Дачија прва нуди хибрид на плин со дострел до 1450 километри - Канал 5

Дачија прва нуди хибрид на плин со дострел до 1450 километри

Dacia го објави отворањето на нарачките за новиот Bigster mild hybrid G-140.

Дачија прва нуди хибрид на плин со дострел до 1450 километри

Тоа е првото возило на пазарот кое комбинира хибриден погон со можност за работа на бензин и течен нафтен гас.

Новиот Bigster mild hybrid G-140 претставува единствена понуда на пазарот на SUV возила во C-сегментот и ги комбинира сите потребни карактеристики што клиентите ги очекуваат од Дачија како бренд со „најдобар сооднос вредност-цена“.

Револуционерен погонски склоп

Со овој модел, Dacia направи значаен чекор со воведување на погонски склоп кој комбинира технологија со двојно гориво со 48V mild hybrid систем. Хибридниот систем го поддржува 1,2-литарскиот турбополнет трицилиндричен мотор, без оглед на тоа дали работи на бензин или гас, за време на стартување и забрзување, што го подобрува задоволството и ефикасноста при возење.

Mild hybrid моторот G-140 може да работи на бензин или течен нафтен гас (LPG), при што секој тип на гориво има свој резервоар. Префрлувањето помеѓу горивата се врши едноставно со притискање на копче на контролната табла.

Еколошки и економски предности

Кога работи на бензин, Bigster mild hybrid G-140 испушта во просек 10 проценти помалку CO2 од еквивалентен нехибриден бензински мотор. Со два резервоари со вкупен капацитет од 100 литри (50 литри бензин и 50 литри гас), возилото може да помине до 1.450 километри.

Резервоарот за гориво се наоѓа под подот на багажникот и не влијае на употребливиот простор за товар. Намалувањето на емисиите на CO2 се одразува и во поповолното оданочување на возилата.

Цена и достапност

Bigster mild hybrid G-140 во Франција и остатокот од Европа, е достапен во „Essential“ опрема по иста цена како и стандардниот Bigster mild hybrid 140.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Ненадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово,  предизвика големи штети во непалскиот округ Горка.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации.

Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче.

Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи.

Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

 Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти  портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар.

„Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка.

Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP).

Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер