3Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
МакедонијаДа се воспостави централизиран и транспрентен систем на податоци за следење на државната помошЧас поскоро да се воспостави централизиран и транспрентен систем на податоци за следење на државната помош, оти во моментов не се знае дали овие пари се ефикасно искористени.Час поскоро да се воспостави централизиран и транспрентен систем на податоци за следење на државната помош, оти во моментов не се знае дали овие пари се ефикасно искористени, ниту пак, кој ја добива, колку добива и со каква цел – ова е заклучокот од панел дискусијата посветена на управувањето со државната помош во земјите од Западен Балкан... Недостигот на податоци оневозможува детално да се креираат идните политики, оценува извршената диркеторка на Фајненс тинк Благица Петрески, посочувајќи дека не е значјано смао колку средства се издовјуваат како државна помош туку и дали истите тие ефикасно се потрошени. Дополнително поради немањето систематизирани анализи не може да се утврдат вкупните ефекти од доделената државна помош врз економијата.... „Не е значајно само колку средства се извдвојуваат во државна помош, многу позначајно е дали овие средства кој што се извдојуваат се ефективно потрошени. Тоа значи дека ако вие креирате одредена програма таа програма трееба да придонесе кон побрз економски раззвој, кон повисока конкурентност, повеќе инвестиции се со цел да имаме побрза конврегенција коне оние траргети кои ги имаме како земји...“ - Благица Петрески - Finance Think. Според податоците на Комисијата за заштита од конкуренција, државната помош во 2023 година изнесувала 206 милиони евра или околу 1,5% од БДП, додека во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52% од БДП, што, и според министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, ја нагласува потребата од високо ниво на отчетност и транспарентност, и токму во таа насока најави дека како Влада рабтоата на воведување на централизиран систем... „Централизиран и транспарентен систем би овозможил подобра анализа, подобра координација меѓу институциите и поефикасно планирање на ресурсите...Транспарентноста не е формалност туку предуслов за доверба и рационало управување со јавните финансии. Токму во таа насока Владата работи на воведување на систем кој централизирано ќе ги евиндетира сите трошоци...“ - Горадана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии. Како што беше истканато на панелот во период од 2017 до 2024 година, и во Македонија и кај земјите од регионот, државната помош речиси и била дуплирана за време на ковид кризата. Конретно за земјава податоците покажуваат дека низ годините наназад најголема е поддршката која се дава во земјоделието, а потоа следи помошта за компаниите која се дава за инвестиции во делот на конкурентност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за ГренландЕвропската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук. Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДеветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемијаУчениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.Тагови: дигитални учебници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаВозач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријаваНа 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: светиниколско Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07