Да се зголеми поддршката за бизнисот преку МБПР, бараат компаниите - Канал 5

Да се зголеми поддршката за бизнисот преку МБПР, бараат компаниите

Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) во следните пет години да ја зголеми капиталната база од постоечките 20 милиони евра на 60 милиони, да ја прошири палетата на услуги и да посвети внимание на кадровско зајакнување, бара Стопанската комора на Македонија.

Да се зголеми поддршката за бизнисот преку МБПР, бараат компаниите
Како што соопшти извршната директорка Јелисавета Георгиева, овие и уште неколку предлози кои компаниите ги подготвуваа подолго време, а чија реализација е предвидена на среден рок, денеска ќе бидат доставени до Владата.

- Ја охрабруваме Владата од идната година да почне со значајна буџетска подршка за континуирано докапитализирање на Банката. Цениме дека МБПР може и треба да има поголем обем на финансиски услуги за крајните корисници со единствена цел - поддршка на домашните компании и на извозот, истакна Георгиевска на прес-конференција.

Според неа, докапитализацијата на МБПР е приоритетно прашање на кое во изминатиот период Комората постојано инсистираше но, во Националната програма на економски реформи за 2015 година тоа не е предвидено.

- Стопанската комора на Македонија оценува дека постојниот капитал на МБПР е мал и недоволен за да може да одговори на успешно извршување на поставените законски обврски, како и на идните обврски што ги планира Владата и што ги очекува стопанството од неа: кредитирање инфраструктурни проекти, проекти за рамномерен регионален развој, споделување на ризикот кај кредитирање на поголемите проекти, гаранции за учество на покрупни меѓународни тендери, за добро извршување на работите, за поврат на аванс и за отстранување недостатоци во гарантен рок, поголемо вклучување во делот на кредитното осигурување и кај извозните побарувања од комерцијални и политички ризици, посочи Георгиевска.

Покрај докапитализацијата со средства од Буџетот, Комората смета дека во надлежност на МБПР како финансиска институција треба да се предвидат и одредени облици на државната помош (субвенции) пред се за инфарструктурни проекти на локално ниво, отпишување или преземање долгови, изземање, намалување или одлагање на плаќање на јавни давачки, како и продолжување проекти за доделување кредити под поволни услови.

За реализирање на ваквите барања, Стопанската комора, најави извршната директорка, ќе достави и иницијативи за измени на соодветните законски решенија.

На прес-конференцијата Георгиевска неколку пати повтори дека Комората има одлична соработка со Македонската банка за поддршка на развојот и дека МБПР одиграла и се уште игра клучна улога во поддршката на македонското стопанство, но потребата од повеќе средства за економијата, рече, е неминовна и како пример ја посочи Хрватска, чија Развојна банка располага со 1,4 милијарди евра.

- Посебно треба да се подвлече улогата на Банката во успешната реализацијата на проектот на Владата за кредитот од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во сите досегашни четири фази. Од ЕИБ 4 деновиве треба да се пушти нова транша од 6,8 милиони евра за реализација на 60 проекти и можност за отворање 100 работни места, а до крајот на годината на домашните компании им стојат на располагање уште 30 милиони евра, напомена Герогиевска, додавајќи дека од државниот буџет годишно се обезбедуваат околу 200-350 илјади евра за субвенционирање на каматата.

Од досега поддржаните проекти преку МБПР, отворени се 6.000 нови работни места.

Банката континуирано го развива и делот на кредитното осигурување и прва почна со примена на факторингот како нова финансиска услуга.

Одговорајќи на новинарски прашања, Георгиевска укажа и дека дел од услугите што ги обезбедува МБПР не се искористени од страна на компаниите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер