги прифати француско-германскиот план и договорот Охридски патоказ, Дачиќ рече дека главната цел на властите во Белград е дека „нема признавање на независноста на Косово и членство во Обединетите нации“.

Тој додаде дека „15 години по самопрогласената независност, Косово не успеало да ја потврди својата независност.

-Никогаш не сме го прифатиле Охридскиот договор во целина. Претседателот Вучиќ рече дека на Косово и Метохија прво треба да се формира ЗСО, а потоа да разговараме за се, посочи Дачиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

притисни ентер