Д-р Весела Христовска – жената која ја доби животната битка за да биде мајка-хероина и лидер во здравството - Канал 5

Д-р Весела Христовска – жената која ја доби животната битка за да биде мајка-хероина и лидер во здравството

Таа е врвен лекар и медицински феномен, пожртвувана мајка на близначиња и една од најуспешните жени во македонското здравство. 

Д-р Весела Христовска – жената која ја доби животната битка за да биде мајка-хероина и лидер во здравството

Како раководител на ПЗУ „Водњанска“, д-р Весела Христовска денес е симбол на професионален триумф и величествена победа на животната волја, објави магазинот Гламур.

д-р Весела Христовска сведочи за приказна за два света кои се судрија во еден миг. Додека, од една страна, е врвна професионалка, успешна и амбициозна лекарка која денес успешно менаџира со еден од најпрестижните здравствени центри во Скопје – ПЗУ „Водњанска“, од друга страна е мајката-хероина која во најчувствителниот момент, веднаш по породувањето, се соочи со суров мозочен удар и застрашувачка афазија.

Но, да почнеме вака: Животот понекогаш пишува сценарија кои ниту најдобриот медицински учебник не може да ги предвиди. Замислете го моментот на најголемата среќа, раѓањето на две близначиња, како наеднаш се претвора во најстрашна тишина. Д-р Весела Христовска, жена на која белиот мантил ѝ е вокација, се соочи со парадокс кој го крши срцето, во мигот кога требаше да им ги каже првите зборови на своите близначиња, таа го изгуби гласот.

По тешкиот мозочен удар и борбата со афазијата, оваа храбра докторка и мајка мораше повторно да научи да чекори и да зборува, докажувајќи дека љубовта е единствената терапија за која нема замена.

Ова е нејзината приказна за чудата кои се случуваат кога мајчинството ќе стане посилно од статистиката.

Докторка сте на која медицината не ѝ е само професија туку и пасија, но животот ви приреди сценарио каде токму Вие станавте пациент во најчувствителниот миг. Што беше пострашно во тој миг – медицинското знаење кое прецизно Ви ги сервираше можните последици од мозочниот удар или немоќта на мајката која штотуку донела две близначиња на свет?

– Медицината отсекогаш била моја пасија, но во еден момент таа стана мојата лична борба. За време на породувањето доживеав мозочен удар со крварење од 5,3 см. Тоа беа мигови кога прашањето не беше каков лекар сум, туку дали ќе преживеам. Тогаш сфатив дека знаењето не нè штити од болката, само нè прави посвесни колку е сè кревко.

За еден доктор, зборот е средство за лекување, но за една мајка, зборот е единствениот начин да го утеши своето дете. Како се справувавте со тој застрашувачки парадокс, во мигот кога требаше да им ги кажете првите нежни зборови на своите близначиња, вие бевте заробена во сопствената тишина? Дали во тие моменти погледот на вашите деца ви беше само мотивација, или беше суров потсетник дека немате право на предавање сè додека не го слушнат вашиот глас?

– Како доктор знаев што значи сето тоа, но како мајка – се распаѓав. Два часа по породувањето, кога маж ми ми кажа дека имам мозочен удар, плачев и се молев. Но најтешкото дојде потоа – кога зборовите почнаа да исчезнуваат. Имав афазија. Јас, која цел живот сум зборувала, одеднаш не можев да кажам ни наједноставна мисла. Тоа беше тишина што боли.

Како изгледаше тој процес на повторно учење – да зборувате, да чекорите, да бидете присутна – додека истовремено моравте да бидете мајка на две бебиња?

– Поминав 20 дена во болница, не учејќи само како да се опоравам физички, туку и како повторно да зборувам. Да се бориш за секој збор, додека во срцето носиш илјада неискажани емоции – тоа е чувство што тешко се опишува. Но љубовта кон моите деца ми беше причина да не се откажам.

Која беше гласната порака која си ја испраќавте себеси во деновите кога телото не Ве слушаше?

– Во деновите кога телото не ме слушаше, си повторував дека морам да издржам. Не поради мене, туку поради нив. Имаше моменти кога единственото што можев да го направам беше да се молам и да верувам дека оваа борба има смисла.

Во медицината често зборуваме за статистика и веројатност, но во четирите ѕидови на болничката соба, статистиката не вреди ништо. Како се справувавте со тие моменти на депресија или гнев, кога знаењето ви велеше дека патот е долг, а срцето ви велеше дека ви требаат децата веднаш?

– Во тие 20 дена, статистиката не значеше ништо. Таму, во болничката соба, постоеше само неизвесност. Разумот знаеше колку е сериозно, но срцето одбиваше да се предаде. И јас избрав да верувам – дури и кога беше најтешко.

Дали во тој период на присилна изолација и неможност да комуницирате со светот, успеавте да изградите еден нов, внатрешен дијалог со себе? Што научи Весела за својата суштина тогаш кога сите титули, социјални маски и зборови исчезнаа, а остана само голата волја за опстанок?

– Тишината во која се најдов не беше само околу мене, беше и во мене. Афазијата ме натера да живеам без зборови, но таму научив дека силата не секогаш доаѓа преку гласот. Понекогаш доаѓа преку тишината, преку трпението и вербата.

Денес успешно раководите со ПЗУ „Водњанска“ во Скопје. Колку Вашето лично искуство како некој кој поминал низ тешка здравствена голгота го промени вашиот однос со пациентите? Дали денес, покрај медицинската помош, им ја подарувате и надежта дека чудата се можни со силна волја?

– Денес, како лекар,гледам поинаку на пациентите. Не гледам само дијагнози – гледам луѓе кои се борат, исто како што се борев јас. Моето искуство ме научи дека надежта е дел од лекувањето.

По сè што поминавте, од тешката борба за сопственото здравје до подигањето на две деца, на што денес д-р Весела Христовска најцврсто му вели „НЕ“, а на кои вредности во животот сега им велите едно големо „ДА“?

– Денес многу полесно велам ‘не’ на сè што ме троши, а ‘да’ на она што ми дава живот – моите деца,мојот маж, моето здравје, моето семејство. Научив што е навистина важно.

Вашата приказна е светилник за многу жени. Што би и порачале на онаа мајка која во моментов се соочува со сериозен здравствен предизвик и се плаши дека нема да ја има силата да биде тука за своите деца?

– На секоја мајка што минува низ тежок период би ѝ рекла: има сила во тебе и кога мислиш дека ја нема. Доволно е да направиш еден мал чекор. Љубовта кон децата ќе те води понатаму.

Што е за Вас денес вистинската дефиниција за „чудо“?

– За мене, чудо е тоа што сум тука денес. Чудо е секој напредок, иако бавен. Мојата десна рака сè уште се опоравува, но секој мал чекор е победа. Чудо е вербата дека Бог прави чуда, а ние треба да имаме трпение, надеж и љубов. Мајчинството е мојата најголема сила во таа борба. А кога имаш за кого да се бориш – веќе си на половина пат до победата.

Извор: „Гламур“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби.

Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.

Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци.

Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан.

Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство.

Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон.

Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото.

Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка‘ а.д. Белград: Исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник

Откако Народната банка на Србија ноќеска  ѝ ја одзеде дозволата за работа и беше отворена постапка за стечај, Алта банка потврди дека исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник.

АЛТА банка‘ а.д. Белград: Исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник

„Алта банка“ денес издаде соопштение, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа, во кое ја информира јавноста дека е отворена постапка за стечај.

„Ја информираме јавноста дека, во согласност со важечките законски прописи и одлуките на надлежните регулаторни органи, отворена е постапка за стечај над ’АЛТА банка‘ а.д. Белград. Ја користиме оваа прилика да изразиме искрена благодарност до сите наши клиенти, депоненти, деловни партнери и соработници за нивната доверба, поддршка и успешна соработка во текот на годините на работење.“

„Горди сме на резултатите што ги постигнавме заедно, на односите што ги изградивме со нашите клиенти, како и на придонесот што го дадовме за развојот на економијата и финансискиот пазар. Сите надлежни институции и органи за стечај преземаат неопходни чекори за заштита на интересите на депонентите и доверителите, како и за спроведување на понатамошните правни постапки, во согласност со прописите на Република Србија. Навремени и официјални информации за понатамошниот тек на постапката, вклучително и информации за начинот и роковите за остварување на правата на клиентите и доверителите, ќе бидат објавени преку официјалните канали за комуникација. Уште еднаш им благодариме на сите клиенти, вработени, партнери и соработници за довербата и поддршката што ги покажаа низ годините“, се наведува во соопштението на банката.

Како одговор на прашањето од N1, Алта банка наведе дека исплатата на осигурените депозити започнува во понеделник, во согласност со процедурите и упатствата на надлежните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер