Да се подигне свеста за „афазија“ - состојба која вклучува проблеми со говорот - Канал 5

Да се подигне свеста за „афазија“ - состојба која вклучува проблеми со говорот

Да се подигне свеста за „афазија“ -  состојба која вклучува проблеми со говорот, по мозочен удар или повреда на главата.

Да се подигне свеста за „афазија“ -  состојба која вклучува проблеми со говорот

Да се подигне свеста за „афазија“ - состојба која вклучува проблеми со говорот, по мозочен удар или повреда на главата, но и матичните лекари да ги упатуваат пациентите во центарот кој им нуди здравствена услуга, бараат од Државниот центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација..Афазија може да биде дијагностицирана и кај деца, кои имале вирус кој ги напаѓа нервите или тешка повреда на главата....

„Течни ми се мислите, но зборовите од уста не излегуваат...“ Вака се чувствуваат дел од пациентите што по мозочен удар имаат афазија, последователна состојба која меѓудругото вклучува нарушување на говорот. Многумина од лицата кои ќе доживеат мозочен удар, или силна повреда на главата, не знаат дека има државна институција во која можат да добијат стручна помош, а тоа е Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, или по стар назив Завод за слух, говор и глас, лоциран кај државните клиники, вели Директорката Нермин Теловска. Таа алармира за подигнување на свеста и кај граѓаните, но кај лекарската фела.

Не само возрасни, афазија имаат и деца. Таа може да биде последица од инфекции кои ги напаѓаат нервите, на пример по каснување од комарци кои се пренoсители на вируси, но и силен удар на главата.

Од Здружението „Хоуп“ чија претседателка имала два мозочни удари и има афазија, велат дека ако е одземена способноста за течен говор, не значи дека е одземена и надежда. Од таму велат дека и семејствата на лицата со афазија треба да знаат дека вообичаено интелектот на нивните блиски не е засегнат.

Афазијата е предизвикана од оштетување во делот од мозокот кој го контролира изразувањето и разбирањето. Лицето со афазија може да има проблеми со зборувањето, читањето или пишувањето, а некогаш и разбирањето. Во Македонија се проценува дека со афазија живеат од 5.000 до 10.000 лица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер